Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.134
Зш? Баш звучи интересно.

Инаку, би сакал да ти поставам неколку прашање за телемата, но само под услов да ми даваш еднозначни одговори. Може?
Само под услов да се запознаеш со Телема за да не прашуваш општи работи или „tricky questions" :) , за тоа има премногу изнапишано и тука, а и на мојот блог, а и на многу онлајн извори каде што можеш да најдеш одговор, до некаде што би ти го задоволил разбирањето за да си кажеш, ок - разбирам.
Без разлика дали ќе се сложуваш или не...
 
Член од
4 јули 2014
Мислења
288
Поени од реакции
74
а Ново Еонскиве од кого се измислени ако не е тајна ?
Да не е Давидова позади сите ?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.134
Македонски јутјубер бил во Сицилија и снимил видео за Манастирот на Телема или Abbey of Thelema, Кроули и Телема...

 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.134
1727891694800.png
Претходната недела како О.Т.О. Македонија бевме домаќини на Пан-Европска конференција на О.Т.О. (Ordo Templi Orientis) која се одржа во Охрид. Предавачи од цел свет, мајстори на својот занает.
Од цела Европа Телемити дојдоа и се воодушевија од Македонија и историјата која ја имаме.... од гостопримството и духот кој го носиме на овие простори. Ќе раскажуваат во светот кои сме и на каде одиме...

Еден од Националните Секретари на О.Т.О. ја имаше оваа забелешка после завршувањето:

„We really experienced what OTO should be -universal brotherhood.“
Можеби во Македонија луѓе кои го прифатиле Законот на Телема се малкумина (иако таа бројка се зголемува полека но сигурно), но огнот што гори и силата која се има - е доказ дека квалитет е над целото броење глави и бројноста на луѓето!
Нормално, иницијацијата значи посветеност!

П.С. Не беше само Орбан во Охрид, ха :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.134


A.·. A.·. публикација во класа B
„Запамети дека неурамнотежената сила е зло; дека неурамнотежената милост е слабост,
која би го дозволувала и поттикнувала Злото.​
Делувај страсно; мисли разумно; биди Свој.​
Вистинскиот ритуал колку е акција толку е и збор; тој е Волја.

Запамети дека оваа земја е само атом во универзумот и дека и ти си атом на неа,
па дури и да станеш Бог на земјава по која се влечеш и ползиш,​
па и тогаш би бил само еден атом, и тоа еден помеѓу многуте.​
Сепак имај најголемо самопочитување и поради тоа не греши против себе.
Гревот кој е непростив е свесно и намерно отфрлање на вистината,​
страв од знаењето дека тоа знаење не би одговарало на твоите предрасуди.“​
- Liber Librae svb figura XXX, Книга на Рамнотежата,
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.126
Поени од реакции
10.143
@Хептаграм XI душо....и ти не си се запознал лично со А.Кроули, па толку веруваш во него и пропагираш за телема.
Како рече она, се почнува од верувањето.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.134
@Хептаграм XI душо....и ти не си се запознал лично со А.Кроули, па толку веруваш во него и пропагираш за телема.
Како рече она, се почнува од верувањето.
Јас не му верувам на Кроули и се што рекол Кроули за било што јас да се сложувам со него.... ниту пак Кроули ми е пример како јас да го живеам животот!
Тоа би било Кроулијанство и е сосема погрешна патека од онаа на Телема.
Кроули и сите други многу потајни Мајстори за кои не се зборува само правилно наследиле тоа што се наследува со Еони и го предаваат на човештвото за напредување! Тоа се пракси и философии, а не догми!
Догмата заробува!

Кроули го кренал прстот и рекол „Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон“ (не е Кроули, ама ајде - научен е човекот да го гледа надворешното, не внатрешното), а не рекол „Јас сум патот и само преку мене до не знам каде!“.
Тоа го имаш во христијанството, градење култ кога се работи за пророци!
Тоа го нема ниту кај исламот!

Од друга страна, да - се започнува со верувње и надеж, и за тоа имам зборувано на форумов, не знам дали си прочитала... но не смее да заврши само со верување, без искуство, без пракса, без промена и без надминување! Како инаку љубов ќе се развие и ќе се промениш? Со молитви? Ќе барате да ве одмине чашата? Никој не одминува, само може да се промени што ќе се напиете: омраза или љубов, кон себе и кон другите!

Да се потсетиме дека вториот дел од Законот е „Љубовта е закон, љубов под волја“.

Ако остане на верување тоа преминува во догма! Телема НЕ Е ДОГМА!

Догмата бара само верување и надеж и не трпи промени и толкувања,
бидејќи или си неспособен или ти е убаво така од внатре, тоа е големото залажување, да ти е убаво... онака, мирничко без промени, без бранувања... „мир на душата“ без работа! Новото „зен“ кое што не води никаде!
Како ќе ги поминете искушенијата ако немате пракса и надминување?
Со постење? Тоа е само мал дел од праксата наследена од истокот... но тоа не се кажува :)

Телема НЕ Е ДОГМА. Пракса и работа си бара... но, нели тука на почетокот ме распнуваа дека ритуали само сатанисти правеле, работа врз себе си и јога исто е сатанизам, според христијаните тука... а литургијата и сите дурги ритуали во другите религии се ок, тоа не е ритуал, тоа е литургија или крштевка или некое друго име - но никако ритуал! :)

Така да, олабавете со вакви споредби, не се точни и во најмала мера се премногу површни!

Од Законот на Телема излегуваат четири зраци, од кои првиот е „Слобода“! Без Слобода - не може да дејствувате! Ако не дејствувате - немате ништо!
Другите зраци се Светлина, Љубов и Живот!
И сите овие Зраци се еден и доаѓаат од Телема - и сите се измешани и не може човек да го користи едниот, а да се изолира од другите делови на Законот - исто како што во источните учења не може само да практикувате Раџа Јога, а Хата јога или Карма јога да ви стои настрана!

И за тоа имам зборувано тука.

И за крај, извадок од Книгат на Законот:
„Крај на прикриеноста на Хадит;
и благослов и обожување на пророкот на красната ѕвезда!“
- Liber AL, II:79
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.134
Слнце е наш бог и сфе док постои ке постоимо и ми.

"Thou that art One,
our Lord in the Universe the Sun,
our Lord in ourselves whose name is Mystery of Mystery
, uttermost being whose radiance enlightening the worlds is also the breath that maketh every God even and Death to tremble before Thee
- By the Sign of Light appear Thou glorious upon the throne of the Sun.
Make open the path of creation and of intelligence between us and our minds.
Enlighten our understanding. Encourage our hearts.
Let thy light crystallize itself in our blood, fulfilling us of Resurrection."
- Liber XV, Гностичка Миса, централен ритуал на О.Т.О.

Сите вистински учења, во своите мистерии сонцето зазема централно место!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.134
Кога сме кај тоа, интересно е што Ози Озборн има песна Мистер Кроули, веројатно @Хептаграм XI знае нешто повеќе. Стонси имаат Симпатија за ѓаволот но не сум сигурен дека се склони кон сатанизам.
Знам. :coffee:
Ако слушаш метал или рок, може да најдеш многу од философијата на Телема во песните. :)
Листата на бендови и жанрови е огромна.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.969
Поени од реакции
9.648
Твоето е свето, а туѓото проклето?
Што има свето во твоето верување "прави што сакаш да биде законска волја"? Кон што води таквото плитко верување? Сржта на учењето на Кроули е „Прави што сакаш, ќе биде целиот закон“.
Автоматски споено мислење:

Знам. :coffee:
Ако слушаш метал или рок, може да најдеш многу од философијата на Телема во песните. :)
Листата на бендови и жанрови е огромна.
Па само таму имаш верници во Телема се сатанисти кој од кој.
Автоматски споено мислење:

многу од философијата на Телема
Да да посебно ако песните ги слушаш backwards или played reversed...
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.134
Што има свето во твоето верување "прави што сакаш да биде законска волја"? Кон што води таквото плитко верување? Сржта на учењето на Кроули е „Прави што сакаш, ќе биде целиот закон“.
И ова не го знаеш како што треба. Ти се возбудуваш премногу што некој го критикува христијанството и не мислиш и не знаеш да се воздржуваш и да имаш смирение!

Законот на Телема гласи „Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон“, а не прави што сакаш... тоа е проклето измислено од христијанските апологети, а нив кој ги тркала...
Другиот дел гласи: „Љубовта е закон, љубов под волја“.

„Проучи го ова внимателно; изгледа оти ова подразбира теорија дека ако секој маж и секоја жена ја извршуваат својата волја – вистинска волја – нема да има судири. “Секој маж и секоја жена е ѕвезда”, а секоја ѕвезда се движи по утврдена орбита без мешање. Има доволно место за сите; единствено нередот создава конфузија. Од овие разгледувања треба да биде јасно дека “Прави што ти е волја” не значи “Прави што сакаш”. Тоа е апотеоза на Слободата; но тоа е исто така и најстрого можно ограничување.
...
...
Постои само уште еден збор кој треба да се објасни. На едно друго место е запишано – на наше големо задоволство - “Љубовта е закон, љубовта под волја”.
Тоа треба да се сфати во ова значење:
додека Волјата е Закон, природата на таа Волја е Љубов.

Но таа љубов всушност е нуспродукт на Волјата; таа не е во контрадикција со Волјата, ниту ја истиснува; и ако се појави привидна контрадикција во некоја криза , Волјата е таа која ќе не поведе по правиот пат. Погледни, иако во Книгата на Законот се говори многу за Љубовта, таму нема ниту еден збор за Сентименталноста. Омразата е речиси еднаква на Љубовта! Борбата е сосем сигурно Љубов!
“Како браќа борете се!” Сите мажествени раси на овој свет го сфаќаат тоа.“
- Порака на Мајсторот Терион
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.134
Историја од каде доаѓа сегашното „Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон“ во Законот на Телема во овој еон во кое што битисува човештвото :)
Се зборува за луѓе и што книги имаат, па може да пребарате и најдете дополнително инфо...
На крајот има кратка историја на Мајстор Терион поврзано со доаѓањето на новиот еон и Телема. Кратко и јасно.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom