- Член од
- 2 август 2008
- Мислења
- 743
- Поени од реакции
- 460
Случајот во Прилеп не знам дали видовте на вестите... едно мало детенце си ја скршило раката,му ставиле гипс,останало да полежи на болница,цело време плачело и се жалело на болки од гипсот,ниеден лекар не сакал да го прегледа иако сите виделе дека раката во гипсот му е плава и отечена,дека кожата се собира.Резултат-лошо била наместена раката.Детенцето ја загуби раката заради мрзата на лекарите да го прегледаат,морале да му ја пресечат да не умре.Плукам по нивните дипломи,плукам по дипломите на сите лекариЧукни во дрво и поплукај си во пазувите викаат старите...да не ти притреба доктор. Инаку не е за се така. За рутински прегледи и рутински операции - ДА. Ама има милион примери кои со стотици илјади евра на сметка, губеле драги личности.
Друг случај.Пред 10 години на брат ми во Брза Помош главната докторка нареди да му стават венска инекција во бутот.Плачел два сати не можеле да го допрат никаде.Докторката уште му рекла:Ај доста да не те натепам.Мајка ми со плачење го зела дома.Се смирил и бил ок.Вечерта се јавила кај вујко ми главен интернист во државната болница.МУ кажала дека од обична инекција брат ми имал ужасни болки.И рекол да одиш в црква и да запалиш свеќа затоа што детето ти останало живо- му ставила венска инекција во бутот а од тоа се умира.Утредента истатата докторка ја избркаа од работа под влијание на вујко ми-значи мораш да имаш некој за правда да ти се направи.И рекле дека детето умрело за да го носи на совест цел живот и ја преместиле во некое село.Денес истата докторка е главен анестезиолог на државната болница.А што ако брат ми умреше?Не сакам да помислам на тоа.По неколку години ја видела мајка ми и ја познала на болница и имала храброст да и речи :TИ немаш умрено дете ? (бидејќи знаела дека е умрено) Мајка ми и влепила шамар и си заминала!