Законот на Телема

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
31. Ако Моќта запраша зошто, тогаш Моќта е слабост.

КОМЕНТАР: Смешно е да се праша кучето зошто лае. Секој мора да си ја исполни својата вистинска Природа, секој мора да ја исполни својата Воља. Да се доведе тоа во прашање, значи да се уништи довербата и со тоа да се создаде инхибиција. Ако жената го прашува мажот, кој сака да ја бакне, зошто го прави тоа, и ако тој почне да објаснува, тој станува импотентен. Негов правилен потег е да ја наведе да му се повинува, а тоа во секој случај е она што и самата таа го сака.
Силата дејствува: природата на акцијата зависи од информацијата што ја прима Вољата, но еднаш штом се донесе одлука нема место за мудрување. Силата, навистина треба да биде апсолутно несвесна. Секој атлет е свесен дека неговата вештина, сила и издржливост зависат од спречувањето на умот да се вмешува во работата на мускулите. Еве еден едноставен експеримент. Држете некој товар со испружена рака. Ако одлучно го фиксирате вниманието на некои други работи, можете да го поднесете напорот на товарот многу подолго отколку, ако дозволите да мислите на тоа што се случува со вашето тело.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
51. Четири порти водат кон една палата; подот на таа палата е од сребро и злато; лапис лазули и јаспис се таму; и сите ретки мириси; јасмин и роза, и симболите на смртта. Нека тој влезе наизменично или одеднаш на четирите порти; нека застане на подот од палатата. Нема ли да потоне? Амн. Хо! воину, ако твојот слуга потоне? Но, постојат начини и начини. Затоа бидете отмени: облекувајте се сите во убава облека; јадете богати јадења и пијте благи вина и вина што се пенат! Исто така, исполнете се со љубов по волја, како ви е волја, кога, каде и со кого ви е волја! Но секогаш за мене.

КОМЕНТАР: Првиот дел на овој стих е поврзан со вториот само преку зборот "затоа". Тој се појавува за да опише иницијација или можеби Иницијацијата воопшто. Според мене, палатата е "Светата Куќа" или Универзумот на иницијантот на Новиот Закон. Четирите порти веројатно се Светлина, Живот, Љубов, Слобода - види "De Lege Libellum" (Liber 150). Лапис Лазули е симболот на Нуит, а Јаспис е на Хадит. Ретките мириси, веројатно се разновидни екстази или самади. Јасминот и Розата се хиероглифи на два основни Сакраменти, додека симболите на смртта можат да упатуваат на одредени тајни од добро познати егзотерични школи на иницијација, чии членови, со многу ретки исклучоци, немаат поим за што се работи.​
Потоа, тука се поставува прашањето дали иницијантот е способен да остане во тоа Место на Егзалтација. Ми се чини дека ова се однесува на аскетскиот живот, кој вообичаено се смета како неопходен услов за учество во овие мистерии. Одговорот на ова е дека "има начини и начини", а тоа значи дека нема неопходно правило. Ова е во согласност со нашето општо толкување на Законот; има толку правила колку што има и индивидуи.​
Овој збор "затоа" лесно е да се свати. Ние треба потоплно да уживаме во животот на апсолутно нормален начин, исто како што правеле одсекогаш сите големи и слободни луѓе. Единствената работа што треба да се запамети е дека секој е "Дел на Телото Божјо", Ѕвезда во Телото на Нуит. Бидејќи тоа е така, ние сме мотивирани да направиме најпотоплна експанзија на нашите различни Природи со посебно внимание на оние задоволства, кои не само што претставуваат средства за изразување на душата, туку и и помагаат да достигне повисоки развојни свери на тоа изразување.​
Извадок од​
"ЗАКОНОТ е за СИТЕ"​
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Liber Alef​
Glava XXIV​
DE VOLUPTATE POENARUM​
За радоста од болката​
Појди, сине мој, син на Сонцето, весели се во својата сила, како Воин, како Младоженец и уживај во задоволствата на Земјата, и во секоја Палата на Умот, секогаш одејќи од просто кон посуптилно, од грубо кон фино. Победи ја секоја одбојност во себе, совладај ја секоја аверзија. Асимилирај го целиот Отров, затоа што само тоа е корисно. Затоа постојано настојувај да спознаеш што е болно и продри во него, затоа што преку болката доаѓа вистинското Задоволство. Оние кој ја избегнуваат физичката или менталната болка, остануваат мали луѓе и во нив нема Доблест. Сепак биди претпазлив и немој да западнеш во онаа ерес која прави од Болката и самопожртвуваноста, мито за расипаниот Бог, за да си осигура некое идно Задоволство во еден замислен живот после смртта. Од друга страна, немој да се плашиш да ги разрушиш своите Комплекси, мислејќи со ужас, дека со тоа ќе ја изгубиш силата за создавање Радост на нивната одвоеност. А сепак во секое Венчавање биди храбар да ја потврдиш спиритуалната ревност на Оргазмот, фиксирајќи ја во некој Талисман, без разлика дали е тоа Уметност, Магика или Теургија.​
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
abe lugje.....ke vi umrit temava........
ipsi ......daj nekoj izvadok nema li .....od ova turlitavata.....
da ne umrime prosti....
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
ipsi ......daj nekoj izvadok nema li .....od ova turlitavata.....
da ne umrime prosti....
Кај оставам јас ти да умреш прост!
Еве нешто како за тебе.
А бидејќи пројави интерес, може и приватни часови да ти организираме. :)
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
А бидејќи пројави интерес, може и приватни часови да ти организираме. :)
Fala na pokanata.....obavezno doagjam.
Pogotovo mi se svigjat onaa inicijacijata so sex....ako se mozit
Jas budala odam da meditiram....a i Osho veli deka sexot e najdobra meditacija
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Fala na pokanata.....obavezno doagjam.
Pogotovo mi se svigjat onaa inicijacijata so sex....ako se mozit
Jas budala odam da meditiram....a i Osho veli deka sexot e najdobra meditacija
Ќе морам да те разочарам, ама јас тешко да те иницирам со секс.....јас сум од "старомодните" иако немам ништо против "модерните".:)
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Ќе морам да те разочарам, ама јас тешко да те иницирам со секс.....јас сум од "старомодните" иако немам ништо против "модерните".:)
Pogresno me svati izgleda...i jas sum "staromoden"......
Na videoto vidov zgodni zenski,pa zatoa mislev da se iniciram....
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Уживај....има нешто што се вика сарказам....ама со ред, ќе научиш, битно прост не умираш, без гајле.;)
Me prosvetli...;)......polesno mi e sega.....i da umram da ne zalam
Nego, koga veke sme kaj umiranjeto,budistite veruvaat vo reinkarnacija,a vie kroulistite vo shto veruvaat posle smrta???
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Me prosvetli...;)......polesno mi e sega.....i da umram da ne zalam
Nego, koga veke sme kaj umiranjeto,budistite veruvaat vo reinkarnacija,a vie kroulistite vo shto veruvaat posle smrta???
Во врска со болдот:

39. Зборот на Законот е Телема.
40. Кој не нарекува Телемити нема да згреши, само ако подобро погледне во зборот. Зашто во него се три степени, Пустиник, Љубовник и човек на Земјата. Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.

Во врска со прашањето:

Зарем не е екстазата на Нуит свесност за непрекинатоста на постоењето, сеприсутност на нејзиното тело? Се што те повредувало било она кое не си го познавала, како што тоа бледнее од тебе ќе знаеш како никогаш дека се е едно. И пак, таа кажа:

Јас давам незамисливи радости на земјата: сигурност, не верба, за животот, над смртта.

Ова си го знаела. Времето кое ги јаде своите деца нема моќ над оние кои не сакаат да бидат деца на Времето. За оние кои се познаваат себеси како бесмртни, кои живеат во вечноста, свесни за Нуит, на нејзиниот престол на кочијата на сонцето, нема смрт каква што луѓето ја нарекуваат смрт.
извор
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Уф уф сеуште темата не умира :)
Браво дечки... изненаден од вашиот сарказам и вашата ревност за „истражување“!
Me prosvetli...;)......polesno mi e sega.....i da umram da ne zalam
Nego, koga veke sme kaj umiranjeto,budistite veruvaat vo reinkarnacija,a vie kroulistite vo shto veruvaat posle smrta???
Телемитите не веруваат... го избегнуваат тој збор, тој поим...
Методот на науката, цел на религијата
Подобро да знаеме, отколку да веруваме!

93 93/93 момци и девојки :*
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Телемитите не веруваат... го избегнуваат тој збор, тој поим...
Методот на науката, цел на религијата
Подобро да знаеме, отколку да веруваме!
Znaci li toa deka znaete samo deka postoi smrta...
I posle toa shto???...ke se pretvorime vo prav i pepel..
Razlicni religii imaat razlicni celi
Pa zoshto togash pravete inicijacii...koja e celta???
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 09:52 ---
Во врска со прашањето
Јас давам незамисливи радости на земјата: сигурност, не верба, за животот, над смртта.

Ова си го знаела. Времето кое ги јаде своите деца нема моќ над оние кои не сакаат да бидат деца на Времето. За оние кои се познаваат себеси како бесмртни, кои живеат во вечноста, свесни за Нуит, на нејзиниот престол на кочијата на сонцето, нема смрт каква што луѓето ја нарекуваат смрт.
Ipsi...
Zar ne mozesh da ja vidish kontradiktnosta na postov???
Em nezamislivi radosti na zemjata,ne verba za zivot posle smrta....em nema smrt....
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ipsi...
Zar ne mozesh da ja vidish kontradiktnosta na postov???
Em nezamislivi radosti na zemjata,ne verba za zivot posle smrta....em nema smrt....
Читај убаво, не за живот после смртта, туку над смртта.
Нуит е се што постои, а секоја "ѕвезда" е дел од Телото на Нуит.
Смртта е само враќање кон изворот, моментот кога сваќаш дека се е едно:

Зарем не е екстазата на Нуит свесност за непрекинатоста на постоењето, сеприсутност на нејзиното тело? Се што те повредувало било она кое не си го познавала, како што тоа бледнее од тебе ќе знаеш како никогаш дека се е едно.

За оној кој пишува на темава со намера да бара контрадикции наместо одговори, нормално е дека се ќе му биде нелогично и контрадикторно, но тоа си е ваше право.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Читај убаво, не за живот после смртта, туку над смртта.
Нуит е се што постои, а секоја "ѕвезда" е дел од Телото на Нуит.
Смртта е само враќање кон изворот, моментот кога сваќаш дека се е едно:

Зарем не е екстазата на Нуит свесност за непрекинатоста на постоењето, сеприсутност на нејзиното тело? Се што те повредувало било она кое не си го познавала, како што тоа бледнее од тебе ќе знаеш како никогаш дека се е едно.

За оној кој пишува на темава со намера да бара контрадикции наместо одговори, нормално е дека се ќе му биде нелогично и контрадикторно, но тоа си е ваше право.
Nashe pravo i nasha slobodna volja,da se smeeme na gluposti i da barame kontradiktnosti......toa barem kaj vas kroulanite ne e zabraneto....
Nego jas sum star covek i mi se blizi smrta....kaj e izvorot da se napijam i jas od nego .....a ne e losho i da mi kazish kade posle smrta,ako ne ke se pisham budist,oni barem obekaat reinkarnacija!!!:unsure:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom