Македонците не се бореле во втората светска војна за создавање на комунистичко општество, ниту пак имало сталинисти, ниту пак некакви други внатрешно или надворешно непријателски активности. Тој, македонецот, се борел за самостојна држава Македонија, како секогаш. Потоа му се наметнало да се бори за својот гол опстанок, повторно. Да не го апне темнината на кодошлакот на преамбициозните медиокритети кои поврзани со поранешниот окупатор сакаа, при создавањето на новата држава, да застанат на нејзино чело.
Лустрација? ДА!!! Ами како.
Мора да се знае кој што и како уништувал туѓи животи заради својата болна амбициозност. Мора да се дознае кој тоа учествувал во чистката на македонските интелектуалци во тоа време, а ни наметнал лажни.
Уште побитно е да се дознае денес кој е во служба на тие кои свесно одат во кочење на македонскиот прогрес. Кој се тие кои спроведуваат систематска манипулација врз сопственото население заради туѓи интереси или пак интересите на мала, организирана и моќна група која своето богатство го стекнала кога сите бевме (џоа) еднакви.
Треба да се знае кои се тие кои припаѓаат на таа половина на населението кое било и е сеуште ангажирана да ја тепа другата половина. Без ова сознание нема да има напредок за никого, освен за тие, таквите, бидејки вистинска демократичност нема да постои доколку слободно дејствуваат таквите.
Доколку сте задоволни со привид тогаш овој закон не би требало да ве засега!!!
На крај мора да се истакне дека последица на оваа активност мора да биде расформирање на одредени служби за „безбедност“, па потоа реорганизирање и осовременување.
П.С.
Овој афирмативен текст го напишав целосно свесен за злоупотребата која може да се појави, но од некаде мора да се почне.
Ако се сеќавате во едно не толку далечно минато никако не се зборуваше за корупција, а денес се` повеќе. Дури и почетни чекори постојат за доведување во подносливи граници на таа појава.