Абе ајде. Да не сведуваме на атоми сега некој работи, секако филозофијата е само глупост, што фајде?! Немаше што друго да кажеш па кутриот ти... без конструктивност. Ништо, седи си филозофирај си. Коа човек филозофира велите пракса требало. И така се браните поделени во вечноста...
За да видиш колку е потребна филозофијата во науката разгледај нешто од Денет или посебно од Лоренс Краус. Човекот во "Everything from Nothing", прво кажува како филозофијата е тотално непотребна, со неа ништо нема да се постигне итн итн, како тоа науката веќе го открила настанокот на универзумот...за веднаш потоа да почне максимално да филозофира и да шпекулира, расфрлајќи се со поими како квантни флуктуации, квантни полиња и поими кои се недокажани, недокажливи и максимално да западне во филозофирањето кое тој самиот претходно толку го плукаше.
Како мал пример само на кратко, зборува дека универзумот настанува како резултат на квантна флуктуација која се јавува во квантните полиња кои постоеле пред самата појава на универзумот, вметнува тука поими како суперсиметрија итн итн...Од таа квантна флуктуација се појавува синглуаритетот од кој тргнува и самиот Биг Бенг.
Е сега тука има неколку проблеми, затоа што тој не објаснува од каде се нашле тие квантни полиња, каде се наоѓаат во просторот (имајќи в предвид дека просторот (простор-времето ако го прашаш Ајнштајн) како поим не е дефиниран пред Биг Бенг), зошто се појавиле тие полиња и што е најважно ги применува законите кои важат во овој Универзум, а кои не постоеле пред неговата појава затоа што ни самото простор-време не постоело пред тоа, па никакви закони кои ние ги познаваме сега не би можеле да важат ако не постои Универзумот. Што значи дека човекот максимално шпекулира и филозофира, односно не е ништо поразличен од на пример атомизмот на Демокрит или теоријата за идеите на Платон.
Еве едно интервју од Џорџ Елис кој зборува токму на оваа тема. (Можеш да го гледаш и предавањето на Краус на јутуб).
http://blogs.scientificamerican.com/cross-check/physicist-george-ellis-knocks-physicists-for-knocking-philosophy-falsification-free-will/
За Денет случајот е ист. Тој пробува да го објасни проблемот на свеста велејќи дека не постои воопшто т.н "hard problem of consciousness" (претставен од Чалмерс), и во тие негови објаснувања до толку се вплеткува во филозофирање (има и друга тема за проблемот на свеста), што нема поента тука да го разглобуваме ова.
Понатаму, филозофијата е застапена и за сега е нераскинлив дел од Квантната Механика, освен можеби Копенхагеншката интерпретација која ги остава работите status quo велејќи дека некои работи како комплементарноста бран-честица се такви какви што се и не се труди да ги објасни. Ако ги земеш Many Worlds интерпретацијата, имплицитниот ред на Дејвид Бом, ќе видиш дека има доста филозофија во нив, посебно во оваа втората, и тоа не е воопшто лошо, затоа што тоа е тоа што дава поттик за понатамошно истражување, што ја разгорува имагинацијата и желбата да се осознае уште повеќе. Па Никола Тесла еден, ако не и најголемиот од умовите во историјата, бил длабоко навлезен во филозофијата, посебно ведската. Затоа според мене филозофијата е потребна во науката, затоа што без неа науката би била само сувопарни калкулации.
Се извинувам за оф-топикот, за ова можеби треба и посебна тема.