Па гасифицирана е топлификацијата, а друг проблем е што граѓаните не се заинтересирани, дури тие што се во згради со парно се откажуваат ... проблемот е стар и од правна природа, нема правна регулатива за мерачи (калориметри)... б.т.в., во населба Н.Лисиче има објекти кој од времето на СФРЈ имаат и вградено калориметри, но Топлификација никогаш не ги прими.
Населувањето на Скопје исто така не е од сега, туку од земјотресот почна да се гради во денешна општина Аеродром ( искористен е и стариот Аеродром), а која е неповолна локација за станбени објекти бидејќи е најниска во градот.
Во врска со дрвата и тревата сепак мислам дека најбитно е да се намали загадувањето на изворите на загадување. Да потсетам дека има експлозија на алергии на трева и посебно на дрва ( тополи, брези, липи). Не само тоа, истите болни тврдат дека во Скопје им сметаат дрвата, но не и во Охрид или други места.
Не може Скопје да се споредува со Загреб или Љубљана, кога Скопје е центар на индустријата во РМ.Да го споредуваме со Панчево, Сараево или со Питсбург во УСА и од таму да видиме какви искуства имаат. Каде мислиш да се дислоцираат факултетите и државните устануви, околу железара и цементара ? Можеби на Водно или во Побожје.