Задолжително гласање: За или Против?

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Crazy in Love, 20 март 2013.

?

Задолжително гласање?

  1. За

    32,0%
  2. Против

    61,1%
  3. Немам цврсто определен став

    6,9%
  1. Crazy in Love

    Crazy in Love Here's looking at you kid.

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    23.814
    Допаѓања:
    25.376
    Вака одма да опоменам, секој обид за дневна политика ќе резултира со бан од тема.
    Темава е теоретска и како таква и ќе се третира.

    Значи во темата “Што ако никој не излезе на избори?“ се зачна муабетот за задолжително гласање, па затоа и ја отварам темава, да не се меша со другата тема, чисто да го разглабаме процесот.

    Значи задолжително гласање на избори подразбира дека сите регистрирани гласачи треба да излезат на избори, во спротивно плаќаат казна на државата.

    Ваквиот принцип е спроведен во држави како Грција, Австралија, мислам дека беше и Русија и плус уште други држави.

    Што мислите за овој концепт? За или против? Кои се позитивните, кои се негативните аспекти?

    Јас лично сум апсолутно против.
    Правото на глас е човечко право. Значи се работи за право, а не за одговорност. Државата не смее да наметнува обврска на луѓето да гласаат. Има луѓе кои едноставно не сакаат да го користат нивното право на глас и не смеат да бидат казнети поради тоа.

    Не станува тука збор за “Излези, па ако треба прешкртај го ливчето.“, станува збор за мешање во личното право на луѓето да излезат или да не излезат на гласање.

    При сплет на околности на автобуска станица во Софија запознав еден граѓанин на Австралија и ја начнавме и таа тема и тој кажа дека и покрај задолжителното гласање, сепак е ниска излезеноста и дека и покрај казните, луѓето не се заинтересирани да гласаат.

    Сепак ова е само мој став, слободно надоврзете се или дискутирајте... :)
     
    На Klin, blacky, Matador :) и уште 13 други им се допаѓа ова.
  2. Ficiani

    Ficiani

    Член од:
    4 февруари 2009
    Мислења:
    3.744
    Допаѓања:
    1.843
    Апсолутно се сложувам со Крејзи, освен тоа, двете водечки партии во државава не заслужуваат ничив глас, не само мојот.
     
    На Have an ice day, ми се може, The Magus и уште 6 други им се допаѓа ова.
  3. Crazy in Love

    Crazy in Love Here's looking at you kid.

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    23.814
    Допаѓања:
    25.376
    Како што реков, не станува збор за дневна политика и кој заслужува/не заслужува глас, туку општо за концептот на задолжително гласање. :)
     
    На khz777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. khz777

    khz777

    Член од:
    26 октомври 2012
    Мислења:
    2.489
    Допаѓања:
    3.323
    И да гласаш и да не гласаш за тебе ништо нема , затоа против .
     
  5. PurplePuma

    PurplePuma Somewhere, over the rainbow...

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    8.062
    Допаѓања:
    8.176
    Ако сум принудена да гласам, тогаш каде е правото на слобода, онака основното право во демократијата?
    Што ако воопшто не се согласувам со политичкиот систем и со ниту една од идеологиите на партиите? Што ако сум комунист, а таква партија не постои?
     
    На The Magus, Блу, HoLfElDeR и уште 6 други им се допаѓа ова.
  6. Spell Caster

    Spell Caster

    Член од:
    19 август 2010
    Мислења:
    959
    Допаѓања:
    1.871
    За. Но, под определени услови.

    Последното бројче од листето да биде резервирано „за ниту еден од кандидатите“, во кој случај доколку ова бројче ги добе гласовите треба да се одберат од сите партии нови кандидати.

    Казните да не бидат драстични, некој од објективни причини нема да може да гласа. Иако во некои земји можеби излезеноста не е кој знае колку голема и покрај задолжителноста на гласањето, самиот збор „парична казна“ во Македонија ќе ги поднатера луѓето да излезат, па макар и да го направат своето листе неважечко.
     
    На Morgan Freeman, blue ladybug, Nikola26 и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. Filmakedon

    Filmakedon

    Член од:
    5 јуни 2008
    Мислења:
    3.624
    Допаѓања:
    5.709
    Строго против. Ова е лично мое право и јас одлучувам дали ќе го искористам. Не смее никој да ме присилува на ова.
    Не сфаќам која е целта што би се постигнала со задолжително гасање? Сигурна успешност на изборите? Уште еден извор за полнење на буџет?
     
    На shadow_rr му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Crazy in Love

    Crazy in Love Here's looking at you kid.

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    23.814
    Допаѓања:
    25.376
    На изборите 2011 имаше над 60% излезеност во Македонија, а немаме задолжително гласање, што е одличен процент. Но, тие луѓе САМИ решиле да излезат, никој не ги терал, туку сакале да гласаат. Во тоа е основата на демократијата. Право на избор. И изборот да не се излезе на гласање е избор. Нема државата право да ме тера со сила да излезам и да ми се заканува со казни. Дали ќе останам дома, дали ќе излезам и ќе го поништам ливчето или ќе гласам за некоја опција е мој и само мој избор.

    Јас лично сум за што поголема партиципативност и излезност од страна на граѓаните, но не по цена тоа да биде наметнато и уште назгора да се плаќа казна.
    Како што реков секој има правни права и одговорности.
    Правото на глас е токму тоа - право, а не одговорност. Одговорноста си ја носи самиот човек со тоа ќе одлучи дали ќе гласа или не. Дали јас, ти или некој трет ќе го искористиме тоа право е прашање на лична одлука, а не прашање кое државата треба да го одговори.
     
    На Morgan Freeman и PurplePuma им се допаѓа ова.
  9. Spell Caster

    Spell Caster

    Член од:
    19 август 2010
    Мислења:
    959
    Допаѓања:
    1.871

    Да, го подржувам јас и тоа, слободата на изборот.
    Всушност, мене сеедно ми е дали ќе биде задолжително или не, она што јас повеќе сум ЗА е ова:

    Како и да е, повеќе сум за да биде задолжително. Тоа дека „мој избор е тоа, мое право е тоа, никој не смее да ми го земе правото на избор“ , ми се некако застарени муабети.
    Застанете за миг, и запрашајте се: Колку од вашите избори се ВАШИ? Факултетот вие го избравте бидејќи толку многу сакавте да го студирате тоа што го студирате?
    Да не должам многу со филозофските прашања, во демократииве нашиот избор е оставен на тоа дали да купиме чоколадо со јагода или лешници, и ништо повеќе.
     
    На El Bohemio му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TheMayor

    TheMayor

    Член од:
    6 декември 2011
    Мислења:
    1.986
    Допаѓања:
    3.286
    Јас задолжително ќе излезам на гласање и овој пат ќе гласам за Абрахам Линколн.
    Претходниот пат гласав за Џон Кенеди иако ништо не ми исполна, барем ништо не ми ни вети.
     
    На Have an ice day и ми се може им се допаѓа ова.
  11. PurplePuma

    PurplePuma Somewhere, over the rainbow...

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    8.062
    Допаѓања:
    8.176
    Јас ги разбирам тие што гласале секогаш, без оглед за кого гласале, ако се бунат.
    Затоа што, гласале за некого и тој ги изневерил нивните очекувања, гласале за друг кој не бил избран и сметаат дека тој би ги исполнил нивните очекувања итн.
    Но ако не гласаш, немаш право ни да се буниш.

    Тоа е сепак, мое мислење.
     
  12. Anco

    Anco За солун ДА, ЗА срем НЕ

    Член од:
    1 ноември 2011
    Мислења:
    7.329
    Допаѓања:
    12.728
    Да, едно големо ДА
    ама кога ќе има и задолжително вработување на било кои завршени ученици или студенти.или бар задолжително вработување на главата на семејството,односно обавезно вработување на фамилијарните лица,инаку и како би ги одгледувале децата.
    (мислам овој пат не забегав,ова е најважното прашање на(граѓаните) Македонија.
     
    На ми се може му/ѝ се допаѓа ова.
  13. цевитаерк

    цевитаерк

    Член од:
    30 мај 2011
    Мислења:
    550
    Допаѓања:
    129
    Абе искочиле 60%,але зошто не кажат во тие 60% колку од нив искочиле само за да го поништат ливчето.Или нема такви?:)
     
    На blue ladybug му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Crazy in Love

    Crazy in Love Here's looking at you kid.

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    23.814
    Допаѓања:
    25.376
    Како бе застарени муабети? Е па нека стават забрана за студирање воопшто, забрана за гласање, забрана за излагање во сабота навечер, па да видиш дали ќе ти делуваат “застарени“ муабетите. Слобода на избор било застарен муабет. Да има временска машина, па да те вратиме во времето на Сталин и Хитлер, па да видиш колку ќе ти изгледаат застарени муабетите.

    Па има избори кои не се мои, ама изборот дали ќе гласам или не - треба да биде мој. Дали ќе излезам и ќе одберам политичка опција/поништам ливчето или ќе останам дома е право на избор. Ако ти сакаш да одиш и да поништуваш ливчиња или да гласаш за некој, не значи дека сите тоа го сакаат.

    Да.
    Баш да. Дури и кога многумина пробуваа да ме разубедат, јас си го истерав моето и си го запишав факултетот што го сакав.

    Ако некој не прави свои избори, туку туѓи, тоа си е негов проблем, но ако некој сака сам да си бира е негово право.
    Исто ко да ти кажат дека се воведува “Задолжително излагање во сабота навечер“. Па шо има везе, ти само излези си работава, не мора нишо да праиш.

    И трето, нема потреба од “Ниту еден од понудените“, затоа што поништено гласачко ливче токму тоа и значи.
    --- надополнето: 20 март 2013 во 16:31 ---
    Не е битно зошто излегле, битно излегле и си го кажале своето. Поништување на ливче е исто така избор.
    Некои не излегле зошто не сакале или не можеле.
    Како и да е, секој си направил свој избор во врска со тоа.
     
    На eternum и Xibalba им се допаѓа ова.
  15. Hank Moody

    Hank Moody

    Член од:
    25 септември 2011
    Мислења:
    6.439
    Допаѓања:
    18.274
    Против.

    Против сум прво тргнувајќи од човековите слободи и права, правото на избор. Мојата воља е пресудна дали ќе гласам, за кого ќе гласам и зошто нема да гласам. Не може некој да ми наметне со сила да учествувам во гласање на одредена политичка партија. Можеби идеологијата која ја сметам за блиска нема нејзина партија претставник, можеби политичката партија има една а застапува сосема друга идеологија, можеби кандидатот не ми е соодветна личност за тоа место, можеби нема избор за кого да гласам.

    Со задолжително гласање само ќе се заокружуваат сите кандидати, ќе се допишува Чак Норис, Балашевиќ, Бетмен, Партија на Џедаите итн итн. Пак не се добива ништо, освен што вашето задолжително излегување ќе го подржи цензусот или ќе даде легитиметет на изборниот процес.
     
    На Klin му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: