"Заборавени" играчи

Член од
12 декември 2010
Мислења
9.908
Поени од реакции
10.540

Габриел Агбонлахор
според википедија по 13 минати години во Астон Вила сега е слободен агент
а мислев одамна пензиониран дека е, братот да ти бил 86год
штетата што не направи трансфер у поголем клуб

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336

Демек имаше квалитет да игра повеќе од мид тејбл тим?
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.070
Поени од реакции
11.048
Повеќе од пола од овие што сте ги спомнале, не треба да се најдат на темава. Еден тон пензионирани играчи сте пишале или играчи кои што ни биле некаков фактор во фудбалот, ни пак имале потенцијал.
Онака од тепка ќе ви текни некој играч што играл некогаш некаде и ајде пиши го.
Ко сеа да земам Здравко Кузманович да го пишам или од Милан Марио Јепес. Јак кур во светскиот фудбал.
 
Па сигурно нема да пишуваме за Ибра, Руни, Иниеста како заборавени играчи.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.271
Поени од реакции
22.544
Повеќе од пола од овие што сте ги спомнале, не треба да се најдат на темава. Еден тон пензионирани играчи сте пишале или играчи кои што ни биле некаков фактор во фудбалот, ни пак имале потенцијал.
Онака од тепка ќе ви текни некој играч што играл некогаш некаде и ајде пиши го.
Ко сеа да земам Здравко Кузманович да го пишам или од Милан Марио Јепес. Јак кур во светскиот фудбал.
Ти затоа можеш да пишеш за Сантон, Балотели, Арнаутович, Ранокија, Калдирола и целата таа генерација на " таленти" што се појави после ЛШ 2009/2010.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.070
Поени од реакции
11.048
Па сигурно нема да пишуваме за Ибра, Руни, Иниеста како заборавени играчи.
Целта е да се пише за некој играч што стварно бил некој кур фактор во фудбалот, ама изиграл само неколку сезони и го снемало. Или па некој што го пувале медиумите како нешто идно големо, за на крајот да заврши во некоја бош екипа. Марин од Ѕвезда ти е класичен пример на играч што треба да заврши во темава.
Ми го пишал некој погоре Торес заборавен играч :S
Или заборавен играч Роналдо стариот да го пишеме, со 48 години.
ТОа примерот со Кузманович го пишав иронично, поради тоа што видов дека некој погоре го пишувал Д.Суарез, никаков фактор во фудбалскиот свет.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Гаитан би го ставил на темава. Дури беше во Бенфика еден од најповрзувани играчи со нас (очигледно португалска жолта штампа). Премина во Атлетико Мадрид каде што не одигра нешто значајно и еве сега гледам играл во Чикаго.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.143
Поени од реакции
16.658
А бре стварно Торес со 35 години заборавен играч а тој уште некоја година внуци ќе исчека:ROFLMAO:
Или па кога ќе пишат за некој играч со една полусезона изиграна :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Викенд фудбал на А1, а таму покрај Дарен Бент имаше и еден друг момак што газеше тој период додека Блекбурн беа сеуште клуб.
Пред некој ден го гуглав и гледам уште игра фудбал.
Мортен Гамст Педерсен во дресот на Тромзо.
Стандарден првотимец на 37 години.

pedersen.jpg
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Саидо Берахино. Дебитираше во 2013 за ВБА, имаше одлични партии и сите мислеа дека ќе биде ѕвезда, му се разви статус каков што сега моментално го има Рајан Сесењон. По неколку сезони и куп проблематики во ВБА, замина во Стоук каде што немаше дадено гол 2 години, сега е во Зулте Варагем а пред некој месец добил казна за возење зошто паркирал на тротоар. Во РСМ би поминал со „Знаеш кој сум јас“ муабетот ама за жал никој не сака да живее во РСМ :(
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Ќе отидам малце оф топик, Педерсен ме потсети на тоа колку Блекбурн едно време му правеше проблеми на Јунајтед. Заедно со Миделсборо знаеа да го излудат САФ.
Видете ја само одбранава на Јунајтед какви грешки прави, Смолинг и Џонс не изиграле ваква одбрана.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Овој меч мислам дека е еден од првите на Видиќ и Евра во Јунајтед. Таа прва полусезона и двајцата беа изгубени. Рој Кин 2 месеци претходно го раскина договорот и бевме во дефицит во средината и на мечов Рио Ферднинад ни играше како ДМФ.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.388
Саидо Берахино. Дебитираше во 2013 за ВБА, имаше одлични партии и сите мислеа дека ќе биде ѕвезда, му се разви статус каков што сега моментално го има Рајан Сесењон. По неколку сезони и куп проблематики во ВБА, замина во Стоук каде што немаше дадено гол 2 години, сега е во Зулте Варагем а пред некој месец добил казна за возење зошто паркирал на тротоар. Во РСМ би поминал со „Знаеш кој сум јас“ муабетот ама за жал никој не сака да живее во РСМ :(
Слушај го само Глен Џонсон, какво гомце од човек бил Берахино. По меч во недела навечер, сите оние што не играле, морале да останат по мечот да трчаат. Ако Берахино бил резерва, ке морал и он да трча. Секако, дека дечково го мрзело. Ако еден од резервите не трчал, сите морале да дојдат на тренинг наредното утро.

Секако дека Берахино, човекот заради кого цела екипа дошла наредниот ден на тренинг, се јавувал по телефон дека е болен, и не доаѓал на тој екстра тренинг.

Би го тепал со топка од биљард, ставена во чорап.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.291
Колумбијците Родаљега и Џексон (Хацксон? Ако Родригез е Хамес онда...Хаксон?) Родригез

Родаљега играше во Виган и Фулам пред да отиде во турска лига

Хаксон/Џексон Родригез се прослави во Порто....отиде во Атлетико кај што не направи ништо...па отиде во Кина.. одигра десет утакмици...и сега е во Портимоненсе..
Кога отиде во Кина беше еден од најскапите трансфери
 
Kajgana Shop

На врв Bottom