Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

Член од
28 март 2006
Мислења
17.904
Поени од реакции
12.455
Прашајте повозрасни какво било Скопје .......
знам какво било, јас сум постар. Прво по дифолт магла не значи загаденост, магла е како што зборевме кондензат, вода, облак. Магла има и на Маврово. Проблемот е што и покрај тие сознанија дека Скопје има специфична положба, власта само ја влоши состојбата (која мислам дека допрва ќе ја осетиме). Дали ти виде Иреал да муцне еднаш за заштитниот појас во Загреб или уредувањето на Љубљана? Проблемот е што од петни жили се обидуваат вината да ја префрлат врз граѓаните... За зградите покрај Вардар, дуплирањето на администрацијата и зградите за нив во центарот, бетонирање на парковите, несоодветните сообраќајници, греењето?
А што да кажат од другите градови Битола, Тетово...и што правиме со загадените води, почва...?
 
Последно уредено:

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.459
Поени од реакции
2.016
Во градов Скопје невозможни се outdoor спортски активности, па и во негова близина. Ефектот би бил спротивен од очекуваниот кога се спортува. Ужасна е состојбата во некои населби, посебно каде населението живее во куќи. Тоа го користат и оние коишто чистат бакар па палат гуми и разно разни кабли за да го извадат бакарот од нив и се гледа насекаде црн чад кој непрекинато гори а нема кој да се казни за тоа.
Решение=Ц4 динамит под одредени згради во градов за да циркулира воздухот.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Po nekoja slucajnost sekogas vo grejnata sezona se zgolemuva zagaduvanjeto!?:cautious:Znaci ogromen pridones za zagaduvanjeto ima greenjeto na drva.Opasni se perjodite koga ima anticiklon toest vedro i stabilno vreme i nema struenje na vozduhot.Znaci edinstven spas protiv zagaduvanjeto e gasifikacija inace ljugeto ,osobeno od golemite gradovi ke se gusat vo zagadenost.A bogami i na sumite ne im se pisuva dobro,za brzo vreme celata teritorija na Makedonija ke zalici na Krivolak.[DOUBLEPOST=1448124930][/DOUBLEPOST]
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.556
Поени од реакции
85.163
Po nekoja slucajnost sekogas vo grejnata sezona se zgolemuva zagaduvanjeto!?:cautious:Znaci ogromen pridones za zagaduvanjeto ima greenjeto na drva.Opasni se perjodite koga ima anticiklon toest vedro i stabilno vreme i nema struenje na vozduhot.Znaci edinstven spas protiv zagaduvanjeto e gasifikacija inace ljugeto ,osobeno od golemite gradovi ke se gusat vo zagadenost.A bogami i na sumite ne im se pisuva dobro,za brzo vreme celata teritorija na Makedonija ke zalici na Krivolak.
Tое затоа што, задолжување за исплата на пензии и администрација е права ствар, а грижата за шуми е за шупаци.
 
Т

Триптико

Гостин
@stratUs па нели, секоја година се садат по неколку милиони садници? Нема да личи на Криволак. Или, некој става неколку милиони во џеб? ;) Да беа тие бројки точни, денес Македонија ќе имаше шума како Амазон.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Tое затоа што, задолжување за исплата на пензии и администрација е права ствар, а грижата за шуми е за шупаци.
Daj be ne me zamarajte so politika.Vo zivotov ima i drugi raboti osven politika!Problemov so zagaduvanjevo e od ko pamtam za sebe!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.945
Поени од реакции
17.201
Епа ако нема врска власта со ова, тогаш секој сам да спроведува решение како ќе му прдне.
место зајко да ја бута оваа со главата како питбул требаше да го земе министерското место за екологија и да го ангажира проф. Балтазар..
шега на страна, ама нити имало ниту ќе имаме власт која ќе спречи ложење на иверка и моторно масло, ниту ќе ги исклучува од сообраќај издрданите дизели ( највеќе ме нервира кога ќе ги остават да работат во место), нити сериозно ќе се ограничи пушењето (види колку има на секој чекор опушоци) и се друго...
А не е само Аеродром и Н.Лисиче и Скопје, па во сред лето во Охрид кога ќе запалат ќумбиња да печат пиперки во густо населено место , не во оџак, туку ќунци со 1,5м висина ќе задими се околу... а сега во грејна сезона ич не ми се зборува за Охрид...
 
Т

Триптико

Гостин
@Ireal ајде сега, пак пушачите се проблем. Нѐ избркавте од сите можни места, дури и од дома, за сега да е проблем пушење и на улица?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.945
Поени од реакции
17.201
@Ireal ајде сега, пак пушачите се проблем. Нѐ избркавте од сите можни места, дури и од дома, за сега да е проблем пушење и на улица?
синоќа на гости бев, 3-ца чурат а 7 души се гушат..... се вадат па ионака е загадено, те тутунопроизводителите што ќе праат, не угушија...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.904
Поени од реакции
12.455
Велат прост народ силна држава, веројатно ние сме редок исклучок

Брисел ни забележува за големото загадување на воздухот во Македонија
Проблемот со загадувањето на воздухот кое според мерните станици на Министерството за животна средина е високо, ги натера граѓаните овој месец да излезат на протести во Лисиче со пароли на кои пишува „Сакаме да дишеме“ и „Стоп за смрдеата во Лисиче и во Аеродром“. Но, загадувањето на воздухот е нотирано како забелешка и во извештајот на Европската комисија за Македонија каде што стои дека е постигнат само ограничен напредок во спроведување на националниот план за заштита на Квалитетот на воздухот.

„Минатата зима беа евидентирани високи нивоа на загадување на воздухот (ПМ10), значително над границите на ЕУ“, се вели во извештајот од Брисел.
Мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека скопјани кои живеат во Лисиче во октомври годинава дишеле воздух со концентрација на ПМ10 честички од 120 микрограми на кубен метар.

Канцерогените честички, кои можат да предизвикаат рак на белите дробови и да доведат до смрт, биле за повеќе од двојно над дозволената граница за дневно ниво на Европската унија, што е гранична вредност и во Македонија (50 µg/m3). Во Лисиче на почетокот од месецов е измерена рекордна загаденост од 534 микрограми на метар кубен.

Од загаден воздух се задушувале и граѓаните во другите скопски општини, додека тетовци 30 дена во октомври, според мерните станици, дишеле штетен воздух, во кој присуството на ПМ10 честичките исто така било над дозволеното, најмногу до 153. Просечната годишна концентрација е највисока во градот под Шар Планина, а годишните аналзи на Министерството за животна средина покажуваат дека воздухот е најзагаден во зимскиот период.

Европската комисија тужи земји-членки поради загаден воздух
На 200 километри од Скопје е еден од градовите со најзагаден воздух во ЕУ- бугарскиот град Перник. Бугарскиот индустриски град е меѓу трите најзагадени градови во ЕУ според извештајот на Агенцијата за животна средина на ЕУ за загадувањето во периодот 2001-2011.

Просекот на ПМ10 честичките во Периник во просек е 74 на кубен метар, што е над границата на ЕУ. Сепак, за разлика од Македонија каде што квалитетот на воздухот е оставен на самоволието на државата, Бугарите од членството во ЕУ имаат придобивка. Бугарија пред неколку месеци доби тужба од Европската комисија пред Судот на правдата поради надминување на дозволената граница на ПМ 10 честичките.
Тужба доби и Владата на Велика Британија поради тоа што не успева да го заштити здравјето на луѓето од загадувањето на воздухот. Случајот го покрена организацијата „Клин ертх“.

„Нашиот случај беше базиран на Директивата за амбиентален воздух на ЕУ. Обединетото Кралство и други држави ја кршат директивата поради нивоата на НО2 која законски е ограничена на 40 µg/m3). Кога ние го започнавме случајот, имаше делови од Лондон кои не без во согласност со директивата до 2030 година. Случајот стигна до Врховен суд и беше процесуиран во Судот на правдата на ЕУ. Процесот траеше пет години, а како резултат на случајот, Владата на Обединетото Кралство треба да излезе со план како ќе го намали загадувањето“, вели за БИРН Џон Бенет од организацијата „Клин ертх“.

Да се ограничи сообраќајот со возила
Доколку Македонија се приклучи кон ЕУ, ќе треба да покаже дека е на патот да ги исполни ограничувањата во поглед на загадувањето на воздухот, вели за БИРН Себастијан Пант од Европското биро за животна средина од Брисел.

„Постојат бројни иницијативи што државата може да ги преземе за да го намали загадувањето на воздухот. Не постои единствено решение кои би било применливо за секоја држава“, вели тој.

Земјите-членки на Унијата постојано трагаат по решенија како да се намали загадувањето на воздухот. Во Париз беше воведен ден без автомобили, а Осло до 2019 година планира целосно да ја забрани употребата на возила во центарот на градот и да се изградат патеки за велосипедисти од 55 километри и да се инвестира во јавниот транспорт.

„Да се ограничи загадувањето од сообраќајот е клучно за сите држави, затоа што штетниот воздух не застанува на граница. Мора да се осигура дека постојат лимити во поглед на загадувањето за секоја држава. Оваа поента е значајна, затоа што одредена земја може да ги исполнува ограничувањата во поглед на загадувањето, но ќе страда заради соседите“, вели Пант од Европското биро за животна средина.

Еон Банон, од невладината организација „Транспорт и животна средина“ од Брисел за БИРН вели дека формирањето градски зони за помало загадување и поголемата употреба на јавниот транспорт се дел од мерките што треба да се преземат за да се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот.

„Треба да се промовираат поефикасни системи за греење и енергетски ефикасни згради, не дозволувајќи да се користат дрва за огрев. Ова се најдобрите опции“, советува Банон.

Со дел од ваквите мерки се согласуваат и еколошките невладини организации од Македонија кои излегоа со предлог мерки за секторите сообраќај, индустрија, градежништво и домаќинства за да се подобри квалитетот на воздухот. Во делот на индустријата, невладините организации бараат да има времен прекин во деновите со зголемено загадување, а се предлага и бесплатен сообраќај, како и забрана за движење на возила со понизок стандард од ЕУРО 4.

Еколошките здруженија велат дека ќе бараат од партиите во своите програми за изборите да понудат решенија за загадувањето.

„Ќе бараме да им дадат на граѓаните конкретни решенија, а не да им замачкуваат очи. Ни требаат зелени пратеници кои ќе работат на овој проблем“, вели Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест.

Институциите рамнодушни на поразувачките статистики
Кон проблемот со загадувањето кај нас се пристапува повеќе кампањски и прашањето се отвора само во зимскиот период кога мерните станици покажуваат дека граѓаните се гушат во загаден воздух кој е ризичен за здравјето.
Единствената мерка која беше на големо промовирана преку телевизиски прилози на медиуми блиски до власта откако мерните станици почнаа да светат црвено поради загаденоста, беше прскањето на улиците на Скопје со калциум магнезиум ацетат.

„Оваа мерка не е доволна, не може парцијално да се решава проблемот со загадувањето“, вели Чоловиќ Лешоска од невладината организација „Екосвест“.

Од Министерството за животна средина една недела не одговорија на прашањата од БИРН за тоа што се презема за да се намали високото загадување, со објаснување дека надлежните биле на пат. Не ни одговорија зошто кога во Националниот план за заштита на воздухот 2013-2018 година, донесен од Владата, стои дека технолошките процеси кои се одвиваат во индустриските капацитети во Македонија директно влијаат за загадувањето, се толерираат преку продолжување на роковите за еколошко прилагодување.

Колку граѓани годишно умираат поради загаден воздух и какви респираторни проблеми носи загадувањето е прашање за кое и покрај неколкудневно инсистирање не добивме одговор од Институтот за јавно здравје. Драган Ѓоргиев, советник од Институтот за јавно здравје, без да ни одговори дали Институтот прави свои пресметки или дали како институција ги прифаќаат бројките на Светска банка, нѐ упати на истата таа статистика.

А таа покажува запрепастувачки податоци. Студијата „Зелен раст“ на Светската банка која беше промовирана во 2014 покажува дека во Македонија во просек 1.350 луѓе годишно умираат поради загадување на воздухот. Загадувањето на воздухот, според истиот извештај, ја чини Македонија 253 милиони евра или 3,2 отсто од БДП-то.

Светска банка пресметала дека ако Македонија го намали нивото на загаденост со суспендираните честички ПМ10 и ПМ25, би избегнала 800 случаи на смрт и би зачувала 34 милиони евра годишно.

Јасно се детектира и од каде доаѓа загадувањето: најголем процент на емисија на суспендираните честички произлегува од производствените процеси („Макстил“, „Скопски легури“, „Фени Индустри“, „Фероалоис“) и изнесува 60%.

Доколку Македонија ги исполни стандардите на ЕУ, Светска банка проценува дека би заштедила над 150 милиони евра годишно.

Сепак, како што велат еколози за БИРН, институциите остануваат глуви на ваквите поразувачки податоци и проценки.

На „големите“ загадувачи им се прогледува низ прсти
Според Александра Бујароска од невладината организација „Фронт“, недозволиво е тоа што на „големите“ загадувачи им се прогледува низ прсти и во неколку наврати им се продолжува рокот за еколошко прилагодување, што доведува до загрозување на животната средина.
На „Југохром“ од Јегуновце неколку пати им е продолжуван рокот за обезбедување на А-интегрирана еколошка дозвола за која треба да вложат 19.577.000 евра.

Досега три пати уште од 2008 година барале да им се одложи рокот за унапредување на технологијата, а последното го добиле во март годинава кога сопствениците на фабриката „Метал Инвест ЕФТ“,добија продожување на рокот до 31 декември 2016 година.

Крајниот рок за добивање еколошка дозвола за сите термоелектрани е април 2019 година, но еколозите не изклучуваат можност повторно да им се продолжи рокот.

Во поглед на казните за загадување на воздухот, повеќе има прекршочни постапки, отколку повисоки глоби со кои би се принудиле „големите“ загадувачи да ги почитуваат законите и државата би покажала дека се грижи за здравјето на граѓаните.

„Државниот инспекторат поведе прекршочна постапка за „Макстил“ за немање мерна станица, бидејќи согласно оперативниот план се задолжени за сопствен мониторинг и оваа казна е наплатена. Во моментот опремата е набавена, но „Макстил“ чека одобрение за градење кое го издава општината. Од наша страна поведена е прекршочна постапка и за „Југохром“ за непочитување на решението на државниот инспектор во висина од 5 илјади евра, и уште една глоба согласно чл. 212 од Законот за животна средина, 70 -100 илјади евра, која сѐ уште нема судска разрешница и од судот зависи дали ќе ја потврди или отфрли“, велат од Инспекторатот за животна средина за БИРН.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Најголема причина за загадувањето е градежната експанзија. Секое делче со зеленило се гледа начин да се искористи и на тоа место да се изгради објект или зграда за живеење во кој становите ќе зјаат празни. Летно време кога трчам покрај кеј, Ромите под Кале палат ѓубре и гуми, цел кеј смрди на палевини, во Злокуќани имам роднини кои живеат и кажуваат дека таму овие за старо железо топат бакар. До пред некоја година неколку ромски семејства изградиле импровизирани куќички, се населиле на просторот пред базенот Карпош, еднаш кога бев на утакмица во Борис поминав таму, цел тој простор беше со купишта ѓубре, навечер од цело Скопје влечеле ѓубре и палеле отпад од пластика и гуми, така неколку пати кога ќе излезам на кафе во Сити Мол цел Карпош мириса на пушено месо. Граѓаниве се собираа да потпишуваат петиции и реагирале кај инспекторите, и конечно ги избркале од таму, додека ѓубрето останало.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.556
Поени од реакции
85.163
Огромен процент од овие PM честици ги добиваме од греењето на дрва, а заедно со нив и други далеку пострашни супстанции. Но, свеста на сиромашниот е насочена кон катадневно преживување, а не кон еколошки идеали.
Идеално би било, за Скопје, сите да се грееме на парно. Но, откога БЕГ ги направи условите за греење идиотски, многумина немаа друг избор. Па така имаме цели населби, во кои беше проектот за вклучување на парно во полн ефект, а кои тоа го стопираа. Едноставно, зградите до кои стигнаа цевките, а кои со децении ги чекаа тие цевки, се откажаа. Не се будали, а и да се, пак немаат сите пари да ги исполнуваат каприците на Фамилијата, која поседува поголем дел од БЕГ, а која фирма е феноменално заштитена од самите свои сопственици, кои управуваат со судската и извршната власт.
Некој би рекол, абе пичка му мајчина, цела држава се ваши фирми више, се нафатиравте за три поколенија, кур ве боли. Дајте напрајте го парново разумно, да се греат повеќе, да има се помалку што ќе горат, да не испоумре народов од белодробни болести. Они - НЕ, ако може секој ебан дени ќе го цедат, ги боли уво за кинеските нивоа на загадување, битно е и последниот дени да им го земат на сите на кои тоа можат да им го направат.
Дрвата ги испосекоа, вехабии донесоа. После ова коа ќе биде Афганистан, они ќе си клизнат таму на Мартиник или кај и да го трупаат азното по Карибите, а тука ќе нѐ остаат со АлКаеда и нивните ретардирани полтрони, кои денес ги глеаме како лаат небулози овде.

Глеам пред некој ден на СиЕнЕн сајтот репортажа за некој кинески град кај што, ужаснатиот новинар пишува, концентрацијата на ПиЕм 2.5 да ти била и до четири пути над дозволената. Невероватно, нели? Ги жалам Кинезиве.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.752
Поени од реакции
7.270
Никако не можам да сфатам зошто во Карпош е толку големо загадувањето, ако не е од Топлификација
 

Kajgana Shop

На врв Bottom