- Член од
- 14 октомври 2010
- Мислења
- 5.127
- Поени од реакции
- 15.955
Јас сум шеста-седма година, со мала пауза, надвор од дома. И ако треба да се вратам за постојано некогаш, би полудела. Година ипол немам побарано пари од моите, за кирија, сметки, јадење, одмори, шетање. За поголеми работи ако ти затребаат, немам, ќе треба да барам од нив секако, зашто вака мене ми се доволни, но дека сум финансиски независна, тоа не се осудувам да спомнам.
Во Македонија немаш иднина без потпора од фамилија. Освен ептен ако не земаш голема плата. Но, и тогаш тука се задолжувањата со кредити и такви работи, што значи, минимален процент се оние кои само со своја заштеда, пари би купиле стан или би изградиле куќа и се останато.
Моето мислење е дека секој треба да живее некое време сам. Со цимери. И мене ми е убаво кога на викенд ќе си дојдам дома, но не можам да ја трпам мајка ми и нејзините правила цел живот. Се навикнав на самостојност во тој поглед и не гледам поинаку. Кај нас не е само финансиската зависност проблем, ами и емоционалната или преживувачката да речеме. Имаш деца на 25 години што од дома им праќаат торби јадење по автобуси. Имаш деца што не знаат кошула да си испеглаат. Имаш деца што чорапите дома не знаат во која фиока се и како стигнале да бидат испрани кога си ги побарал.
Колку си понезависен од било која личност во животот, толку подобро за тебе.