Загатки

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
1. Пред вас се три затворени вреќи. Едната е полна со јаболки, другата со круши, а третата е мешана со јаболки и круши. На секоја од вреќите е напишано грешка состав. Имате право да одберете една вреќа и да извлечете едно јаболко/круша без да гледате. Одредете што точно има во секоја вреќа.

2. Во една темна соба има три сијалици a,b и c. Вие се наоѓате пред собата и на зидот има три тастери 1,2 и 3 за секоја сијалица по еден. Пред да влезето во собата можете да ги притискате тастерите колку сакате, но кога ке влезете во собата само една сијалица треба да свети. Откријте кој тастер за која сијалица е.
 
ACHQ

hawk
Член од
18 јули 2009
Мислења
702
Поени од реакции
73
Си биле татко и двајца сина, едниот бил слеп а другиот бил глувонем. Биле в пустина и му се припијало вода. Таткото и глувонемиот син пошле по вода а слепиот ги чекал. Наполнале вода и на враќање таткото умрел. Како ќе му кажи глувонемиот на слепиот дека татко му умрел ?
Глувонемиот ќе го фати за рака слепиот и ке го одведе местото каде што умрел таткото,со раката на слепиот глувонемиот ке го допре ладното тело на таткото а бидејки се во пустиња слепиот ке знаe дека се работи за таткому.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Oва со пустината е лесно, ама загаткиве на коментатор :vozbud: Ни идеја немам.
 
M

mercenary

Гостин
2. Во една темна соба има три сијалици a,b и c. Вие се наоѓате пред собата и на зидот има три тастери 1,2 и 3 за секоја сијалица по еден. Пред да влезето во собата можете да ги притискате тастерите колку сакате, но кога ке влезете во собата само една сијалица треба да свети. Откријте кој тастер за која сијалица е.
Прво го стискаш првиот тастер, па чекаш едно 5-6 минути да се загрее сијалицата и ја гасиш. После го стискаш вториот тастер и ја оставаш сијалицата да свети.. Влегуваш во собата, ги допираш сите сијалици. Жешката сијалица е за првиот тастер, ладната е за третиот, а таа што свети е за вториот.

А може да се открие кој тастер за која сијалица е и без да свети една сијалица кога ќе влезеш, со сите изгасени.
 
Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
1. Пред вас се три затворени вреќи. Едната е полна со јаболки, другата со круши, а третата е мешана со јаболки и круши. На секоја од вреќите е напишано грешка состав. Имате право да одберете една вреќа и да извлечете едно јаболко/круша без да гледате. Одредете што точно има во секоја вреќа.

2. Во една темна соба има три сијалици a,b и c. Вие се наоѓате пред собата и на зидот има три тастери 1,2 и 3 за секоја сијалица по еден. Пред да влезето во собата можете да ги притискате тастерите колку сакате, но кога ке влезете во собата само една сијалица треба да свети. Откријте кој тастер за која сијалица е.

1. Ќе отидам до вреќата кај што пишува мешано. Ќе извлечам на пример круша и ќе знам дека тоа е вреќата со круши затоа што со мешано неможе да биде бидејќи пишува грешка состав. Ќе останат вреќите на кои пишува јаболки и круши. Во вреќата на која пишува круши има јаболки, а во вреќата кај што пишува јаболки се мешаните.

2. На второто има одговорено членот над мене. И јас мислам исто.
 
Кај пишува дека на вреќите го пишува тоа? :O!
 
Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Кај пишува дека на вреќите го пишува тоа? :O!
1. Пред вас се три затворени вреќи. Едната е полна со јаболки, другата со круши, а третата е мешана со јаболки и круши. На секоја од вреќите е напишано грешка состав. Имате право да одберете една вреќа и да извлечете едно јаболко/круша без да гледате. Одредете што точно има во секоја вреќа.
 
M

mercenary

Гостин
1. Пред вас се три затворени вреќи. Едната е полна со јаболки, другата со круши, а третата е мешана со јаболки и круши. На секоја од вреќите е напишано грешка состав. Имате право да одберете една вреќа и да извлечете едно јаболко/круша без да гледате. Одредете што точно има во секоја вреќа.
Еј да бе. :icon_mrgr
Ја мислев на секоја вреќа пишувало "ГРЕШКА СОСТАВ". -.-"
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890

:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

--- надополнето ---

Еве една и од мене, лесна е.

На трка со коли се пријавуваат неколку учесници. Најголем фаворит меѓу нив е Ана, која победила лани. Меѓу другите се и Дарко, Мартин и Тино. Дарко, кој завршил три места пред последнопласираниот Тино, е две места пред седмопласираниот Мартин.
Колку учесници има во трката?
 
8 ? Или има некој трик? :)

--- надополнето ---

8, ја глеав трката.
Си ме претркал :)
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Нема трик. Ви реков лесна е :D

Ајде уште една.

Дедо Јован им раскажува на своите внуци за неговото јунаштво во војните, пред се во Првата Светска Војна. „За мојата храброст добив бројни ордени и награди. Се уште се сеќавам на мечот кој го добив веднаш по завршувањето на војната, во февруари 1919 година, на кој со големи букви беше изгравирано моето име заедно со натписот `За големите заслуги во Првата Светска Војна`. Бев почитувана и славна личност во тој период, внуци мои. Сите мажи ми се восхитуваа и сите жени ме посакуваа.“
Помалиот внук се воодушевувал на херојствата на дедо му, додека постариот само ладно констатирал: „Лажеш, дедо.“
Дали постариот внук е во право? Зошто мисли дека дедо му лаже?
 
Затоа што у прва светска војна се пукале со пушки а не се кољале со мечеви па меч да му дадат :) Плус, војната завршила ноември 1918 а не февруари 1919.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Затоа што у прва светска војна се пукале со пушки а не се кољале со мечеви па меч да му дадат :) Плус, војната завршила ноември 1918 а не февруари 1919.
Не, не баш.
Мечот е симболично одликување за голем воин.
Датата е добро претставена, во 1919 дедото добил одликување, сигурно нема веднаш во ноември да му дадат награда. Наградата ја добил по мало стивнување на страстите, три месеци подоцна.

Важно ги погоди двете полиња кон кои треба да се фокусираш за да ја решиш загатката ;)
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Нема логика три месеци после војната да пишувало " за големите заслуги во првата светска војна ", Терминот "прва светска војна" е измислен подоцна.

Ја да сум синот, тоа би му го кажал на дедо. :)

Ваљда не е ова фората али ми падна во очи прво... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom