Зборови кои нервираат

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Кога се употребува некој странски збор а има соодветен Македонски збор и навистина нема некоја потреба за тоа (има потреба на пример ког не се сака да се користи ист збор во една реченица).

кључ, ваљда... скоро се со љ (освен тие основните што звучат како што треба н.п. љубов)

сите зборови што не се приспособуваат соодветно на стандардниот македонски јазик. (говорам за премин од дијалект во стандард).

Некои скопски сленг зборови... истите што се наведени под цел под-форум. Можеби ова има нешто со генерациска разлика. Не ми пречат до толку, бидејки знам дека треба да се преобразува јазикот но сепак... не сум од Скопје де. :)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.755
Поени од реакции
43.944
искачам,сичко,свиѓа,највеќе,топ...:jaj:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
261
Поени од реакции
28
ок дефинитивно :nesvest:
Бидејќи ОК = ај откачи се = досаден си = не замарај = не ме интересира... :jaj:

И лигавење страшно ме вади од такт. На пример ептен се изнервирав еднаш у рамстор, влегува една и и вика на другарка и:
Леле бе пеер колку е колд надвор :uvo:
Страшно...

Или па зборови со деминутиви, како што се:
кисче, поздравче...

А највеќе од се па, зборови со бројки што ми ги пишуваат, а поготово со мак фонд и бројки...:nesvest: е тогаш ми иде да се самоубијам :toe:
 
Член од
25 јуни 2009
Мислења
81
Поени од реакции
2
МiloY Е збор шо ме вади од такт! Не можам да го смислам!
Сонце , пеер , Шо е ма? , Не зезај! ,Жуто, Преќини! Кондура .. И тако даље некои сељачки зборови!

Исто така -Шо ми се занасаш?
Неќу..
бејбе!
Ти се ЉУТАМ!
Абее самоубојство!
Говно!
Песма!
Катастрофизам.
Харесвам!
Кисуле!
Како и па да не!
Лилааа
Ма дајј!
Мислам хелоу .
Маче ај без фуранција!

:uvo::uvo::uvo::tapp:


Иначее дефинитивно се сложувам Со Марија (над мене!)
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
ме вади од такт она на журка ка писка публиката у ритам со музиката: уа уа и пак уа уа ,...ауууу ептен ме вади од такт тоа
 
Член од
28 јануари 2009
Мислења
238
Поени од реакции
37
Дефинитивно упаљач,жуто,закључување и сл
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Многу ме нервира зборот (нај)боље кој многу го употребуваат и кај што треба и кај што не треба. Ајде што е српски, што е дел од некој извитоперен не(скопски) сленг... Се употребува на сосем погрешен начин.
Пример: најбоље женска, најбоље книга, најбоље филм и т.н.

Највеќе не е македонски збор, бугарски е. Кај нас тоа оди вака многу - повеќе - најмногу.

Зборот постапка - се греши во акцентот треба пОстапка, а не постАпка.

Треба Македонија, а не Македоња.

Би ги додал и утикач, прекидач, бешика, плуќа, клима - уреѓај, боца, имплементација, изрази од типот од мали нозе, луд камен, часопис.
Ех, да се само тие
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
ме нервираат муж, рука, зуб и сл.

толку ме нервираат што секогаш кога ќе ги слушнам морам да пијам диазепам од мука.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
ќе идеме, ќе искачаме, буљаш, највеќе (вештачки збор, треба најмногу научете се еднаш!), боље, со сила наметнатите англиски зборови како: хејтер, маус, кул и сл.
Ме нервираат србизмите во нашиот јазик кои ги употребуваме, иако за секој нивен збор имаме (и по два) наши македонски соодветни зборови.

П.С. Иако е отворена посебна тема за зборовите кои нервираат и кои треба да се искоренат од нашиот јазик, сепак не верувам дека тоа ќе доведе до некоја поголема промена кај членовите (луѓето) што ги употребуваат истите.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ме вади од кожа изразот човечки ресурси - многу ми е понижувачки.

И некои странски зборови, како имплементација и апликација, посебно кога ги изговараат сурати од Македонија, за кои што сум сигурен дека не ги знаат македонските изрази.
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
(инспирирано од претходни пораки)

Не ми се допаѓа плинска боца.
Ни плин е македонски, ни боца е македонски. Ама никој досега не се обидел да го преведе, барем јас не сум приметил. Од она што ми текнува мислам соодветно би било гасен сад (иако и гас не е македонски). Можеби има и подбро решение.

Ме нервираат упаљач и куртон. Првиот е туѓ збор и воопшто не е во духот на македонскиот јазик, а вториот не постои.

Ме вади од кожа изразот човечки ресурси - многу ми е понижувачки.
...
Баш така, наместо да зборуваме за човечки потенцијал кој може да се искористи, ние зборуваме за човечки ресурси кои треба да се потрошат. Ова е придобивка од American English а јазикот го отсликува она што луѓето го мислат. И сега не е само американ туку е одомаќинет насекаде.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Сите скопско-српски зборој.
 

Barbara.

Irreparable perfectionist
Член од
23 јули 2009
Мислења
369
Поени од реакции
15
да не набројувам ги има во изобилие,..најтупи ми се тоа коментарите кога ќе оставаат на пријатели/хи5 ,од типот ..

„топ си“, „те шакушкам “, „сwцки“...и уште еден куп дебилности,
и ме нервира заменвање на букви, на пример в со ф, л-w ..:tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom