За девојките: „Лошо момче“ - да или не?

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Филмовите ги измислија. Типичен пример (филмот Breathless):



Иако иницијално се приврзани девојките за типциве од простата причина што наликува дека знаат што (и дека многу) сакаат, сепак на крај обично предвидливо се завршува, со нешто во стилот на секс-енд-д-сити најчесто постираниот квоут од сите шмизли на фејсбук: "I love you, but I love me more".
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Hahaahha langelina vi vladee na temava

Bad boys bad boys watcha gonna do, watcha gonna do when they come for you?
Ete vi definicija za bad boys. Site se plasat od niv :D

Ja ne sakam bad boys, jas sakam boys who can dance. Bad boys obicno ne znaat, im smetaat muskulite i zdrveni se :)))
Si tresufkam, ne mi zameruvajte :D
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.657
Поени од реакции
14.519
Знаја как те влече, ти си лошо момче,
да говориш л'жи без да ти тежи,
но и мен ме влече да си лошо момче,
да си непредвидим, сладко непоносим.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Не. Финансискиот аспект не е битен. Тепачки, пиење, лојалност кон другарите, тоа да. Фраерството или бедбојството со пари не се купува. Пенисот игра улога овде. Поточно, мадињата.
--- надополнето: 15 декември 2013 во 00:29 ---


I am honored.
Не е битен финансискиот аспект а... ?? како јас ја немав таа чест во животов да запознаам или да видам една јака девојка со некој убав/грд а истиот тој да не биде финансиски моќен :)? да де говеда.. затоа им давате од 15 години.. се прашувам само дали се овие Американски говеда,оние Бафала или оние Афрички Гнуа... најверојатно е Генетски Модифицирано Македонско Гнуо :D
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.529
Поени од реакции
33.723
Ај сега да погледнеме малку и на другата страна... Зошто бе и мажите сакаат лоши девојки? :D
Во сексуална конотација, за сликата зборувајќи, оти така пораснале, бунтовно. Оти несмееле да даваат цицка у прва средно па дале пиче, оти бљак е да се голта ама практикува и не роља со очите, оти не е ограничена со социјалните стеги и експериментира слободно за задоволство, а не да смени поза оти по број ова и е веќе 10ти секс со дечкото кој ка молел годинаипол. Па префрлајќи се генерално, конзервативноста и е слаба страна на woшата девојка, ја пие криглата пред машкото а воедно и ждрига појако, си ја суши косата на страната на која ќе дувне ветарот, квадрилала за жал некаде поназад али тоа се пореметените приоритети кај being wош. Црна докмартинка обавезно. Јас би ваква.

..али! да се прави разлика од позерки, онака фураат некој си гот изглед или незнам, бараат рамноправност или веруваат во анархија. Обично овие се недопирливи, глумат асоцијални, ама кога никој не гледа внимаваат точно зачин колку треба у ручекот, оти недајбоже да не му се свиѓа. :D


По правило сите момци кои се привлечни, пошо се ретки, стануваат дигнати. Едноставно им се пуштале девојки, или ако не тоа, барем увиделе дека со 2,3 насмевки имаат освоено девојки.

И тоа неосетно почнуваат да го користат на повеќе женски (истовремено) и да се фураат на други начини, што ги прави демек бедбој, алфа, фраер...

Немам доволно искуства со овие типови, повеќе ми поттикнуваат нагон да ги натепам, отколку било што друго.
Апсољутно не! Прибидејќи.. хм, не фаќа зборов бе, тоа не се бед бојс. Како и ти, така и бубамарата имате погрешна слика за бедбој. Убавина, промискуитет.. погрешно, by far. Секој ден со различна, алфа освојувач воопшто не е бед бој. Да немаше наслов темава, ќе помислев дека зборувате за некои метросексуалци што целио живот им е сведен околу кој колку пички поминал. Бедбој може да ти биде скоро-асексуален тип, a би легнал и две у иста вечер just cause, не дека бара титула или хајфајв. Бед бој не е дечко со кожна јакна и Априлија од 3.000 евра пред средно школо за време на петти час, ама нели, не присуствуа оти е кул и бееед. Бед бој може да носи кожна јакна, ама ја наследил од татко му за време на глам рок ерата, може да вози мотор ама сам си го склопил оти работи калфа механичар, онака. Вистинска апатија и преголем mr. selfdestruct. Како што викаат 'мериканците, it's part of his charm. Вистинска неодговорност. Има досие за пукање вилица на некој на 4 места но не оти го погледнал некој лошо, туку чисто принципиелно, го погледнал некој лошо другар му. Но за жал феноменов има рок на траење, оти кога срањата ќе удрат во фанот, неодговорноста и биинг бедес едноставно не е кул и привлечно, оти некој очекува формалност или сериозност или одговорност или.. редовно бањање. Вистинските бедбојс ретко завршуваат успешни. Еднанасочна кариера е тоа. На стара возраст некои ги сметаат како боеми.

Јас, за жал сум обратно од тоа. Никогаш и не се осудив да бидам woш. Oстанав само wot.

П.С за првата реченица, дали сите девојки, по правило, ако убави стануваат дигнати? :)
П.П.С дечко што удара девојка е само сељак. Исто и ова отпаѓа.
 
M

Muranyi

Гостин


Добро, не секогаш лошото момче потфрла во животот, иако момаков на сликава неколку пати беше на работ на пропаста. Вие жени едноставно мешате некои поими кои означуваат одредени социјални групи т.е. категоризации кај мажите.Иако на крајот, да, сите можат да се сврстаат во групата говеда(фала ти Лангелина, баш си "фина" но сепак реална:) ) На пример, Чарли ти е типичен badass motherfucker, идол на секое момче кое барем на месец дена би сакало да го изживее неговиот промискуитетен и со алкохол и дрога збогатен живот, но е далеку од алфа мушкарчина. Де, не седевме заедно па да го проценам дали е алфа или бета, можеби и омега, но самата положба и финансиска ситуираност му го овозможија комфорот и му ги платија лудостите поради кои скоро и си го уништи животот. Тој нема проблем со тоа да има проблеми со законот, да купи кило кокаин и за една вечер магично да му испари, да плати две порно глумици кои коштаат колку една животна просечна македонска плата за една вечер кои, ете, едноставно му го праеле кејфот. Го заболе за моралниот кодекс, законите не се граница и никако не го ограничуваат. Можеби не учествувал во тепачки, не рипнал кога во локалниот бар го исшутирале неговиот другар бидејќи бил дрво пијан и не можел да го дигне газот од конопојот, но затоа џигерот го истрпе куроболието на Чарли и неговата склоност кон автодеструкција.

Чарли си е Чарли благодарение на веќе споменатиот фактор-пари, но обичниот лош момак е тотално на маргините на општеството, обично завршува бедно и потпросечно со цироза на јетра или ако е среќен, во најдобар случај во затвор. Дури, во нашето ни селско Скопје, лошо момче ме асоцира на типови како Жули и Зафир. Нека не ми се пише грев што трошам интернет простор за вакви имиња. Сепак, повеќе обрасци на однесување го одредуваат момакот како лош, не е само алкохолот или тепачките, но сигурно тоа не е успехот кај жените.

Жени, за вас ова ли се алфа-момци? Тотални отпадници и ѓубриња со тажна судбина? Ова ли се бунтовници без, или со причина? Зарем навистина сакате да бидете заведени и да се шмугнете во постелата на вакви пропалитети?

Алфа е нешто друго, тој заслужува секаква почит, да тој е сон на секоја жена поради други причина поврзани со еволуцијата и биологијата. Имало пост за алфа, а толку многу е рано, ме мрзи да пишувам и уште не сум си го испил кафето:coffee:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ja ne sakam bad boys, jas sakam boys who can dance. Bad boys obicno ne znaat, im smetaat muskulite i zdrveni se :)))
Si tresufkam, ne mi zameruvajte :D
Мислам дека го имам идеалниот партнер за тебе. Со мускули е и знае да игра. И тоа салса.

Инаку жените не ги пали лошо момче, туку потентен алфа мажјак кој ќе може да направи потомство и да ги заштити во случај некој ако ја нападне.
Таа е сигурна дека лошиот нема да се повлече во случај кога ќе се појави друг мажјак кој ќе представува некаква опасност.
Вработените повеќе го забележуваат претпоставениот кога ќе помине за разлика од колегата од слична причина бидејќи хиерархиски е алфа во заедницата и генетски се предодредени да му се лижат.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
Млад маж, кој има карактеристики на немирно дете (немирно не знам дали е точниот збор). Самостоен и со желба за успех. Прави што сака, кога сака, како сака...Не следи мода, таа го следи него. Се облекува по негово, но секогаш ќе кажат "супер му стои". Не излегува на фенси места, туку на помирни, потемни...Не е алкохоличар, но сака да се напие од време на време. Пуши, не се дрогира. Не е важно дали има кола/мотор...и да ги има/нема, тоа е затоа што сам одлучил така. Никогаш прв не прави проблем со други, ама изгледа проблемот прв почнува со него...Кон жените е мил...знае да се пикне под кожа...Не бара љубов, не ја почитува жената како жена...сака само секс. И ништо повеќе. Ако случајно сретне некоја што ќе го смири, добро. А, ако сретне некоја што ќе го "отече со љубов" и ќе му галами дека не и возвратил...ќе најде друга (потивка) и ќе продолжи понатаму. На крај, ваков дечко/маж не бара од жена да го дефинира, да го потврди како таков, а уште помалку да му дозволи да биде bad boy. Тој е таков, ако ти чини добро...Ако не, кој те ...Ова е bad boy. Кога жена ќе рече дека сака bad boy, сака да каже дека сака маж кој директно ќе и каже дека сака да ја легне, без многу зборување одоколу или улизување.
Точно до точка. (y)
--- надополнето: 16 декември 2013 во 11:17 ---
Не е битен финансискиот аспект а... ?? како јас ја немав таа чест во животов да запознаам или да видам една јака девојка со некој убав/грд а истиот тој да не биде финансиски моќен :)? да де говеда.. затоа им давате од 15 години.. се прашувам само дали се овие Американски говеда,оние Бафала или оние Афрички Гнуа... најверојатно е Генетски Модифицирано Македонско Гнуо :D
Ти многу знаеш за говедата. Машала!
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246

Може погрешно си ме разбрал, плус не постои ништо строго утврдено во "класификацииве", а и сите 3 вида воопшто не ми се од интерес.

A и ми се чини дека не си го глеал Breathless што го посочив во некој пост погоре, како класичен пример за бедбој. Типот беше бедбој, и тоа не зошто бркаше жени или нешто. Зошто си тераше свој филм надвор од неа (таа не го осеќаше како нејзин), и тоа на маргините на законот/исправното.

Генерално, ако веќе си играме со зборови, фраерот е тој со женските, алфата е со доминантноста, бедбојот е со бунтовноста.

пс. За женските не важи тоа правило дека ако се привлечни се дигнати затоа што секоја втора/трета е привлечна. Додека таквите машки се загрозен вид, ако не се лажеме. Ако успатно немаат критериуми и се по комерцијалата, стануваат класичното гнасно нешто, фраери/чиња. Но, иако класичниот збор "фраер" се однесува на овие од претходната реченица, сепак зборот фраер може да се користи и од субјективни побуди, па така за dzesika, фраер е некој што знае да игра. Фраер = does his own thing + (било која особина/и која е субјективно привлечна/и според женската што ќе ја прашаш).

ппс. да, тоа секако.

пппс. Бедбојот може но и не мора да е поврзан со автодеструкција, иако е обично поврзан со некаков вид деструкција (може да е и на "злото", што не е класичен тип на деструкција, но сепак може да се употреби тој збор, бидејќи е : Против). Сепак, ако оди со фанатизам или бунтовништво-без-причина, тогаш збориме за бедбој што е само тоа, бедбој, а не маж, зошто не знае да напраи проста математика и да донесе заклучоци за тоа што е разумно или потребно, а што не е.
(ова веќе го кажавте ти и muranyi).

ппппс. Прибидејќи. :icon_lol:
 
Член од
25 мај 2013
Мислења
115
Поени од реакции
68
Вистински маж е човек кој самиот се почитува, не го прави тоа што ќе го му речат, туку прави што сака. Физички и психички е доволно зрел и доминира во многу полиња... Многумина посакуваат да се како него, ама неможат.
 
M

Muranyi

Гостин
пс. За женските не важи тоа правило дека ако се привлечни се дигнати затоа што секоја втора/трета е привлечна.Додека таквите машки се загрозен вид
Хмммммм, дали осеќам феминистички елементи во реченицава?:cautious:

Па мажите да се шминкаа по пола саат, секојдневно, како вас на пример, дали знаеш какви лепотани ќе бевме и реченицава тогаш и нејзиното значење ќе паднеа во вода?

Не дека вака не сме убави, таман работа:свиркам:
 
Член од
17 октомври 2013
Мислења
887
Поени од реакции
1.877
Што да не.
Подобро отколку да ми здодее од нечие како сакаш, како ќе кажеш и слично. Од друга страна не сакам па јас да ги држам конците во врската а во незнаење он да си чисти заби со нив :D
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Саншајн, сите девојки се палат на бадбојс. Без разлика дали признават или не. Е сега некои се попаметни и не сакаат да си имаат работа со идиоти, кои се класифицирани како бадбојс. ;)
Зошто луѓето имаат потреба да напишат СИТЕ пред некоја реченица и со тоа да генерализираат цел пол и воедно со тоа што ќе напишат сите да мислат дека кажале научен факт?

Јас не сакам лоши момчиња, никогаш не сум сакала.
Никогаш не сум имала дечко кој бил познат како “фраер“ или лошо момче. Сум бегала од такви секогаш, такви карактери не ме привлекуваат, пред се затоа што не сум тип што игра игри, ме мрзи да се замарам со таков вид на глупости.

Во врска со темава, имам да кажам само една работа. Полоша несреќа од тоа да се заљуби девојка во лошо момче е да се заљуби во волк во јагнешка кожа, т.е човек кој според сите параметри делува дека е фин момак и на крај да излезе ѓубре невидено. Е тоа е најлошиот тип на дечко во кој може една девојка да се заљуби, верувам дека голем дел од девојките имале барем по еден таков во животот.

Исто и за мажите важи. Полошо од тоа да се заљуби машко во кучка која пред сите е таква е да се заљуби во девојка која пред светот делува дека е добра, ама душата да му ја скрши на парчиња, пошто финоЌата и е само маска за пред светот.

Ај да ти одговорам. Не мора да значи дека ова е дефиницијата, ова е само мое мислење. Извинете за оф топик.
Бад бој ти е дечко кој е еден од главните фраери во градот. Секој пат кога ќе го видиш има женска до него и секој пат е различна. Поседува харизма, шарм со кои може да и го растопе срцето на било која девојка. Знае како да заведе за да те заинтересира за него, ама знае и како да те откаче од кога ќе те издегустира. Репутацијата најчесто ја стекнал уште од раната младост, кога бил главно фраерче во одделение и сигурно бил првиот или меѓу првите од врсниците кои фатиле женска. Може да има добра кола, но и не мора. Секогаш е добро дотеран, со гелосано фризурче. Не жали пари за частење на девојки, оти тоа му е еден од начините со кои мисле дека шармира. Има историја на тепачки позади себе, по кои е познат. И физичката градба му е крупна(значи не мислам дека е некој батка како овие што се од обезбедување) и има тетоважа некаде на себе. Жените кои ги „фака“ му претставуваат само трофеи. Колку поголема бројка, толку е повеќе „фраер“. Само не знам во чии очи. Со една иста не бил повеќе од еден месец. Додека трае гледањето со некоја, тогаш ја прави кралица и е најдобар кон неа. Кога ќе му здосади, фино лепо, престанува да ја бара. Ама кога ќе се зацапа во некоја, е тогаш веќе станува лигуш, па ако оваа не му возврати, најчесто насилник...
И ова ќе го заборавев. Обично има некаква поврзаност со нешто што не е легално.
И што има привлечно во ова?
Сериозно не ми е јасно што има толку привлечно во ова за да кажеш дека сите девојки сакале вакви.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom