- Член од
- 29 јуни 2005
- Мислења
- 1.284
- Поени од реакции
- 14
Воајери на транзицијата
Се прашувам колку е потребно во Република Македонија за некој да се сети дека во неа безочно се крши приватноста на нејзините граѓани и се поткопуваат темелните вредности на кои почива нејзиниот демократски поредок
Пишува: Проф. д-р Звонимир ЈАНКУЛОСКИ
Уште колку документи од тајните архиви на македонската полиција треба да се обелоденат, на уште колку човечки страдања треба да бидеме сведоци, за некој во оваа држава да се сети дека зад листовите хартија, зад тајно подготвуваните досиеја стојат луѓе со имиња и презимиња, луѓе кои наредувале и ги користеле информациите за, според нивните критериуми, непријателите на државата. Тоа се истите оние чувари на идеалот за едно минато кое беше сè, но најмалку беше демократско, а кои свесно го опструираат процесот на лустрација. Чуварите на социјалистичката револуција, а особено на придобивките од неа, знаеја како да ги детектираат непријателите на системот, дури и во транзицијата, чепкајќи по нивното минато и моделирајќи ја нивната сегашност.
Човечки судбини сведени на листови хартија, видео и звучни записи, на кои се градеа кариери, се освојуваше и задржуваше власта. Модерни воајери за кои не постои ништо свето, како што се домот, семејството, вашиот приватен живот. Еден коментар во врска со јавно објавеното тајно полициско досие на г. Јордан Петровски во Време најдобро го отсликува разочарувањето и “вербата” во она што го градиме во транзицијата и кое треба да го носи предзнакот демократско општество: “Го читам секој ден интервјуто со овој господин и косата ми се дига. Како е возможно сето ова во една демократска држава? Како се чувствуваат луѓето кои ги споменува, а кои денес се на позиција? Зарем остануваат рамнодушни на тоа што го направиле?”
Прашања кои со години ги поставувате, со години ги отворате, а наидувате на молк. Молк од државата, молк од судот, молк од интелектуалната елита. Молк кај политичарите. Медиумски молк. И ви останува само едно обично, но застрашувачко објаснување за ова. Македонија е контролирана држава. Контролирана од невидливи центри на моќ кои се хранети со информации за своите “поданици” од истите оние што го хранеа репресивниот апарат на минатиот режим. Слугите на тоталитаризмот ги ставија своите услуги на новите господари на транзицијата. Слуги еднаш, слуги засекогаш.
Следењето, надгледувањето на граѓаните е синдром на општество кое е сериозно заболено. Општество кое инклинира кон тоталитаризам.
Во Република Македонија не е отидено предалеку. Се зајде во следењето на неистомислениците, прислушувањето на нивните разговори и какви сè не мерки на контрола на нивната приватна сфера. Секоја нормална демократска држава после толку обелоденети случаи на прислушување од страна на тајната полиција (последниот од воената служба за безбедност и разузнавање) и кој сè не, ќе ги активираше механизмите на самоодржување и ќе се обидеше да го репарира заболеното ткиво кое го метастазира организмот. Велам, секоја нормална демократска држава, освен нашата.
Пенетрацијата во нашата приватност за која има премногу сведоштва и премногу обелоденети скандали го отвора и прашањето дали вистински сакаме да живееме во слободно општество или сакаме да живееме во општество со самонаметната форма на тоталитаризам. Општество во кое граѓаните се маргинализирани, нивните животи и кариера диригирани и контролирани од тајните структури на полицијата. Општество кое почива на страв.
Изгледа вирусот на слободата ги одмина граѓаните на оваа држава, а посебно нејзината “политичка елита”.
Какви легитимни цели ќе најдете во досието на Јордан Петровски и на уште многу како него, кои би ја оправдале пенетрацијата на државата во неговата приватност и неговиот личен и семеен живот. За оние кои го правеле тоа не бил важен квалитетот на информацијата која требало да се прибави. Важна била контролата. И само контролата. На секој оној што можел да го загрози нивниот травестираниот модел на владеење.
Затоа, ми е смачено кога упорно се обидуваат да ве убедат дека државата треба да се штити по секоја цена, па макар тоа било за сметка на правата и слободите на нејзините граѓани. Сиве години се обидувам да разберам од кого нè штитат нашите тајни служби. Од оние кои не размислуваат како нивните наредбодавци? Од оние кои не се дел од нивното “семејство”? Затоа и продирањето во приватноста на “останатите” граѓани не се доживува како непочитување на нивната личност, нивното достоинство и желбата слободно да изберат под кои услови и до кои граници ќе ги изложат својата посебност, своите ставови и своето однесување кон останатите во заедницата. Ваквиот малигнен човечки материјал може да опстане само во контролирано општество, какво што е нашето.
Се лаже оној што мисли дека нашето општество е нападнато од некој нов вирус Монтесинос. Зашто, ние го наследивме изворниот вирус на тоталитаризмот. Зашто, имавме луѓе и служби кои знаеја како да го одржат и аплицираат во современо демократско општество кое се обидовме да го градиме во Македонија. Затоа се прашувам кој сè се шета во државава со вашите животи преточени во листови хартија, видео и звучни записи? Се прашувам кому сè му одговара во оваа држава да остане нереформиран стариот систем на државна контрола и после шеснаесет години транзиција.
http://www.forum.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=172&EditionID=159&ArticleID=4942&Page=1
ovaa "dilema" na gospodinot Проф. д-р Звонимир ЈАНКУЛОСКИ ke ja izdvojam kako moe praashanje do.....
"Се прашувам кому сè му одговара во оваа држава да остане нереформиран стариот систем на државна контрола и после шеснаесет години транзиција."