Седиме еднаш 3 - 4 души кај другар ми... Пијани, многу јасно...
И ѕвони телефонот во ниедно време... Крева слушалка... И од таа страна една девојка, целата испаничена, се тресе, одвај се разбира што збори... (Го утнала бројот
)
- Ај ако може со Дејан да зборувам...? Ама одма...!
- Шо сакаш?
- Дејан...!
- Какоооо?!?
- Дејан, Дејаааан! Д - Е - Ј - А - Н! Ана го бара, итно е! Може?!
- Кој е бе тој?
- Како бе..? Тој и тој број... Добро кој е на телефон?!
- А, Деејаааан.... Братучед му е овде!
- Братучед му? Па добро каде е он?! Требаше да стигне вчера вечер дома...!
- Абе девојче, Дејан наш умре... Завчера...!
- КАКО БЕ?!?!? ШТО ЗБОРИШ БЕЕЕЕЕ?! И почнува да липа, плаче, вришти...
- Смири се бе девојче, немој сега вака... Добар човек беше, златен дечко, да го памтиме како таков, без циркузи жити ја...
- Ама како бе умрееел?!?! Какоооо?!?
- Немој да плачеш, нема смисла... Ај ела на погреб утре, ќе се запознаеме! Си личевме со Деки...!
- Мој Дејан...!!! Зошто бееее...?!?!? Леле, како...?!?! Кога се случило, како?!? Мртов еее...!!!
- Најмртов! Како рече дека се викаш?
- Леле бе, Дејан... Ама немогуче е, бе леле бе, кажи ми дека ме лажеш молим те...!!! Како бе...!
- Девојче... Ја овде иам попаметна работа, ај... Добра ноќ!
Девојката се утепа од плачење. Цело време...! И ден денес имам грижа на совест, и покрај тоа што не зборев јас. Не му правев муабет на другар ми после тоа долго време.:nesum: