Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
31. Ако Моќта запраша зошто, тогаш Моќта е слабост.
КОМЕНТАР: Смешно е да се праша кучето зошто лае. Секој мора да си ја исполни својата вистинска Природа, секој мора да ја исполни својата Воља. Да се доведе тоа во прашање, значи да се уништи довербата и со тоа да се создаде инхибиција. Ако жената го прашува мажот, кој сака да ја бакне, зошто го прави тоа, и ако тој почне да објаснува, тој станува импотентен. Негов правилен потег е да ја наведе да му се повинува, а тоа во секој случај е она што и самата таа го сака.
Силата дејствува: природата на акцијата зависи од информацијата што ја прима Вољата, но еднаш штом се донесе одлука нема место за мудрување. Силата, навистина треба да биде апсолутно несвесна. Секој атлет е свесен дека неговата вештина, сила и издржливост зависат од спречувањето на умот да се вмешува во работата на мускулите. Еве еден едноставен експеримент. Држете некој товар со испружена рака. Ако одлучно го фиксирате вниманието на некои други работи, можете да го поднесете напорот на товарот многу подолго отколку, ако дозволите да мислите на тоа што се случува со вашето тело.