Македонија се отвори, сега покрај тоа што природно е отворена кон Косово и Албанија, отсега ќе е отворена и кон Србија. Тоа е ваше дело. Вие инсистиравте така да биде.
Ма немоj. Само сонцето е постаро од Македониjа, така цврсто веруват Македонците ширум светот, видиш ти што значи да се има ептен долга национална историjа. Меѓутоа некако негативци се барат ексклузивно во годините на Втора светска, упорно каj eден сосед конкретно. Доколку не ги познаваш приликите ќе замислиш дека Вардарска Македониjа поточно цело останато време била слободна и независна. Одеднаш во 1941 година доаѓа коб!
Дури и овдека некои членови на форумот го признаа тоа комунистичко, строго идеолошко толкување на историjата што се наметнува во склоп на намерна поширока фалшификациjа коjа има политичка агенда со долг век. Се знае кому е резирвисана улогата на негативците. Мислам нема потреба од глумење.
Додека се брани идентитетот од еден толку лош сосед, односно неприjателот №1, Турците повторно си го прчат среде Охрид преку Али-Пашината џамија како наjдоминантен обjект во градот коj важеше за место со амбиент на историски христиjански центар, а во кратко време од неколку недели Насер Зибери стана македонски правобранител, Беса Адеми беше избрана за шефица на Врховен суд, Артан Груби протурка нови 1.349 рамковни вработувања кои ти ќе мора да ги плаќаш, истиот jа констатираше новата реалност со јазичната еднаквост по должината на Коридорот 8, а дали пописот е добар, односно дали Албанците навистина се толку колку што треба, накраj ќе се одлучува со потписот на Илми Селами. Чим е тоа одбраниот правец, нека се множи, па живели.