Законот на Телема

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Сериозно сум озбилен. Имате ли сертификат или нешто слично со што ќе докажете дека сте официјалниот ОТО ред? Без тоа може кој сака да си основа ред и да го крсти како сака.
Секако дека има. Ние сме членови на secret fire oasis која е дел од ОТО, поточно оаза која се наоѓа во Македонија.
Секој од нас поседува сертификат со кој може да докаже дека е иницијант во Редот. Покрај докуметите, постојат знаци за распознавање со кои секој од нас може да распознае дали некој е или не e член на Редот.
Во Македонија, ова е официјалната веб страна на ОТО
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Секако дека има. Ние сме членови на secret fire oasis која е дел од ОТО, поточно оаза која се наоѓа во Македонија.
Секој од нас поседува сертификат со кој може да докаже дека е иницијант во Редот. Покрај докуметите, постојат значи за распознавање со кои секој од нас може да распознае дали некој е или не член на Редот.
OK, сега ми е појасно. Мислев дека не сте регуларни затоа што не ја видов вашата официјална веб страна, а ја прочитав скоро пола тема и има линкови само од блогот, кој не е официјален и не можат тие информации да се сметаат за веродостојни.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.201
Поени од реакции
12.194
Зошто да не се веродостојни? :)
Многу од постовите се извадоци од книги :)
Регуларни бре (y)

Не сум оф типик. Ако ми одговриш на тоа прашање, ќе можам да пи поставам низа други прашања поврзани за темава...
Да ми поставиш прашања?
А јас да ти поставам прашања пред ти да прашаш нешто...?
Сите нешто прашувате, а никој не прочитал ни два реда за Телемата и Редот, освен од форуми и веб страници од овој или оној :)
Сериозни прашања добиваме од сериозни луѓе и не на форумов, ами на друг начин!


Еден е Редот! Неофицијалните редови не се О.Т.О. нели ! Кому треба да докажеме дали сме О.Т.О.? Тебе? На некој од форумов, или на некој друг Ред?
Не те разбрав баш најдобро...
Аспирантите имаат доказ, ако тоа ти беше прашањето, но ти не си аспирант, така да тебе не ти должиме никаков доказ, може да те оставиме во своите размисли за Редот и да си го гледаме патот.

Не може секој да основа Ред, може да се филма, но да основа сериозно тело на иницијанти - тоа може само будала да се занесува дека може ;)

П.С. Конечно некој да сфати дека моите размисли на блогот не се официјален став на Редот. Конечно :) Тоа се мои размисли (освен директни извадоци од книги). Но има добри постови таму за оние кои не се запознаени со работите :)
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Зошто да не се веродостојни? :)
Многу од постовите се извадоци од книги :)
Регуларни бре (y)
Мислев на твоите лични ставови.
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 13:59 ---
Да ми поставиш прашања?
А јас да ти поставам прашања пред ти да прашаш нешто...?
Сите нешто прашувате, а никој не прочитал ни два реда за Телемата и Редот, освен од форуми и веб страници од овој или оној :)
Сериозни прашања добиваме од сериозни луѓе и не на форумов, ами на друг начин!


Еден е Редот! Неофицијалните редови не се О.Т.О. нели ! Кому треба да докажеме дали сме О.Т.О.? Тебе? На некој од форумов, или на некој друг Ред?
Не те разбрав баш најдобро...
Аспирантите имаат доказ, ако тоа ти беше прашањето, но ти не си аспирант, така да тебе не ти должиме никаков доказ, може да те оставиме во своите размисли за Редот и да си го гледаме патот.

Не може секој да основа Ред, може да се филма, но да основа сериозно тело на иницијанти - тоа може само будала да се занесува дека може ;)

П.С. Конечно некој да сфати дека моите размисли на блогот не се официјален став на Редот. Конечно :) Тоа се мои размисли (освен директни извадоци од книги). Но има добри постови таму за оние кои не се запознаени со работите :)
Каде прочита дека барам да ми докажеш нешто. Треба да докажете дека сте ото само на тој што стваро сака да се зачлени во тој ред. И не е точно дека една најобична будала не може да основа сериозен и доброорганизиран ред.
А тоа дека ото некогаш и негде бил дел од Слобидното Ѕидарство, можете да им раскажувате само на членовите на ото.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А тоа дека ото некогаш и негде бил дел од Слобидното Ѕидарство, можете да им раскажувате само на членовите на ото.
Редот е формиран од слободен зидар - Карл Келнер, во 1895 година. Нема ништо спорно во тоа, и си стои во манифестот на Редот кои тела ги содржи.
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Редот е формиран од слободен зидар - Карл Келнер, во 1895 година. Нема ништо спорно во тоа, и си стои во манифестот на Редот кои тела ги содржи.
Но сепак ото не бил дел од слободното ѕидарство.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Но сепак ото не бил дел од слободното ѕидарство.
А каде си сретнал ти тврдење дека бил?
Еве што стои во манифестот на Редот:

"О.Т.О. иако е Academia Masonica, не е Масонско Тело кога станува збор за “тајните” во онаа смисла како што вообичаено се сфаќа тој израз; и поради тоа во никој случај не е во конфликт ниту ги крши правилните привилегии на Големата Обединета Ложа на Англија, ниту која било Голема Ложа во Америка, ниту каде било што ќе биде препознаена истата."
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.201
Поени од реакции
12.194
Но сепак ото не бил дел од слободното ѕидарство.
Што се заморуваш момче? :)
Масонеријата создава масони, О.Т.О. создава магичари!
Тоа се различни работи!

А дали бил или не бил Редот дел или едно со другите иницијаторски Редови, што има ти да знаеш за тоа? Си имаме документи официјални за тоа што и како е врзано со друго!
Иницијант во О.Т.О. може да биде масон и обратно ако му е волја, нормално...

Ние знаеме од кај сме, ти гледај од кај си и кој ти е предок!

Можам да раскажувам што сакам и како сакам и кому сакам... за непозанавачи на историјата на Редот се може да им се каже. Но ние велиме да научите самите и да истражувате! Па колку научите толку, ваша вистина, ваши проблеми.

Затоа најдобро е да одиш на масонерија темата и таму да се допишуваш, тука не ти оди добро... ;)
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Што се заморуваш момче? :)
Масонеријата создава масони, О.Т.О. создава магичари!
Тоа се различни работи!
Точно
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 18:29 ---
дали бил или не бил Редот дел или едно со другите иницијаторски Редови, што има ти да знаеш за тоа?
Прво прочитај што напишав
Код:
А тоа дека ото некогаш и негде бил дел од Слобидното Ѕидарство, можете да им раскажувате само на членовите на ото.
Мене не можете, затоа што не сум дел од ото.
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 18:35 ---
Ние знаеме од кај сме, ти гледај од кај си и кој ти е предок!
За вас незнам, ама јас знам кои ми се предци и тоа 7-8 генерации наназад. Знам и од кај сум, од кај потекнувам, кога претците се доселиле во Македонија. И побитно е кој ти е потомок, а не кој ти е предок.
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 18:39 ---
Можам да раскажувам што сакам и како сакам и кому сакам... за непозанавачи на историјата на Редот се може да им се каже. Но ние велиме да научите самите и да истражувате! Па колку научите толку, ваша вистина, ваши проблеми.

Затоа најдобро е да одиш на масонерија темата и таму да се допишуваш, тука не ти оди добро... ;)
И темата масонерија не ми одеше на почеток, но сега сум експерт за таа тема. Да знаев доволно за вашиот ред, немаше да да дискутирам на оваа тема.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
И темата масонерија не ми одеше на почеток, но сега сум експерт за таа тема. Да знаев доволно за вашиот ред, немаше да да дискутирам на оваа тема.
Незнаев дека експерт за масонерија, езотерија и окултизам се станувало на форум......
Се надевам дозна тоа што сакаше да дознаеш.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.201
Поени од реакции
12.194
o_O

Нека помине некое време и на оваа тема се станува експерт, онака, како за на форум - многумина се експерти тука, зошто не и ти :)
И не си ме разбрал ништо од тоа што пишував погоре, не трчај. Научи си ги хиероглифите и симболите, философијата на Законот на Телема исто така. Едно е ти што разбираш и како, а што јас навистина кажувам со писанијата тука! Не е ова масонерија или теозофија...
Да знаеше нешто за Редот и Телемата, ќе дискутиравме, а не да читам вакви размисли од твоја страна!

Туку да удрам еден цитат јас вака на поминување, читајќи те тебе вака, како иден експерт, да ти дадам еден патоказ во врска со оваа патека на „експертиза однадвор како неинициран“ во врска со Редот и Телемата :)

„Треба да бидеме практични луѓе, а не брбливци кои озборуваат и се бават со површности.“ - Стар коментар на Книгата на Законот, Глава II, Стих 35

„Сите значења се вистинити, само доколку толкувачот е просветлен; ама ако не е, тогаш сите се лажни како што е тој лажен.“ - Стар Коментар на „Книгата на Законот“, Глава II, Стих 40

„Неиницираниот забележува само темнина во Ноќта: мудриот ги гледа златните ѕвезди на азурниот свод. Не е умесно овде да се расправа за таа Скриена Слава.“ - Стар коментар на „Книгата на Законот“, Поглавје I, Стих 60

Ако сакаш нови коментари, набави си ја „Законот е за Сите“ од Алистер Кроули!
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Незнаев дека експерт за масонерија, езотерија и окултизам се станувало на форум......
Се надевам дозна тоа што сакаше да дознаеш.
Абе во тоа редот, ве учат и буквалисти да бидете?
Поголем дел од тоа што е јавно и достапно за масонеријата го знам, а пороано не го знаев. Не пишав дека сум добар масон. И знаењето не го стекнав само од форум. Форумот само ми даде основа да започнам да читам книги, да истражувам, да разговарам со одредени личности и слично.
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 23:42 ---
Нека помине некое време и на оваа тема се станува експерт, онака, како за на форум - многумина се експерти тука, зошто не и ти :)
Точно така. Барем тука се согласуваме.
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 23:50 ---
„Треба да бидеме практични луѓе, а не брбливци кои озборуваат и се бават со површности.“ - Стар коментар на Книгата на Законот, Глава II, Стих 35

„Сите значења се вистинити, само доколку толкувачот е просветлен; ама ако не е, тогаш сите се лажни како што е тој лажен.“ - Стар Коментар на „Книгата на Законот“, Глава II, Стих 40

„Неиницираниот забележува само темнина во Ноќта: мудриот ги гледа златните ѕвезди на азурниот свод. Не е умесно овде да се расправа за таа Скриена Слава.“ - Стар коментар на „Книгата на Законот“, Поглавје I, Стих 60

Ако сакаш нови коментари, набави си ја „Законот е за Сите“ од Алистер Кроули!
Кога сме кај цитатите, еве еден како за тебе:

„Знање у некој тачки почиње да те ограничава, а незнање – никад.“ - Малтерего.

Убаво што ми препорачуваш книга. но те молам дај кажи некоја друга, од друг автор, зошто овој стварно е изгубен у космосот. Дај некоја што е напишана пред алистер крули.
--- надополнето: 27 октомври 2013 во 00:00 ---
Еве уште едно прашање. Дали верувате во Господ?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Абе во тоа редот, ве учат и буквалисти да бидете?
Поголем дел од тоа што е јавно и достапно за масонеријата го знам, а пороано не го знаев. Не пишав дека сум добар масон. И знаењето не го стекнав само од форум. Форумот само ми даде основа да започнам да читам книги, да истражувам, да разговарам со одредени личности и слично.
Алал да ти е.
Кога сме кај цитатите, еве еден како за тебе:

„Знање у некој тачки почиње да те ограничава, а незнање – никад.“ - Малтерего.

Убаво што ми препорачуваш книга. но те молам дај кажи некоја друга, од друг автор, зошто овој стварно е изгубен у космосот. Дај некоја што е напишана пред алистер крули.
Знаев дека си талент, ама не ми се веруваше дека толку брзо ќе станеш експерт за темава. Значи велиш изгубен е а? Епа што бараш тогаш на темава бре златен? Еве да те прашам вака најбуквалистички? Да ти одговараме "за да станеш експерт" и да ни кажеш како ништо незнаеме и сме изгубени у космос?
Признај дека ти фали зидарски за да го тормозиш.
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Алал да ти е.

Знаев дека си талент, ама не ми се веруваше дека толку брзо ќе станеш експерт за темава. Значи велиш изгубен е а? Епа што бараш тогаш на темава бре златен? Еве да те прашам вака најбуквалистички? Да ти одговараме "за да станеш експерт" и да ни кажеш како ништо незнаеме и сме изгубени у космос?
Признај дека ти фали зидарски за да го тормозиш.
Со зидарски се допишуваме на друг форум, кај што може да се води нормална дискусија.
На темава сум, за да дознаам најосновни работи за ото, пред да се појави алистер крули, каков бил редот без неговите промени.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Со зидарски се допишуваме на друг форум, кај што може да се води нормална дискусија.
На темава сум, за да дознаам најосновни работи за ото, пред да се појави алистер крули, каков бил редот без неговите промени.
Со изјави од типот "....но те молам дај кажи некоја друга, од друг автор, зошто овој стварно е изгубен у космосот." имаш намера да дознаеш основни работи? За тебе тоа е водење нормална дискусија?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom