Дозвола за шетање пфффффф кој ќе ми забрани?
2 000 евриќа е казна..
Забрана за движење во шума до 31 август
ЈП „Македонски шуми“ ја активира забраната за движење во шума до 31 август 2012 година и наедно апелира до сите граѓани дека е строго забрането палење оган, правење скари, фрлање догорчиња и секаков запалив отпадок и материјали на отворен простор. Забраната е активирана поради високите температури во овој период во годината и зголемената опасност од појава на пожари.
Против прекршителите на оваа забрана,ќе бидат поднесени прекршочни пријави во согласност со Законот за шуми кој предвидува казна од 1.500 - 2.000 евра и врз основа на Законот за ловство кој пропишува глоба од 1.500 - 3.000 евра.
ЈП „Македонски шуми“ преку своите 30 подружници издава Одобрение за ограничено и контролирано движење во шума врз основа на барање за движење во шума поднесено од заинтересираните физички и правни лица. Претпријатието ги повикува граѓаните при евентуално забележувањена пожар да пријават на бесплатниот телефонски број 195 во Центарот за управување со кризи.