Многу ме интересира една работа во врска со Јогата, како дел преку кој што Телемитот си ги одмерува силите и го смирува умот. Зошто Јога? Дали било такво времето на Кроули? Почетоци на Јога во западот и Велика Британија. Можам да забележам дека Кроули одлично ја познавал Јогата, не само што напишал цела книга за неа туку и во другите книги можеме да видиме како тој зборува за неа и тоа постојано спомнува термини на санскрит пример во Магика без Солзи.
Посебно нешто што ме интересираше беше од делот на:
Асана
Сметам дека нема потреба да кажувам што е асана, веќе пишува на блогот на Хептаграм и за Асана и Пранајама. Туку ме интересираше во врска со Кроули тој практикувал 4 асани, кои јас не можам да ги најдам во ниту еден систем на Раџа Јогата. Асаните што тој ги изведувал се прилично тешки, колку и да изгледаат едноставно. Посебно се интересирам пример лично за себе, јас сметам дека полулотусот или пак Padmasana е добра и соодветна за мене, не е некоја екстремна положба и затоа ми е подобна за медитација и одмор. Кроули исто така вели дека е потребно да најдеме своја положба во која што би можеле да се одмараме што е можно подолго. Јас лично на Јогата гледам како предизвик и би сакал да надминам многу во неа, но се плашам од можни физички последици. Зошто? Пример што би се случило со моето тело доколку истраам 4 часа во Padmasana, рекордот на полу лотус ми е 2ч. и 45м. но навистина не бев задоволен од тоа затоа што умот ми беше расеан цело време иако телото ми беше скоро не подвижно. Во Padmasana на почетокот знае да биде агонично и болно, но со текот на времето станува удобно и следуваа некои прекрасни чувства. Обично истрајувам 1ч. и ништо повеќе поради страв дека би можел да повредам некој нерв или мускул или тоа што самата циркулација и нејзиното запирање би направила некаква компликација - додека Јогините велат дека си мајстор на положбата доколку истраеш 3 часа. Што мислите од научен аспект дали е во ред да се ескпериментира со Јогата на тој начин и дали се можни некакви физички компликации?
Пранајама:
Во едно од писмата во Магика без Солзи - Кроули пишува дека 10-20-30 не дава резултати дури и да се практикува со месеци. Дали ова се однесува на темпото на пранајамата? Потоа вели дека доколку се зголеми на 10-20-40 резултатот е подобар и поголем. Што значи дека во еден круг треба да се вдишува 10 OM-a, да се држи здивот 20, а да се издишува 40?!
Nadi-Shodana знае да биде прекрасна пракса, но јас знам да се почувствувам морбидно и на 3-6-12 не пак на 10-20-40.