Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163

Знаев дека имаше есеј за Таротот на блогот, па ете еден извадок:

„Кабалистичките атрибуции на Тарот картите се меѓу најчуваните тајни на деветнаесетиот и раниот дваесети век.
Додека континенталните автори како Елифас Леви, Папус или Максвел ги проучувале атрибуциите на Таротот и неговите врски со кабалата, намерно вметнувале “превези или велови“ за да ги збунат неиницираните корисници на Таротот. Меѓутоа, животната цел на Кроули била да ги направи клучевите на патеките и убавите симболизирања на Таротот достапни за сите. Неговата проценка била дека магиските и мистичните тајни се спознаваат само со директно искуство а директно искуство се постигнува само со индивидуални достигнувања. Тајните адекватно можат и сами да се сочуваат иако се јавно објавени.
::::
Намерата на Кроули била да Тот Таротот служи како магиски атлас и водич низ универзумот за новиот Еон на Хорус. Работата на таа опширна Тарот енциклопедија се базира на целокупната окултна филозофија. Книгата е референца која ќе го одреди севкупниот тек на магиската и мистичната мисла за следните 2000 години.
Така, Тот Таротот е прв глобален Тарот кој црпе од симболизмот на многу култури и периоди од минатото и сегашноста на истокот и западот.“
- Што е Тарот?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
@Хептаграм XI @MIKI1

Изгубивте компас? Темава не е за христијанството. Ајде продолжете си на темана за дискусија.

П.С. Привремено затворена заради хемиско зачистување. Ќе биде отворена наскоро.

П.С.С. Изменети неколку мислења, последните десетина ви се префрлени во темата за дискусија која е поопшта. Оваа тема ви е отворена.
Припазете се од офтопици и навреди за да не се казнуваме.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
855
Мислам дека полесно и побрзо ќе научам како да клонирам отколку да научам нешто за телемава.
Хепта, многу е тешка, многу обемна...вау...ги читав прашањата од твојот тест за езотерија...научна фантастика...хаха..ниту на едно прашање од 24 немав појма...вау...
Библијата е сказна за пред спиење...немам зборови, воодушевена сум од твоето сезнаење.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Да сакаш да научиш - ќе научиш... Но како што те следам во писанијата, тебе ти е поблиску стариот еон и религиите и учењата за светот од тој период отколку новото време...

Како што минува времето, се повеќе ќе има луѓе кои дале свое мнение за Телема за некој аспект од животот.
Не ти треба сечија мисла од секој што рекол за да разбереш... ќе се погоди човек со ист симболичен јазик како твојот и читајќи го - ќе разбереш одлично колку е се едноставно.
И философијата и практичното и животот и смртта и богови и демони, и ритуали и пракса и духовно и материјално... :)
Се е обемно и премногу на почеток... немаме лек за тоа, освен да ви кажеме дека секој започнал со тој прв чекор кога се му изгледало ненормално комплексно и збунувачко...
Библијата е 1000+ страници - не е за пред спиење, многу крв има низ тие страници, додека „Книгата на Законот“ - 220 стихови, интересни размисли, скриени пораки... Liber CCXX е математика на новото време :)

Тестот за Езотерија е за оние кои запнале да се заморуваат со различни учења, да видат што знаат и од каде...
Не е поврзано со Телема и О.Т.О. стриктно... пишува на почеток.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Одамна муабетено, но да се потсетиме... да не заборавите :)


Како ти знаеш за некој друг што е пожелно што не? :)
Тие старо-еонски финти не одат со Новиот Еон. Тоа го знаеме нели веќе?


Како што кажа @Ipsissimus : Да, секако дека е (дозволено да се напушти Редот). Останува само обврската тоа што било доверено на членот да остане за него. Во смисла на знаци за распознавање, лозинки, идентитети на други членови и слично.
Јас знам човек кој што повеќе не е активен во Редот. И ништо не му фали :)

Секој може да одстапи од обврските заради најразлични искушенија заради кои ние, немаме потреба да го осудуваме Братот или Сестрата, ниту пак да зборуваме како тоа не е пожелно. Тоа се глупости и лаги раскажувани од вас, кои што не сте членови на Редот, ниту пак ќе бидете..


Сето друго како одговор е неверодостоен бидејќи, на пример ти, не си во Редот и не знаеш ништо за нас. Затоа сме ние тука, да објасниме нешто, колку што можеме, како дел од Редот. Нормално, не бараме да ни верувате - бараме да истражувате, и ако некому му е волја и се пронајде во она што го нуди овој Телемитски Ред - да побара пристап во нашите редови, како војник на Сонцето!
И да оставиме малку шпекулации... нормално... та не бидува се јавно.

Ајде, одете, собирајте негативни изјави за О.Т.О. по нет... ако тоа е ваша волја заради која сте тука на Земјата ;)

P.S. И по 100 пат: правите разлика од О.Т.О. како Ред и Телема како Закон? Воопшто не, нели...?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Ете некој некогаш прашал: што е наградата...
Секогаш човекот има навика да премерува дури и она што не го знае... мора да има илузија на добивка инаку човекот воопшто нема да се зафати да ја заврши работата!
Тоа од мали ги учат децата... за жал.

Кај нас се е награда :)
Работи и најди задоволство во работата...
Се зависи од човекот, од Ѕвездата во врска со наградите и целите...
Кај христијаните имаме награда: спасување од гревови и вечен живот. Тоа е за сите! Догма!
Философијата на Телемата пак вели дека Зборот на Гревот е ограничување и секако дека секој е вечен... Што е твојата награда и цел во животот? Воопшто не ме интересира, тоа е твоја работа, не моја. Би било злобно некој да дефинира за друг целта и наградата на нечиј живот кој што е еден, индивидуален и вечен!
Наградата е бесконечни искуства, ако се дава некаков општо одговор... јас така би рекол.



1. „Јас сум Магичарот и Егзорцистот. Јас сум оска на тркалото, и коцка во кругот. “Дојдете кон мене” е будалест израз: зашто јас сум тој што оди.“ - Книга на Законот, Глава II, Стих 7
+ There is no god, but man. (како сакаш го разбери ова).
2. Со работа и искуство. Секој метод што дава исти или слични резултати кај други - значи го бидува и телемитот и формулата што ја споделил :)
3. Ќе ја проба алатката. Како инаку...? Ќе ја гледа?
4. Зависи од Ѕвездата и нејзините минати патишта! Може многу може 9 месеци!
5. Тоа не значи дека е позната целта и секоја индивидуа МОРА да оди различен пат од секоја друга (види во врска со наградата погоре)!



Воопшто не си разбрал што ти пишува момчакот.
Ќе оставам тој да ти дообјасни...

Се читаме :)

П.С. И онака, за да кажам и јас нешто :

Гледано од денешна перспектива, не гледам дека човекот е ослободен од моралните, етичките, политичките и економските пранги со кои самиот се затвора. Сеуште насекаде по светот, па и во Македонија – човекот не е слободен и нема права. Не зборувам тука за некакви правни закони со кои му се дозволуваат или одземаат некакви права на поединецот. Зборувам за одземање права на една индивидуа од страна на друга или група на индивидуи. Тоа „одземање права“ не мора да биде дирекнто надворешно дејствување за да ве попречи некој да не бидете тоа што ви е волја и природа. Многу полошо е да ве убедат дека вашето право да ја извршувате својата волја и никоја друга, да мислите со своја глава, да љубите како сакате и кого сакате е погрешно и штетно за опшеството од кое сте секако и самиот дел.

Зошто е тоа така е многу лесно да се одговори!

Поединецот нема знаење, волја и практично искуство како да живее со различните луѓе околу него! Човекот е научен да го сака она што му е блиско, познато и што го разбира, а да гради одбранбен ѕид кон се што му е туѓо, различно од неговите идеи за „правилно“ етички или морално, што води нормално кон силување на правата на поединецот во извршувањена неговата волја. Многу е лесно на таков ум да се дејствува однадвор и да се натера да изгради уште поголем ѕид во однос на различните од него! Нормално, додадете ја тука и потребата да се групира човекот во стадо и ете не – секој на секого тиранин!
- Извадок од „Liber Oz - мои коментари“
Тука сум се заморувал да ви посочам од каде што да почнете да истражувате... :)
Не се битни предавањата како информации... :)



Магика е...
  • Што е магика [линк] (дефиниции, ако може да се дефинира нешто такво)
  • Магика vs. Магија [линк] (малку подлабоко разграничување на овие два поима кои се мешаат како да се близнаци)
  • Магика vs Зло [линк] (кога и како е потребна магиката)
  • Философија на Магиката [линк] (извадок од „Препород на Магиката“ на А. Кроули, достапна на македонски јазик)
Може да најдеш уште многу инфо и на мојот блог, а и по нет, и тоа различни информации... но сите се сложуваме во едно: додека не пробаш, а за тоа треба знаење во теорија, не знаеш што е магика и дали функционира и како !
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163

„Многу од ритуалните обичаи на Гностичката Католичка Црква личат на христијанските навики.
Всушност сржта на ритуалите на E.G.C. е предхристијанска, како и на слични христијански ритуали.
Мистеријата Озирис – Христос помина, а мистеријата на Телема и Хорус започна.

Христијанската историја долго време ги прикажуваше гностиците како христијанска група еретици.
Тоа е бесмислено. Гностицизмот е древна филозофија на Илуминизмот.

Гностиците не зависат од слепа вера, гностицизмот се базира на рационално откривање на долните работи и визионерско разоткривање на горните работи.
Тоа било вештина на мудреците пред да биде поставен каменот на камен.“

- Гностичка Католичка Црква, E.G.C.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Едно потсетување... веќе 6 години потсетувања и учење и пак слабо, ми доаѓате и ми плачете како стариот еон е одлично време за живеење и разбирање на светот :)

„Оваа Книга го објаснува универзумот.

Основните елементи се Нуит – Простор, т.е. севкупните можности од сите видови и Хадит – било која точка која има искуство на тие можности (Оваа идеја, заради литерарни погоднисти, симболизирана е преку египетската божица Нуит, жена што се свива долу как Свод на Ноќното небо. Хадит е симболизиран како Крилестиот Глобус во срцето на Нуит).

Секој настан е соединување на една монада со едно од нејзините можни искуства.

„Секој маж и секоја жена е ѕвезда“, т.е. збир на таквите искуства, кои постојано се менуваат со секој нов настан, и коишто влијаат врз него или неа свесно или несвесно.

Секој од нас има свој сопствен универзум, но тоа е истиот универзум за секого се додека тој го вклучува сето можно искуство.
Тоа подразбира проширување на свеста за да ги вклучи сите други свести за себе.“

- Мал Вовед, Liber AL vel Legis svb figura CCXX

 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Да Ве потсетам за 12 Август и Законот на Телема...

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

Извадок од Второто Поглавје на „Книгата на Законот“:

34. Но вие, о мој народе, дигнете се и разбудете се!
35. Ритуалите нека бидат изведувани правилно со радост и убавина!
36. Постојат ритуали на елементите и прослави на сезоните.

37. Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста.
38. Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот.
39. Прослава за Тахути и детето на Пророкот – тајна, О Пророку!
40. Прослава за Врвниот Ритуал, и прослава за Еквинокс на Боговите.
41. Прослава за оган и прослава за вода; прослава за живот и уште поголема прослава за смрт!
42. Прослава секој ден во вашите срца во радоста на мојата наслада!
43. Прослава секоја ноќ за Ну, и задоволство на крајниот занес!
44. Навистина! празнувајте! радувајте се! нема страв од сега натаму. Разложувањето, и вечната екстаза се во бакнежите на Ну.
45. Смртта е за пците.


ЗА многу години денешниот празник, Луѓе на Земјата, на кои не ви е дадено да управувате со Земјата!
Денес е ден од далечната 1903 година, кој што водеше кон диктирање на „Книгата на Законот“ (1904 година)!
Роуз е Скерлетната Жена преку која дојде Информацијата, каде и кога и кој! :D Да, Жена!


За повеќе инфо - видете во „Еквинокс на Боговите“ или The Equinox Vol. III No. III!

И сега - бидете среќни и исполнети со Живот - празнувајте во вашите срца, бидејќи Тој е дарител на Живот, а неговото спознавање, спознавање на смртта! :D

Љубов е законот, љубов под волја


 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Бидејќи многумина сте налетувале на вакви „цитати“ од Кроули, од нашите Свети книги од Класа А и мислат дека од еден цитат од 3 реченици се е кажано, да Ви објаснам за оваа слика подолу.

Цитатот е од „Храмот на Кралот Соломон“, Еквинокс Том I, Бр.3 . Тоа е битно за да знаете каде да читате, ако не сте мрзливи....

Пред цитатов што е лупнат на сликава и од која њу-ејџерите веднаш ќе гракаат за просветлувања, старо-еонските „мистици“ ќе зборуваат за егоизам и триста други глупости кои немаат врска едно со друго ниту со Телема, се зборува за магискиот круг.
За аспирантот да разбере дека кругот е еден. Има одење на лево и на десно. Дека за Магусот ниту има одење, тој знае каде да го прекине кругот и од него да направи пентаграм, хексаграм, цел универзум...
Аспирантот кој започнува да го истражува кругот, истражувајќи се себе си - мора да го најде тој „keystone“ кој што се споменува на сликава подолу...


Пред цитатов на сликава стои ова:

„But first he (the Aspirant) must travel the circumference of the circle; and, when mystically he has discovered that the goal is the starting-point,
and where he entered that circle there also will it break and open out, so that the adytum of its centre becomes as an arch in its outer wall,
then indeed will he be worthy of the name of Magus.“
- Temple of Solomon the King, Equinox Vol. I, No. 3

Трите точки што се испуштени се всушност „to this arch“ , а целиот цитат е:

„The keystone to this arch some have called God, some Brahma, some Zeus, some Allah, some even IAO the God of the sounding name;
but in truth, O seeker, it is Thy-SELF — this higher dimension in which the inner becomes the outer, and in which the single Eye alone
can see the throbbing heart, Master of the entangled skein of veins. “



Затоа ви велам дека ми немаат вредност вашите размисли за Кроули, Телема, О.Т.О., тајни редови, иницијации - немате ниту знаење, ниту искуство ниту потреба од сите овие работи кои доаѓате да ги коментирате залудно... и погрешно ;)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Тоа е тоа... сликовито што ги „јаде“ старо-еонскире религии... секогаш со оправдување дека убавото и полезното на широко ќе те носи кон пеколот, затоа држи се за футата од црквата и кај ти вели да одиш - да одши! ;)

 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа е тоа... сликовито што ги „јаде“ старо-еонскире религии... секогаш со оправдување дека убавото и полезното на широко ќе те носи кон пеколот, затоа држи се за футата од црквата и кај ти вели да одиш - да одши! ;)

Хепта (пак...),

во контекст на сцената од сликицава; ако постирам линк за порно-сајт, дали сајтот ќе ја покаже правата „слобода„ од Телема?...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Кај најде сега порно сајтови... матен ум имаш, види што мисли... :)

Еднаш рече ти се гади од Телема... мазохист си?
А и ако ти се гади од Телема, а по муабетот што го направи гледам дека за тебе „слобода“ значи она што го содржи еден порно сајт - дали е тоа нормално?
И дали тебе ти се гади од секс?

Самото постирање на таков сајт всушност е твоја слобода да го направиш тоа ако имаш таква желба. Работата е што имаш право, но нема никој потреба да ти овозможи ти да ги уживаш своите права. Мораш сам тоа да сработиш.

Но, форумот има правила, така да иако имаш слобода да го направиш тоа, не е мудро - затоа велиме универзумот на поединецот мора да се прошири до максимални граници обединувајќи многу искуства :)

Самото тоа што ти доаѓаат вакви размисли во умот означува слобода од старо-еонските робски религии. Изненадуваш...
Вие христијаните не одите на порно сајтови и немате никакво сексуално задоволување?
За сексуално образование знам дека немате - тоа ви се табу теми, полни со „црквата вели“ или „господ вели“... а заборавате дека боговите немаат секс, освен ако не се оние од Стара Грција :D

П.С.
Бидејќи и од робовите се учи и те потсетуваат на многу работи ете, да ги потсетам оние кои ги интересира Телема: за Зракот познат како Слобода(Liberty) кој што доаѓа од Законот (Law) можете да го прочитате трактатот на Мајсторот Терион и да се запознаете со идејата за Слобода.
Исто и Liber CL - De Lege Libellum каде се дадени 4-те зраци на Законот!

Мислам дека нема потреба да ве упатувам на „Книгата на Законот“ - тоа е must четиво ако некој сака да проникне во тајните на Законот и Новиот Еон.

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom