Што бараш на темава ако Кроули го сметаш за „изгубен во просторот“?
Темата е Телема, Редот, нешто Кроули и така

Читни ги ракописите на Карл Келнер, имаше еден весник The Oriflamme види и таму што се ќе најдеш за Редот што може да не ти се поклопува со писанијата на „загубениот во просторот “ Кроули.
Колку книги имаш прочитано од Кроули па вака пресуди за човекот? Колку си запознаен со неговата мисла?
Редот пред Кроули бил старо-еонски Ред. Со Кроули и после него О.Т.О. е „прв од старо-еонските Редови, кој го прифати Законот на Телема“. МОже да прочиташ за Редот дека нуди ново христијанство, во некои писанија

Но за да се објасни оваа изјава треба книга да напише човек и тоа со посебно внимание на оние осетливи зборови како верување, бог, ритуали, непрекинато старо учење итн итн, кое што нема што да ги засега неиницираните... Доволно е да се знае дека Редот денес е тоа што е! ГО нема старо-еонскиот Ред, од „пепелта изникна нов Ред“ чиј закон е ТЕЛЕМА! Под нов не мислам дека стариот Ред е мртов, само ги модифицираше знаењата акомулирани со еони во новиот еон!
Јасно си пишува по книгите, ама нели, сакаме нешто од други автори, не ни се допаѓа сегашноста
Фала за имформацијата. И провери кој дели лекции. Јас само барав книга која е пред доаѓањето на алистер крули, а не таа што ми ја препорача другар ти. Како можам јас да делам лекции кога не сум дел од редот. Лекции можете да делите вие и за тоа сум на форумов.
Што и фали на книгата што ти ја препорачав?

Не знам. Делиме лекции дури и поеќе од што треба, но бесцелно, ништо од практичноста на предавањето...
И ти си профан, неук во однос на иницијантските мистерии, и тоа ќе бидеш се додека не се иницираш во некој таен Ред, кај и да ти е волја нормално
Се што знаеш јавно и е дадено по книги е дадено бидејќи иницијанти одлучиле дека може да биде јавно. И твоето разбирање на истите тие работи не ја дава целата слика за работите! ПРетежно книгите се напишани за да потикнат некој да открие дали тој самиот е за иницијација или не, ништо друго! Не барајте мудрост во тие книги или практична примена, ќе ве занесе патот и ќе умрете бесцелно бркајќи леприкони залудно!
Не очекувајте самоиницијации и дознавање на тајните мистерии на еден иницијаторски систем со читање на книги! Ќе ве молам

Си размислувал некогаш да бидеш инициран некаде?
Како слободен прифатен масон или пак неприфатен масон или пак илуминат или инициран во О.Т.О.?
Си се запрашал некогаш ова?
P.S. И ако сакаш историја за Редот, има по нет, ќе мора сам да бараш. Јас сметам лично дека без познавање на философијата на Редот, па и самите иницијации, не е можно потполно разбирање на истиот ниту пак разбирање на историјата на развивање на Редот!