- Член од
- 23 јуни 2007
- Мислења
- 368
- Поени од реакции
- 333
Апсолутно можеш да го трошиш твоето време како сакаш, но тие 4-5 минути можеш да ги потрошиш на некој друг сајт којшто исплаќа, кога веќе знаеш дека овој не може да исплаќа, затоа што должи милиони долари на десетици илјадници членови. Исплатите од 100-200 долари на неколку луѓе по еднаш-два пати месечно се ништо во споредба со тоа колку луѓе чекаат. Јас не се жалам што не ги имам добиено парите што ми стојат на сметка, далеку од тоа, свесен сум дека нема да ги добијам, и воопшто не се ни надевам на нив. Погледнав во статистиката и имам примено 800 долари од нив, без да вложам ниту денар, така што вечно ќе бидам благодарен на сајтот што за ич ништо ми го купи лаптопов од кој ти пишувам сега. Но реалноста е дека тие времиња умреа, и сегашното опстојување им се сведува во чекање на неинформираните да вложат пари и да се изгорат.