Заебанции за политичари!:)

Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.566
Поени од реакции
22.336
Кралицата Елизабета, Џорџ Буш и Бранко Црвенковски заедно отишле директно во пеколот.
По некое време, Кралицата рекла:
- Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму.
Завртила, разговарала 5 минути и го прашала Ѓаволот колку должи.
- Пет милиони фунти, рекол тој, Елизабета напишала чек и му го дала.
По некое време, Буш станал љубоморен и почнал да вреска:
- Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене!
Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, Ѓаволот му рекол 10 милиони долари, овој напишал чек и се смирил.
Бранко станал уште пољубоморен и државнички извикал:
- И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, со Шема, со Медо, со Коста, ма со сите!
Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел... го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал:
- Колку дужам?
- Десет денари, рекол Ѓаволот.
- Како тоа 10 денари? Ови разговараа само неколку минути па платија еден тон пари а јас за два саата само 10 денари?
- Знаеш, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локален повик.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Секретарката му кажува на Никола Груевски:
- Тука е еден новинар, сака изјава.
- Ма нека одат у бестрага тие чкрабала, стално ме прават лажов.
- Па, што да му кажам?
- Кажи му дека не сум тука.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.566
Поени од реакции
22.336
Никола Груевски бил во посета на Србија и отседнал во некој хотел. Арно ама имал проблеми со собата и слегол да се пожали на рецепционерот. Но исто така слабо му одел и српскиот.
- Имам поблеми са собом !
- Ок. Али ја нисам психијатар ! - рекол рецепционерот
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Бранко Црвенковски и Никола Груевски се возеле во авион. Се појавил дефект на авионот и тој се срушил. Кој се спасил?
- Народот!
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.566
Поени од реакции
22.336
Отишле Љубчо и Бранко на гости кај Буш во Америка, ги седнале на голема маса и почнале да принесуваат порцелански чинии. Ги видел Бранко чиниите, грабнал една и ја пикнал под пазуви. Арно ама, го видела тоа жена му на Љубчо и му шепка:
- Абе, Љубчо, види го Бранко здипли чинија, земи и ти една.
Станува Љубчо и вика:
- Ние Македонците сме познати магионичари. Еве јас ќе ставам една чинија под пазуви, а Бранко ќе ја извади.
 

BoB The Butcher

Unchachable
Член од
2 ноември 2008
Мислења
0
Поени од реакции
4
Џорџ Буш се враќал од ранчот во Тексас каде обично ги поминувал викендите. Го пречекал најблискиот соработник од обезбедувањето и му поднел извештај.
- Господине претседателе имам една добра и една лоша вест,која сакате прво да ви ја соопштам?
- Дај прво лошата.
-Господине претседателе во нашата престолнина се појавија некакви необични суштетства со несекојдневен лик и необична големина и невидена храброст. Би рекол дека се вонземјани, недопирливи, отпорни на куршуми а посебно за обележување е тоа што само што ќе помислиме дека ги имаме фатено тие постануваат невидливи за по пет минути пак да се појават зад нашиот грб.
-Добро рекол Буш. За тоа ќе разговараме подоцна.А сега која е добрата вест?
-Голтаат црнци и мочаат нафта!!!

Едно дете го прашува својот татко:Тато што е тоа политика?-Епа тоа ти е вака сине:Јас во фамилијава заработувам, значи јас сум капитализам, јас им плаќам на чистачката и дадилката значи тие се работници. Мајка ти ве чува тебе и брат ти и се грижи за се што е дома, значи таа е владата. А дедо ти гледа како работи мајка ти значи тој е синдикатот. Брат ти бидејќи е сеуште во пелени тој е иднината. Епа сега сине јас ти кажав што е политика, а сега ти размисли па наредниот ден ќе ми кажеш како ти ја замислуваш политиката. Ноќта детето станало од креветот и тргна накај собата од малиот брат. Детето влегло во собата и го гледа малиов брат испостран до врат. Оди кај мајкава а таа спие и никако не можи да ја разбуди. Оди кај таткото и гледа дека татково внатре се работи со чистачката и дадилката, а гледа дека дедово постојано скришно ги гледа..и се вратило во собата... Наредниот ден таткото го прашува синот: Сине што е тоа политика? На синот му текнало од вчерашната случка и рекол: Додека владата спиеше капитализмот ги дупеше работниците,синдикатот сето тоа го гледаше, додека иднината беше во гомна до гуша.:pos2::pos2:

:pos2::pos2:Отишле Груевски, Црвенковски и Ахмети по риба и ја фатиле златната рипка. Рипката ги замолила да ја пуштат, а таа за возврат ќе им исполни три желби.
Груевски: „Нека исчезнат сите сдсмоовци!“ - и желбата му била исполнета.
Црвенковски: „Нека исчезнат сите вмроовци!“ - и оваа желба била исполнета.
После ова Ахмети длабоко се замислил и рекол: „Донеси ми едно кафе!“ Отишле Груевски, Црвенковски и Ахмети по риба и ја фатиле златната рипка. Рипката ги замолила да ја пуштат, а таа за возврат ќе им исполни три желби.
Груевски: „Нека исчезнат сите сдсмоовци!“ - и желбата му била исполнета.
Црвенковски: „Нека исчезнат сите вмроовци!“ - и оваа желба била исполнета.
После ова Ахмети длабоко се замислил и рекол: „Донеси ми едно кафе!“
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Политички вицеви

Текаро Сузуки од Јапонија


Прв училишен ден во едно американско училиште. Учителката го претставува новиот ученик Текаро Сузуки од Јапонија. Почнува часот и учителката испрашува: Сега ќе видиме колку ја познавате американската историја.
Кој рекол ‘Слобода или смрт’?”

Одеднаш настапува тишина и само Сузуки ја дига раката: “Патрик Хенри во 1775 година во Филаделфија.”

“Многу добро Сузуки. А кој рекол ‘Државата е народот и како таква не смее никогаш да умре’.”

Сузуки станува: “Абрахам Линколн, 1863 година, во Вашингтон”.

Наставничката строго ги погледнува учениците и им вели: “Засрамете се. Сузуки е Јапонец, а ја познава американската историја подобро од вас.”

Тивок глас од крајот на училницата: “Ебате се, посрани Јапонци.”
“Кој го рече тоа?” – вика учителката.

Сузуки дига рака и вели: “Генерал МекАртур, 1942 година во Гвадалканал, и Ли Ајакока во 1982 на собранието на акционери на Крајслер, Детроит.”

Одделението е во тишина, само во позадина се слуша “Пуши Кур!”
Сузуки: “Бил Клинтон, на Моника Левински, Овален кабинет, 1997 година во Вашингтон.”

Друг ученик се дере: “Сузуки е срање!”

Сузуки: “Валентино Роси во Рио де Жанеиро на бразилското мото Гранд-при, 2002 година.”

Одделението паѓа во хистерија, учителката паѓа во несвест, а влегува во училницата директорот на училиштето: “У пизду матер, досега не сум видел ваков хаос.”

Сузуки: “Премиерот на Македонија, на Министерот за финансии, при претставувањето на државниот буџет, Скопје, 2003 година.”

Некогаш одамна, Господ го немало седум дена од царството не*есно. Кога повторно се појавил, Архангел Габриел го прашал:
-Каде бевте?

-Гледај што направив, гордо рекол Господ и покажал долу меѓу облаците.

-Што е тоа? – збунето прашал Габриел.

-Планета, рекол Господ. – А направив да има и живот. Ја нареков Земја. Тоа ќе биде место со многу добар баланс.

-Баланс? – прашал се уште збунет Архангел Габриел.

Господ почнал да му објаснува, покажувајќи на различни делови од Земјата:

-На пример, Северна Европа ќе биде место со големи можности и богатство, додека Јужна Европа ќе биде место со многу пријатна клима, Блискиот Исток секогаш ќе биде место со конфликти. Ваму ставив континент со жолти, а ваму континент со црни луѓе. А, тука ја ставив Америка. Северна Америка ќе биде богата, додека јужна ќе биде сиромашна, но затоа топла и пријателска. Го забележуваш ли балансот?

-Да – рекол Архангел Габриел.

Импресиониран од Господовото дело, покажал на едно место во Југоисточна Европа.

-А, што е ова? – прашал.

-Ах, рекол Господ. Тоа е Македонија. Најславното место на Земјата. Таму направив да има прекрасни планини со врвови покриени со снег, недопрени извори, потоци, шуми, реки, ливади, езера, рудно богатство, плодни полиња на кои успеваат најдобрите домати, краставици, јаболка, лубеници, грозје........ Таму ќе живеат Македонците. Тие ќе бидат многу способни, паметни, вредни и талентирани луѓе.

