Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Вака одма да опоменам, секој обид за дневна политика ќе резултира со бан од тема.
Темава е теоретска и како таква и ќе се третира.
Значи во темата “Што ако никој не излезе на избори?“ се зачна муабетот за задолжително гласање, па затоа и ја отварам темава, да не се меша со другата тема, чисто да го разглабаме процесот.
Значи задолжително гласање на избори подразбира дека сите регистрирани гласачи треба да излезат на избори, во спротивно плаќаат казна на државата.
Ваквиот принцип е спроведен во држави како Грција, Австралија, мислам дека беше и Русија и плус уште други држави.
Што мислите за овој концепт? За или против? Кои се позитивните, кои се негативните аспекти?
Јас лично сум апсолутно против.
Правото на глас е човечко право. Значи се работи за право, а не за одговорност. Државата не смее да наметнува обврска на луѓето да гласаат. Има луѓе кои едноставно не сакаат да го користат нивното право на глас и не смеат да бидат казнети поради тоа.
Не станува тука збор за “Излези, па ако треба прешкртај го ливчето.“, станува збор за мешање во личното право на луѓето да излезат или да не излезат на гласање.
При сплет на околности на автобуска станица во Софија запознав еден граѓанин на Австралија и ја начнавме и таа тема и тој кажа дека и покрај задолжителното гласање, сепак е ниска излезеноста и дека и покрај казните, луѓето не се заинтересирани да гласаат.
Сепак ова е само мој став, слободно надоврзете се или дискутирајте...