Ајде да не ве цитирам сега сите, ама како ги извртувате работите, катастрофа...
Како прво, каква врска има поправање на заби и шишање на фризер? Јас само посочив уште еден пример, каде што повеќе пати, со години сум добивал (барем според мене) недоволно квалитетна услуга и непрофесионален однос. Поентата ми беше дека вакви работи се случуваат кај нас и на други места, а не само кај некои стоматолози. Споредбата ја почнавте и ја правите вие, а не јас.
Друго, не се пожалив јас за цената и не побарав да се изедначува со било што, туку спомнав дека не одам "за ич пари". А 600 денари, во Македонија дефинитивно не се малку пари. Покрај ова, оваа цена важи само во ординациите кои имаат склучено договор со ФЗОМ, а цената во приватните дефинитивно е повисока. До пред неколку години и јас подолго време одев на приватен стоматолог и плаќав по 1000 денари за пломба и по 500 за лечење. Можам да кажам и дека од услугата во главно бев задоволен, но поради некои причини, коишто немам намера да ги образложувам сега си отидов од таму.
И веќе по втор пат, не станува збор за поправање и лечење на заби, затоа што колку што ми е познато, односно барем како што ми кажале на стоматолог, во моментов немам кариес на забите (можеби со исклучок на една осмица, што би требало да се вади за некое време).
Значи, темава ја однесовте во сосема друга насока, во која во моментот ви одговараше. Или колку да се каже или попрво да се "мрчи" нешто. По се изгледа дека не ни свативте што барам и што сакам да кажам. Јас само побарав препорака за добар стоматолог и кога после некое време видов дека нема ниту една, си го кажав на кратко своето искуство, без да навлегувам во детали. Ако вашето искуство е поинакво и подобро тогаш супер, дајте ми добра препорака. Во спротивно, подобро ќутете си. Значи, не мудрувајте, не пишувајте излишни работи и не ми ги извртувајте зборовите, како да сум ги кажал јас. Или на кратко: Get a life!
Мислев дека се обраќам на правото место, но можеби згрешив. Така што, ниту имам намера да одговарам на провокации, ниту да ја надгледувам темава (барем не некое време), а ако се најде некој посериозен и солидарен член, слободно нека ми испрати порака на профил и нека ми даде добар предлог за стоматолог. А на тие што досега ми дадоа предлози и евентуално и на тие што во иднина ќе ми дадат, ви благодарам многу.
И луѓе, за последен пат, ве молам не коментирајте беспотребно и не губете си го времето себеси и на другите и не собирајте лајкови. Ова не се главни цели на форумите, барем не според мене. Напротив, доколку можете и колку што можете помагајте си еден на друг.
Христос воскресна!!!