Архангел Габриел се воодушевил од тоа што го видел и слушнал, но едно го збунувало – Но, вие рековте дека ќе има баланс?!

Господ одговорил:

-Чекај само да видиш какви соседи им подготвив.

Во Индија

Се нашле Mакедонец и грк во Индија и гркот на Mакедонецот му вели:
- Леле колку е мал светов, а македонецов му одговара:
- Светов не е мал туку Македонија е голема.

Виц на денот: А, бре, македонче!
Обама дошол на посета во Македонија за време на инагурацијата на новиот претседател Ѓорге Иванов, и како што е редот Ѓорге го однел на прошетка низ Скопје, се шетале...
...муабетеле и во еден момент гледаат човек како моча на улица, Обама го извадил пиштолот и го убил човекот. Ѓорге изнервиран го прашал зошто го уби човекот. Обама ладнокрвно му одговорил:
- Епа кај нас во Америка, кога ќе видиме некој човек како моча на улица го убиваме...
После некое време, Ѓорге ја посетил Америка... Се шетале по улица и гледаат некој човек како моча... Ѓорге го извадил пиштолот и го убил човекот за да му врати на Обама.
Следниот ден во весник:
"Убиен Македонскиот амбасадор во Америка."
 
Член од
29 март 2009
Мислења
110
Поени од реакции
1
Едно дете го прашува својот татко:Тато што е тоа политика?-Епа тоа ти е вака сине:Јас во фамилијава заработувам, значи јас сум капитализам, јас им плаќам на чистачката и дадилката значи тие се работници. Мајка ти ве чува тебе и брат ти и се грижи за се што е дома, значи таа е владата. А дедо ти гледа како работи мајка ти значи тој е синдикатот. Брат ти бидејќи е сеуште во пелени тој е иднината. Епа сега сине јас ти кажав што е политика, а сега ти размисли па наредниот ден ќе ми кажеш како ти ја замислуваш политиката. Ноќта детето станало од креветот и тргна накај собата од малиот брат. Детето влегло во собата и го гледа малиов брат испостран до врат. Оди кај мајкава а таа спие и никако не можи да ја разбуди. Оди кај таткото и гледа дека татково внатре се работи со чистачката и дадилката, а гледа дека дедово постојано скришно ги гледа..и се вратило во собата... Наредниот ден таткото го прашува синот: Сине што е тоа политика? На синот му текнало од вчерашната случка и рекол: Додека владата спиеше капитализмот ги дупеше работниците,синдикатот сето тоа го гледаше, додека иднината беше во гомна до гуша.
Отишле Груевски, Црвенковски и Ахмети по риба и ја фатиле златната рипка. Рипката ги замолила да ја пуштат, а таа за возврат ќе им исполни три желби.
Груевски: „Нека исчезнат сите сдсмоовци!“ - и желбата му била исполнета.
Црвенковски: „Нека исчезнат сите вмроовци!“ - и оваа желба била исполнета.
После ова Ахмети длабоко се замислил и рекол: „Донеси ми едно кафе!“
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
После смртта, Слободан Милошевиќ оди во чистилиштето и се сретнува со Св. Петар кој му вика:
- Кај тргна бре Слободане?
Слободан, чврсто убеден, со нареднични став:
- Во рајот, каде инаку?

- Море каков рај, ти одиш право во пеколот! (Луто му одговорил Св. Петар)

И Слободан отишол во пеколот. После неколку дена, некој тропа на вратата во рајот. Св. Петар отвара порти, и кога пред врата гледа комплет цела екипа ѓаволи од пеколот.
-Каде бе вие, што е работата? (Ги прашал нервозно Св. Петар ѓаволите)

- Бегалци! - одговориле ѓаволите.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Терористи во Македонија !

Во Македонија дошле двајца терористи од една блискоисточна земја со намера да ја спроведат "Алаховата казна над македонските неверници."
Еве како тоа изгледало:
Недела, 20:47

Стигнуваат во Скопје. Го напуштаат аеродромот Петровец по 8 часа од слетувањето, бидејќи багажот им се изгубил. Нивната авиокомпанија не ја презема одговорноста за багажот, а еден аеродромски службеник им предложил на терористите да дојдат утредента, па со малку среќа, можеби...

Седнуваат во такси. Само со еден поглед во ретровизорот, таксистот сфаќа дека се странци па ноќе ги врти во круг едно саат и пол. Откако терористите не приговориле дури и кога таксиметарот покажал 2.000 денари, таксистот решава да собере уште еден ортак кај Белви. Одма ги претепуваат и ограбуваат и ги оставаат некаде пред Арачиново.

Понеделник, 10:30

Откако се освестиле, двајцата терористи некако успеваат да дојдат до Скопје, во хотел. Нарачуваат рент - а- кар. Се упатуваат повторно кон аеродромот Петровец но попат се блокирани од штрајковите на просветните работници и земјоделците.

Понеделник, 15:45

Сепак стигнуваат на Петровец, цврсто решени да свртат авион од својата рута и да го срушат врз Собранието на РМ. Но, пилотите и стјуардесите на МАТ штрајкуваат барајќи поголеми плати, а во знак на солидарност, им се придружуваат и луѓето од контролата на летање. Единствениот расположлив авион е оној на албанската компанија која има силни врски со функционери во ДПА. Во меѓувреме доаѓа делегација од ДУИ која сака да лета во Швајцарија. Настанува гужва межу нив и персоналот. Во општата тепшачка најмногу страдаат двајцата Арапи.

Понеделник, 19:05

Конечно се смируваат страстите а МАТ во меѓувреме престанува со штрајкот откако од министерот за сообраќај и врски добиле уверување дека нивните барања сериозно ќе бидат разгледани на некоја наредна седница на Владата. Облиени со крв, терористите доаѓаат до шалтер на кој им продаваат два билета но им премолчуваат дела летот е одложен.

Понеделник, 20:07

Терористите веќе почнуваат да се расправаат дали да продолжат со планот или не. Во текот на расправата се појавува и прашањето дали уништивањето на Собранието е терористички чин или акт на милосрдие.

Понеделник, 21:00

Изгладнети, решаваат да каснат нешто во аеродромскиот ресторан. Нарачуваат сендвичи со телешка салата.

Вторник, 08:35

Мајонезот бил тотално расипан па завршуваат во Клинички центар каде цела ноќ чекале во ходник некој да ги згрижи. Работата би била готова за неколку дена ако попат не се појавиле сомневања за салмонела.

Недела, 17:20

12 дена подоцна, излегуваат од болница и по мала прошетка доаѓаат до Градски стадион. Вардар штотуку изгубил од Шкендија па лутите комити беснеат наоколу. Двајцата Арапи им заличуваат на противнички навивачи и почнуваат ги каменуваат. Водачот на комитите успева и сексуално да ги злоупотреби двајцата терористи.

Недела, 18:45

Навивачите конечно заминуваат а терористите одлучуваат, иако е грев, првпат во животот да се напијат алкохол. Купуваат ракија од пазар. Им увалуваат вештачка лозова, полна со метанол па завршуваат во Градска. Тестирањата покажуваат дека и двајцата се позитивни на ХИВ.

Вторник, 23:42

Двајцата терористи решаваат пешки да заминат на исток, накај дома. Пред да тргнат на долгиот пат, цврсто му се заколнуваат на Алах дека вакво нешто друг пат нема да им падне на памет.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Знам дека не е виц... ама ај нешто како анаграм...

Кој ќе погоди која Македонска политичка личнонст е представена со сликава подолу?



:vozbud::vozbud::vozbud:
 

BoB The Butcher

Unchachable
Член од
2 ноември 2008
Мислења
0
Поени од реакции
4
Кој е условот за да бидеш член на Вмро?
- Да не можеш да кажеш Р. :pos2:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.566
Поени од реакции
22.336
Зошто Бил Клинтон веќе не е претседател на Америка?
- Само заради една анкета:
"Дали би спиеле со Бил Клинтон"?
- 82% одговориле - никогаш повеќе!
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Најнова изјава на Бранко Црвенковски:
„Државата ни е на раб на длабока провалија !
Но, ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред !“
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.566
Поени од реакции
22.336
Си биле Груевски, Црвенковски и Ахмети. Фатиле златна рипка и сеа секој по една желба. Прв бил Груевски. Нико: Сакам од утре да нема никогаш појќе СДСМовци во Македонија.
Бане: Сакам од утре да нема никогаш појќе ВМРОвци во Македонија.
Аљи:(Длабоко се замислил) Мене, мене... Јаас сакаамм.... Да имааам... Море мене едно кафе дај ми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom