Заминување од семејниот дом после 18 год.?

Дали би заминале од сем. дом ако имате можност?

  • Не, cool ми е со мама, тато и др. членови

    Гласови: 20 24,7%
  • Да, зошто?

    Гласови: 53 65,4%
  • Сеедно, пак ќе имам морална и финансиска поддршка од моите.

    Гласови: 14 17,3%

  • Вкупно гласачи
    81
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Јас сум шеста-седма година, со мала пауза, надвор од дома. И ако треба да се вратам за постојано некогаш, би полудела. Година ипол немам побарано пари од моите, за кирија, сметки, јадење, одмори, шетање. За поголеми работи ако ти затребаат, немам, ќе треба да барам од нив секако, зашто вака мене ми се доволни, но дека сум финансиски независна, тоа не се осудувам да спомнам.
Во Македонија немаш иднина без потпора од фамилија. Освен ептен ако не земаш голема плата. Но, и тогаш тука се задолжувањата со кредити и такви работи, што значи, минимален процент се оние кои само со своја заштеда, пари би купиле стан или би изградиле куќа и се останато.
Моето мислење е дека секој треба да живее некое време сам. Со цимери. И мене ми е убаво кога на викенд ќе си дојдам дома, но не можам да ја трпам мајка ми и нејзините правила цел живот. Се навикнав на самостојност во тој поглед и не гледам поинаку. Кај нас не е само финансиската зависност проблем, ами и емоционалната или преживувачката да речеме. Имаш деца на 25 години што од дома им праќаат торби јадење по автобуси. Имаш деца што не знаат кошула да си испеглаат. Имаш деца што чорапите дома не знаат во која фиока се и како стигнале да бидат испрани кога си ги побарал.
Колку си понезависен од било која личност во животот, толку подобро за тебе.
 
Член од
1 јули 2006
Мислења
853
Поени од реакции
84
Заминав да студирам.. Паѓав.. па се кревав. Заминав и подалеко од континентот.. па се вратив.. па не знаев зашо се вратив, па ми беше убаво, па сеа сакам пак да ја киднам ама пак ќе сакам да се вратам. Зошто да си одам од местото кај што пораснав? А зошто и да не останам? Тука се љуѓето шо ги знам долго време..

Убаво е да се размени и да се осамостоиш некое време, дали е тоа после 18, порано или подоцна... Дали е во друг град или истиот =)[DOUBLEPOST=1496484264][/DOUBLEPOST]А тука исто и можете да си го прашате прашањето, мислите дека на запад нема љуѓе возрасни кои што немаат заминато од нивниот роден крај? Дека седат во визбите на мама и тато и исто така чекаат на готово?
Зошто ние македонците секогаш толку остро се критикуваме самите себе и помеѓу
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Би заминал, посебно ако се наоѓам во состојба пред женење или ако знам дека имам сигурно работно место со добра плата. Но сепак би сакал и често да се гледам со моите, на пример јас да одам кај нив на неколку дена, па они неколку дена кај мене, а не како некои деца кои по отселувањето од своите родители забораваат на контактот со нив.
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Да, би сакал. Сакам да докажам дека сум способен, и во оваа пустелија да се снајдам, и дека не сум зависен. Знам дека е тешко, без ништо да почнеш, но барем знам дека нема да имам потреба да барам од своите. Сам ке си спечалам, сам ќе си земам без некој да ме праша зашто толку скапо или зашто е ова вакво или такво. Сам сум си бирал, тоа си е мое. Проблемот во оваа земја е што нашите не сакаат да ги испуштат конците од тебе, што несакаат да сватат дека повеќе не си дете, дека кон тебе треба со сосема нова перспектива да гледаат. Дека треба да ти дозволат, да почнеш сам од некаде, да те пуштат да се снаоѓаш. Сепак не се и они вечни.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Работите се многу едноставни.Кој сака да замине,ќе најде начин и ќе замине.Погоре го имате мојот пример.А кој несака,секогаш ќе најде изговор.
Ние сме си најголемиот непријател самите на себе.Увек некој друг е виновен за нашите неуспеси.Државата што као не создава услови,или дирекотот,шефицата,јебачицата.
Јас во животот се водам според Јапонската филозофија Каизен,или стремеж за контуинирано секојдневно подобрување во сите аспекти на животот.
У странство мислите некој ќе ве чека со нафора и сол.
Работа треба,од утро до вечер.Стегање заби,и копање силно.
Па тек дури 5-7 години да можеш да здивнеш,а не да кажеш дека си успеал!
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Работите се многу едноставни.Кој сака да замине,ќе најде начин и ќе замине.Погоре го имате мојот пример.А кој несака,секогаш ќе најде изговор.
Ние сме си најголемиот непријател самите на себе.Увек некој друг е виновен за нашите неуспеси.Државата што као не создава услови,или дирекотот,шефицата,јебачицата.
Јас во животот се водам според Јапонската филозофија Каизен,или стремеж за контуинирано секојдневно подобрување во сите аспекти на животот.
У странство мислите некој ќе ве чека со нафора и сол.
Работа треба,од утро до вечер.Стегање заби,и копање силно.
Па тек дури 5-7 години да можеш да здивнеш,а не да кажеш дека си успеал!
Не е така тоа а пари?? Една плата кај нас во Мк не стига за струја,за вода,за јадење,за други потреби друго е во странство
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Ти кажав земи работи две работи!
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ти кажав земи работи две работи!
Не е баш така лесно. Кај нас едвај ќе најдеш една работа, не па две:D Мислам секако дека ако се сака се може или бар да се потруди да се проба, но сепак во пракса не е се така лесно.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Сите сакаат да живеат сами, само ретко кој сака да го преземе тој ризик, да излезе од комфортната зона и да си скрати неколку работи на кои се навикнал. Ако сакаш да живееш надвор од дома, заборави на секојдневно искачање по кафиња и пиво. Ќе треба да вложиш многу труд и не е трка на 100 метри, туку маратон.

Првите 3 години кога си заминав од дома, освен тоа што добивав финансиска помош од дома, работев и како фриленсер, покасно и се вработив и пак морав да се откажам од некои работи. Ред ради тоа што имаш друга цел во животот, ред ради тоа што, па баш и немаш многу време... Си идеш дома од работа, за пак да работиш :) За на крај еве да стигнам на проклетиве години што ги имам сам да живеам, сам да си плаќам кредит за стан, сметки, чуда и да имам уште нешто за да шетнам :D

Така да децо... само желба, труд и пар жртви треба да паднат за да можеш да направиш нешто во животот :)
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Јас сум во последно време толку биполарен што 20 минути би галамел одма да се спакувам и да си отидам а веке наредните 20 не би си одел од домот и моите по никоја цена, така да неможам да дадам конечен одговор :D
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.936
Не е баш така лесно. Кај нас едвај ќе најдеш една работа, не па две:D Мислам секако дека ако се сака се може или бар да се потруди да се проба, но сепак во пракса не е се така лесно.
Ако бараш државна администрација ни една нема да задржиш подолго од мандатот на партијата што те вработила, ако се надградуваш и имаш повеќе вештини, работа ќе имаш и повеќе од тоа што можеш да сработиш, е колку ќе се платени е друга приказна.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Ако бараш државна администрација ни една нема да задржиш подолго од мандатот на партијата што те вработила, ако се надградуваш и имаш повеќе вештини, работа ќе имаш и повеќе од тоа што можеш да сработиш, е колку ќе се платени е друга приказна.
Е неможе така ќе немам време за децата,за мајка ми,за татко ми,ќе немам време за мене ако работам две работи затоа кажав друго е во странство друго е тука во Мк[DOUBLEPOST=1496696343][/DOUBLEPOST]Друго е на странство друго е тука со мала плата и ако работам на две работни места ќе немам време за себе крај на муабетоттттттттттт
 

Kajgana Shop

На врв Bottom