Законот на Телема

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јас текстот го прочитав, а мене ми е смешно што се обидуваш да бидеш вешт јасновидец, ама ете, згреши!
Во тој случај уште потрагикомична е ситуацијата, бидејќи ништо не си разбрал. Ако си го разбрал, ќе знаеше дека се зборува за луѓе што ја сметаат филозофијата за глупост а спиритуалноста за заблуда.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Во тој случај уште потрагикомична е ситуацијата, бидејќи ништо не си разбрал. Ако си го разбрал, ќе знаеше дека се зборува за луѓе што ја сметаат филозофијата за глупост а спиритуалноста за заблуда.
Е не не е! :)

Најглупо од се е што те изневерија интуитивните способности (за тоа дали сум прочитал или не) :pos:
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Кутриот ти :)
Абе ајде. Да не сведуваме на атоми сега некој работи, секако филозофијата е само глупост, што фајде?! Немаше што друго да кажеш па кутриот ти... без конструктивност. Ништо, седи си филозофирај си. Коа човек филозофира велите пракса требало. И така се браните поделени во вечноста... :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Liber Al vel Legis II
56. Бегајте! Вие потсмевачи; иако се смеете во моја чест нема да се смеете долго: тогаш кога сте тажни знајте дека сум ве напуштил.
57. Тој што е праведен и ќе остане праведен; тој што е гнасен и ќе остане гнасен.
58. Да! не верувајте во промена: ќе бидете тоа што сте, а не друго. Затоа кралевите на земјата ќе бидат Кралеви засекогаш: робовите ќе служат. Нема никој што ќе биде понижен или воздигнат: сѐ е како што било секогаш. Сепак има маскирани, мои служители: може оној питач да е Крал. Кралот може да ја избере својата облека по волја: не постои сигурен тест: но питачот не може да ја скрие својата беда.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Абе ајде. Да не сведуваме на атоми сега некој работи, секако филозофијата е само глупост, што фајде?! Немаше што друго да кажеш па кутриот ти... без конструктивност. Ништо, седи си филозофирај си. Коа човек филозофира велите пракса требало. И така се браните поделени во вечноста... :)
За да видиш колку е потребна филозофијата во науката разгледај нешто од Денет или посебно од Лоренс Краус. Човекот во "Everything from Nothing", прво кажува како филозофијата е тотално непотребна, со неа ништо нема да се постигне итн итн, како тоа науката веќе го открила настанокот на универзумот...за веднаш потоа да почне максимално да филозофира и да шпекулира, расфрлајќи се со поими како квантни флуктуации, квантни полиња и поими кои се недокажани, недокажливи и максимално да западне во филозофирањето кое тој самиот претходно толку го плукаше.
Како мал пример само на кратко, зборува дека универзумот настанува како резултат на квантна флуктуација која се јавува во квантните полиња кои постоеле пред самата појава на универзумот, вметнува тука поими како суперсиметрија итн итн...Од таа квантна флуктуација се појавува синглуаритетот од кој тргнува и самиот Биг Бенг.
Е сега тука има неколку проблеми, затоа што тој не објаснува од каде се нашле тие квантни полиња, каде се наоѓаат во просторот (имајќи в предвид дека просторот (простор-времето ако го прашаш Ајнштајн) како поим не е дефиниран пред Биг Бенг), зошто се појавиле тие полиња и што е најважно ги применува законите кои важат во овој Универзум, а кои не постоеле пред неговата појава затоа што ни самото простор-време не постоело пред тоа, па никакви закони кои ние ги познаваме сега не би можеле да важат ако не постои Универзумот. Што значи дека човекот максимално шпекулира и филозофира, односно не е ништо поразличен од на пример атомизмот на Демокрит или теоријата за идеите на Платон.
Еве едно интервју од Џорџ Елис кој зборува токму на оваа тема. (Можеш да го гледаш и предавањето на Краус на јутуб).
http://blogs.scientificamerican.com/cross-check/physicist-george-ellis-knocks-physicists-for-knocking-philosophy-falsification-free-will/

За Денет случајот е ист. Тој пробува да го објасни проблемот на свеста велејќи дека не постои воопшто т.н "hard problem of consciousness" (претставен од Чалмерс), и во тие негови објаснувања до толку се вплеткува во филозофирање (има и друга тема за проблемот на свеста), што нема поента тука да го разглобуваме ова.

Понатаму, филозофијата е застапена и за сега е нераскинлив дел од Квантната Механика, освен можеби Копенхагеншката интерпретација која ги остава работите status quo велејќи дека некои работи како комплементарноста бран-честица се такви какви што се и не се труди да ги објасни. Ако ги земеш Many Worlds интерпретацијата, имплицитниот ред на Дејвид Бом, ќе видиш дека има доста филозофија во нив, посебно во оваа втората, и тоа не е воопшто лошо, затоа што тоа е тоа што дава поттик за понатамошно истражување, што ја разгорува имагинацијата и желбата да се осознае уште повеќе. Па Никола Тесла еден, ако не и најголемиот од умовите во историјата, бил длабоко навлезен во филозофијата, посебно ведската. Затоа според мене филозофијата е потребна во науката, затоа што без неа науката би била само сувопарни калкулации.
Се извинувам за оф-топикот, за ова можеби треба и посебна тема.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Да, наведено е во текстот што е од Кроули а што од авторот на остатокот од есејот.
УУуууу не знаев дека постојат толку видови атеизам.
И дека сите се погрешни.
Звучи познато...;)[DOUBLEPOST=1457604113][/DOUBLEPOST]
Дека авторот многумина нема да го разберат, посебно тоа што цитирал дела од Кроули (или Роберт Антон Вилсон) кои малкумина ги имаат прочитано, нема да го разберат.

Премногу краток есеј за да може да се дообјасни целосно, премногу малку време за да се напише книга некому за да разбере повеќе.

„...сè уште постојат луѓе кои веруваат дека здраворазумската наука има во најмала рака пријателски став за Атеизмот и Материјализмот во нивните груби и помилитантни облици.“
--- Science and Buddhism, Collected Works of Aleister Crowley, Vol. II

Напишано 1902, а важи и те како денес...

Здравје, ќе стои неколку години па ќе го подобри некој разбирање од денес.

П.С. Авторот на есејот колку што знам никогаш не бил по форуми, а толку добро ги опишал „новите атеисти кои се научници за се“ кои се впуштаат во секакви расправи колку да се крева врева наоколу, расправајќи сe за ова или она. :D
Само болдот.
За жал да.
И Атеистите страдаат од она што го кажа Хокингс: Најголем непријател на знаењето не е незнаењето туку илизијата од знаење.
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.838
Поени од реакции
12.292
Вселенскиот патник прогласувајќи ја филозофијата како глупост користи заштитен механизам со кој очајно се обидува да се вклопи и идентификува со мноштвото т.е. убедувајќи ги другите се убедува себеси.
Глупост била бе :tapp:
Тоа на пример би го ставило под Кроулиевата точка два:

2. Очаен бедник, кој барајќи го Господ насекаде и не наоѓајќи го, мисли дека сите се слепци како него и дека ако тој не успеал - баш тој, трагачот по вистината! - тоа е затоа што не постои цел. Во неговиот плач има болка, додека кај ништожниот глупак има самозадоволство и надуена горделивост. Обајцата имаат заболено Его.
 
Не, тоа беше реакција само за некој луѓе што со својата ароганција и его ме нападнаа од сите страни и да, морав да користам заштитен механизам доволно соодветен за таквите кој само филозофираат и зборуваат за некаква пракса, а единствена цел им е да доминираат луѓе на форуми, што фајде? Јас не се кријам зад симболи, а не знам за каков госпот зборуваш, не барам јас никаков госпот. Уствари какви луѓе, нема да ме чуди да е еден човек зад сето ова, со повеќе профили на кајгана, само да си го дуе егото и да покаже дека освен О.Т.О се друго може да се негира и смета за ,,грешно" :)
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.838
Поени од реакции
12.292
Не, тоа беше реакција само за некој луѓе што со својата ароганција и его ме нападнаа од сите страни и да, морав да користам заштитен механизам доволно соодветен за таквите кој само филозофираат и зборуваат за некаква пракса, а единствена цел им е да доминираат луѓе на форуми, што фајде? Јас не се кријам зад симболи, а не знам за каков госпот зборуваш, не барам јас никаков госпот. Уствари какви луѓе, нема да ме чуди да е еден човек зад сето ова, со повеќе профили на кајгана, само да си го дуе егото и да покаже дека освен О.Т.О се друго може да се негира и смета за ,,грешно" :)
Ок, не навлегувам во О.Т.О иако користев цитат од Кроули. Реакцијата беше чисто ради филозофијата општо затоа што тие што најмалку се заинтересирале да се запознаат со одредена филозофија, оние што најмалку разбрале најгласни се прогласувајќи ја за глупост а најпопуларна изрека им е „ај не филозофирај.“
Тоа е класична когнитивна дисонанца, лиска не можела да го дофати гројзето па си го прогласила за непотребно и лошо, така вика психологијата или и таа е глупост пошто нели е филозофско дете и несфатлива.
Ок продолжете си со муабетот.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
УУуууу не знаев дека постојат толку видови атеизам.
И дека сите се погрешни.
Звучи познато...;)
Нешто погрешно си разбрал. Атеизмот е еден. Атеисти има повеќе типови. И не се сите погрешни според текстот.
Тебе не ти се верува дека има толку малку типови на атеисти? Ни мене. ;)
Само болдот.
За жал да.
И Атеистите страдаат од она што го кажа Хокингс: Најголем непријател на знаењето не е незнаењето туку илизијата од знаење.
:toe:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
УУуууу не знаев дека постојат толку видови атеизам.
И дека сите се погрешни.
Звучи познато...;)
Пак ќе кажам, текстот е за оние што во својата илузија на знаење ја прогласуваат филозофијата за глупост а духовноста за заблуда.
Не е погрешно да бидеш атеист, погрешно е да негираш и исмеваш нешто кое не го познаваш или разбираш.
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Ти у кoјa бaндa oд нaведените си?:D
Валјда у сите.
Сегде се најдов :D[DOUBLEPOST=1457613276][/DOUBLEPOST]
Нешто погрешно си разбрал. Атеизмот е еден. Атеисти има повеќе типови. И не се сите погрешни според текстот.
Тебе не ти се верува дека има толку малку типови на атеисти? Ни мене. ;)
Исто му доѓе.
Секој Атеист ке си измисли своја верзија на Атеизмот и оп 5 вида Атеизам ;).
Зависи како го читаш текстот.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Секој Атеист ке си измисли своја верзија на Атеизмот и оп 5 вида Атеизам ;).
Зависи како го читаш текстот.
Не, не му доѓе. Се знае што е по дефиниција атеизам. Како секој ќе си го толкува е друга работа. А факт е дека секакви има. Има дури и такви кои се поголеми научници од научниците, поголеми философи и од философите. Баш за таквиот вид, ако добро го разбрав текстот и се однесува. А тоа не се ништо друго, туку верници кои својата вера место во богови ја замениле со верување (и тоа догматски) во нешто друго (науката на пр.).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom