Законот на Телема

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Онтологија: Ништо & Два

Онтологијата е проучување на постоењето, егзистенцијата или реалноста. Онтологијата на Телемата е одредена едноставно како: “Ништо & Два”. Светот е разбран како “Ништо” или “Нула”, нешто кое е преку било кое објаснување или граница.
Во правослвието истотака се учи дека светот, човекот и воопшто материјата, се создадени од Бог, т.е. по негова волја, од ништо.
Оттука е проблемот и со смртта, за тоа зборува царот Давид во 50-от псалм (во грев ме роди мојата мајка). Така гревот се поистоветува со смртта, т.е. нашето потекло од ништо.
Како во телемата се разбира овој проблем?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ај сеа колку се разбираме во муабетов:D , во правослваното учење нема таков проблем, а тоа што имало обиди да се вметне е друга приказна, и тоа не само дуализмот безброј други ереси(аријанство, савелијанизам, евномијизам, несторијанство....).
Ја си прашав конкретно, без закачки молам, т.е. дефокусирање.:mad:,;)
Проблемот не исчезнува ако го прогласиш за непостоечки. Тие ереси како ти ги нарекуваш, настанале затоа што тие луѓе одбивале да замижат пред проблемот...
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Проблемот не исчезнува ако го прогласиш за непостоечки. Тие ереси како ти ги нарекуваш, настанале затоа што тие луѓе одбивале да замижат пред проблемот...
Тоа е доказ дека по прашање на догмата сепак се размислувало, а не се прифаќало слепо.;)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Тоа е доказ дека по прашање на догмата сепак се размислувало, а не се прифаќало слепо.;)
Да, а тие што размислувале, христијаните фино лепо ги ископачиле...

;)

Меѓутоа, ова е тема за телемата, па да не одиме оф топик. Ќе ти отворам овие дена тема специјално за тебе, за логичката надмоќ на дуалистичките религии над вештачките религии како рисјанството и исламот...

:)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Во правослвието истотака се учи дека светот, човекот и воопшто материјата, се создадени од Бог, т.е. по негова волја, од ништо.
Оттука е проблемот и со смртта, за тоа зборува царот Давид во 50-от псалм (во грев ме роди мојата мајка). Така гревот се поистоветува со смртта, т.е. нашето потекло од ништо.
Како во телемата се разбира овој проблем?
Во Телемата Гревот е ограничувањето на Вистинската - Чиста Волја:

Liber Al vel Legis
Поглавје I
41. Зборот на Гревот е Ограничување.
44. За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултатот, секој пат е совршен.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Да, а тие што размислувале, христијаните фино лепо ги ископачиле...

;)
Класична дискредитација со напад, за да по автоматизам промовираш своја, туѓа вистина.o_O

Меѓутоа, ова е тема за телемата, па да не одиме оф топик. Ќе ти отворам овие дена тема специјално за тебе, за логичката надмоќ на дуалистичките религии над вештачките религии како рисјанството и исламот...

:)
Болд: логичка надмоќ=човечка слабост, но баш ме интересира.:vozbud:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Liberij, не оди офтопик на темава, оди во пп и прави си муабет со Ставрогин за логичка надмоќ и човечката слабост ако ти е волја да се тегавиш за христијанството и неговата божествена моќ...
ЗА темава потруди се да ја прочиташ овде на форум, види книги што се дадени како начин за подобро запознавање со истата, па дојди дади свој став, прашање или што и да е во врска со О.Т.О., телема, ритуали, пракса, што и да те интересира :)
 
liberij напиша:
Во правослвието истотака се учи дека светот, човекот и воопшто материјата, се создадени од Бог, т.е. по негова волја, од ништо.
Оттука е проблемот и со смртта, за тоа зборува царот Давид во 50-от псалм (во грев ме роди мојата мајка). Така гревот се поистоветува со смртта, т.е. нашето потекло од ништо.
Како во телемата се разбира овој проблем?​
Во Телемата Гревот е ограничувањето на Вистинската - Чиста Волја:

Liber Al vel Legis
Поглавје I
41. Зборот на Гревот е Ограничување.
44. За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултатот, секој пат е совршен.​
Може вака?:D
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Не може така, не сакам луѓе што не ги интересира ништо и само тролаат, но ајде, заради темата ќе речам: може :)
Истото го учат и евреите но нивното Ништо е триделно. Може да разгледаш по рабински книги, ќе ти стане појасно.

Прашуваш за каков проблем либериј?

П.С. Што знаеш ти либериј за телемата? До каде си по тој пат? Си запознаен барем со нешто...?

П.П.С. И прво разреши помеѓу рисјаните што е гревот а што е смртта... па потоа ќе „дрибламе топки“ по темава за толку значајната смрт и грев кај човекот :)
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Не може така, не сакам луѓе што не ги интересира ништо и само тролаат, но ајде, заради темата ќе речам: може :)
Истото го учат и евреите но нивното Ништо е триделно. Може да разгледаш по рабински книги, ќе ти стане појасно.

Прашуваш за каков проблем либериј?

П.С. Што знаеш ти либериј за телемата? До каде си по тој пат? Си запознаен барем со нешто...?
Фала за великодушноста.:cautious:
Ипси спомна нешто за гревот како огрничување на волјата...
Некои принципи што се истакнати на темава за телемата:
"Прави што ти е Волја и тоа нека биде цел Закон" и "Љубовта е закон, љубов под волја".
Конкретно ме интересира дали се онтолошки, и ако евентуално се, какво е објаснувањето?:)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ипси спомна нешто за гревот како огрничување на волјата...
Некои принципи што се истакнати на темава за телемата:

Конкретно ме интересира дали се онтолошки, и ако евентуално се, какво е објаснувањето?:)
Веќе е пишувано за тоа што е вистинската Волја. Бидејќи те мрзи да ја прелисташ темата, повели линк каде е објаснето што претставува таа:
Liber II
--- надополнето: 12 мај 2012 во 21:55 ---
Еве нешто поопширно и за теологијата на Телемата:
Телемитската теологија смета дека сето манифестирано постоење е плод на интеракција на два космички принципа: бескрајно проширен, сеприсутен Простор-Време Континиум; и атомски, индивидуално искажан Принцип на Живот и Мудрост. Преплетувањето на овие два принципи му овозможува раст на Принципот на Свеста кој владее со Постоењето. Во Книгата на Законот, божествените Принципи се претставени со тројството на древните Египетски Божества: Нуит, Божицата на Бесконечниот Простор; Хадит, Крилестата Змија на Светлината; и Ра Хоор Куит (Хорус), Сокоглавиот Соларен Господ на Космосот.
Телемитската доктрина ги смета божествата на различните култури и религии за отелотворување на специфични божествени, архетипски и космички сили. Разните религии на човештвото се темелат на универзалната вистина и студиите по компаративна религија се важни за повеќето Телемити.
Доктрина и Есенцијални поставки на Телема
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Ипси спомна нешто за гревот како огрничување на волјата...
Некои принципи што се истакнати на темава за телемата:

Конкретно ме интересира дали се онтолошки, и ако евентуално се, какво е објаснувањето?:)
Ипси напишал, јас пишувам...
Но исто така и велам да имате и вие искуство. Волјата=Телема е пракса, не дрдорење.
Објаснувања има низ целата тема, затоа реков исчитај ја темава ако толку те интересира телемата...

Во Liber II се вели:

Постои само уште еден збор кој треба да се објасни. На едно друго место е запишано – на наше големо задоволство- “Љубовта е закон, љубовта под волја”. Тоа треба да се сфати во ова значење: додека Волјата е Закон, природата на таа Волја е Љубов. Но таа љубов всушност е нуспродукт на Волјата; таа не е во контрадикција со Волјата, ниту ја истиснува; и ако се појави привидна контрадикција во некоја криза , Волјата е таа која ќе не поведе по правиот пат. Погледни, иако во Книгата на Законот се говори многу за Љубовта, таму нема ниту еден збор за Сентименталноста. Омразата е речиси еднаква на Љубовта! Борбата е сосем сигурно Љубов! “Како браќа борете се!” Сите мажествени раси на овој свет го сфаќаат тоа. Љубовта на Liber Legis е секогаш смела, снажна дури и оргијастична. Во незе има нежност, но тоа е нежност на силата. Моќна и застрашувачка и величествена, каква што е веќе, таа е сепак само знаме на светото копје на Волјата, изгравиран запис на мечевите од Витезите – монаси на Телемата.
Исто така за „Љубов е законот, љубов под волја“ има извадок на мојот блог од авторизиранте коментари на Книга на Законот од Големиот Ѕвер позната под името „Законот е за сите“.
Еве и воведот во „Книга на Законот“ за да барем малку се запознаеш со темава на која си.
Еве и за смртта која секако не ја сметаме за никаков проблем. Еве и за слободата, се е тоа поврзано со чистата волја.

Ако сето ова ти е конфузно и спротивно од тоа што ти веруваш, седни во својата асана и медитирај.
Упс, вие не медитирате. Јогата сигурно е грев. Штета...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Не само фала, седни и работи и научи нешто поеќе за да не поставуваш прашања што веќе наназад се одговорени.
Зборот на Гревот е Ограничување. О мажу! Не одбивај ја твојата жена, ако и е волја! О Љубовнику, ако ти е волја, напушти! Не постои врска што ќе ги соедини разделените освен љубовта: се друго е проклетство. Проколнат! Проколнат нека биде со еони! Пекол.
И да, за да не заборавиме:
Зборот на Законот е Телема.
Кој не нарекува Телемити нема да згреши, само ако подобро погледне во зборот. Зашто во него се три степени, Пустиник, Љубовник и човек на Земјата. Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Не само фала, седни и работи и научи нешто поеќе за да не поставуваш прашања што веќе наназад се одговорени.

И да, за да не заборавиме:
Еве ветувам дека ќе учам, но пази се ако нешто незнаеш за православие!:tapp::)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom