Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.988
Не ја следам дебатава, но сакам да посочам еден поголем проблем, а тоа е инфлацијата. Во одредени држави, самата власт ги смрзна цените на одредени основни продукти (како лебот, млекото и маслото за јадење), а нашата власт, под директива на ДОМ се фати да ја регулира цената на кесите. Одредени маркети со години продаваат биоразградливи кеси за 1-2 ден. Мислите не знаат дека ги продаваат истите кеси 15 пати поскапо? Знаат, само ништо не зависи од нив, мораат да се држат до законските прописи, каде има и драконски казни.
Сега дали оваа мерка биде светла еколошка точка? Нема баш. Меркава, иако ја поддржувам, е многу избрзана. На конец висат 600 работни места и 30 компании! За дел ќе стане непродуктивно производството и продажбата на кеси, затоа што и побарувачката ќе опадне, и по извесен период ќе пропаднат. Во залиха имаат Х број на кеси...кои ќе завршат во природата. Требаше да им се даде простор, време и пари (со оглед на тоа дека имаме директна владина ургенција) со цел или да си ја променат формулата или да си го пренаменат производството. Да, и тука би се јавил проблем, ако го пренаменат производството (да речеме во хартиени кеси) ќе станат нелојална конкуренција. Зошто? Затоа што се крши со сите принципи на капитализмот. Државата може и треба да воспоставува стандарди, ама и при имплементацијата на истите, мора да се грижи за бизнис секторот!
Кој е поголем загадувач, дали производителите на кеси или оние фабрики сместени во срцето на главниот град кој го прават топ 5 најзагадениот градови во светот? Дали некогаш е воведена некаква форма на рестрикција кон нив? Автомобилите и домаќинствата кои се грејат на дрва? Пар рестрикции и правила кои не вградија со плод. Зошто не се пристапи кон гасификација!?
Ние увезуваме отпад! Притоа и оној кој го креираме, со палиме. Секоја година горат депониите, каде ни тие биоразградливи кеси не успеваат да се разградат! И тоа е голем проблем кој не го решава утринската роса.
Воведоа контејнери за рециклирање! Топ мерка. Штета што граѓанската свест е на ниско ниво. И таа може да се заобиколи. Продај ги депониите. Нека прават пари. Тие се фантастични развиени бизниси на запад. Зошто не може и кај нас да се имплементираат тие бизнис политики?
Ветија, мислам 200 еко автобуси. Искрено им се радувам. Дел, колку што знам, веќе се и набавени. Прочитав само наслови, така ова нека се земе со резерва.
Се планираат чистења и дислокации на 100тина диви депонии. Одлично. Само по пар години народот ќе се врати на старите "добри" навики. Кај нас секоја година се чисти речното корито и секоја година се трупа со шут и отпад. Зошто инспекцијата не излезе на терен? Можат да стават само една мочана камера и тоа е сѐ!
Мерката со кесите е малку избрзана, има граѓанска иницијатива каде ќе се собираат потписи за одредени измени околу изземањето на одредени сектори. Селективноста нема да го реши проблемот.
Има мрдање од мртвата точка и треба да сѐ да се критикува затоа што само со критиките истите политики ќе бидат подобри.