ЗОШТО Е ДОБРО ДА СЕ ПРАВИШ N00B ЗА КОМПЈУТЕРИ?

Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.215
Поени од реакции
941
Јас имам јадено најубав ручек во животов затоа што некому му преинсталирав Windows :)
Шега на страна, никој не се родил учен, и јас додека стигнав каде што сум сега, неколку пати моите го носеа компјутерот на сервис :)
Немаше кој да ми каже дека рекламите “Добитник сте на патување во Австралија - кликнете за повеќе информации“ се лажни, ниту дека ако преинсталираш Windows, се бришат само фајловите на партицијата C:.

Често кога сум на гости кај роднини се случува да ме прашуваат за компјутер, не ми е проблем.
И им симнувам капа на сите оние што пишуваат туториали по интернетов за секакви компјутерски проблеми. ;)
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.281
Поени од реакции
8.447
Моја несреќа е што студирам на електро и мислат дека не учат да форматираме компјутери и да редиме струја и верувале или не, баба ми еднаш ме викна инсталацијата да ја сменам, дафаккккк
Другар ми е на машински ... Планирам оградата дома да ја спремам па добара идеа ми даде :pos:

Ми се има десено ова! Ама ептен голем баксуз сум... кога ќе откачам некого у рок од 15 дена мора да ми притреба некоја услуга од него(n)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.506

Вакви случки сигурен сум дека на многу од вас ви се имаат случено, пошто 21 век сме, ние младината поискусни со технологијата знаеме повеќе од другите.​
На денешницава компјутер пред себе има скоро секој: баби, дедовци, стрини и се што е над 50 и кусур години, сепак треба и тие да се софистицираат, доста беше читање весник пред трафика, сега си читаат весник на компјутер или мобилен. Нормално како и со секоја технологија се дешаваат кварови, нешто не работи се расипало. И тука за да не се потроши некој денар за да се однесе на сервис идат помладите како поискусни во тоа поле. И да не должиме многу, случкава иде вака:​
Ти се јавува некој од постарите роднини другар бивш комшија и те поканува на кафе да се видите и покрај тоа што немаш слушнато од нив долги години. Во прв момент ти иде чудно али сепак се облекуваш и идеш кај него, седите пиете кафе и во еден момент онака „случајно“ му текнува: „Еј, абе компјутерот нешто не ми се вклучува, ќе сакаш ли да го ѕирнеш на 5 мин, ти се разбираш многу“ и у наредните 5 мин те уценува у стилот „па долго време се знаеме, сме си помогнале и во добро и во лошо … али ако не можеш ќе те разберам“ со други зборови напрај ми го компјутерот или никогаш во живот нема да ти проговорам. И ти фатен во тесно се решаваш да му помогнеш и се пикаш под биро-то кај што стои куќиштето и у старт налетуваш на пајажини доволно дебели за да се обесиш на нив, пајаците гимнастика вежбаат, прашина 2 прста врз куќиштето и позади тебе слушаш „извини за нередот, компјутерот ми е од 2001, го земав кога се вратив од војната од тогаш тој ќош усисивач нема видено и плус мачорот за инат ми моча таму, никако да го одвикнам“, а ти гледаш почнало флора и фауна да се создава позади и си помислуваш „како не дојдов овде у 5-то одделение, ќе соберев материјал за хербариум и инсектариум“. Го средуваш и во истиот момент ти стануваш експерт за компјутери.​
Се исправуваш, чишстиш прашината од тебе и кога помислуваш дека најлошото е поминато ти вели „па кога си веќе тука, ќе сакаш ли да провериш зашто толку бавно ми работи и дали ќе можеш да го убрзаш малце, тој Гејтс е крив оти ми е бавен компјутерот“. Го палиш компјутерот, чекаш 10 мин да ти се појави се што треба и прочачкуваш низ него .. има шо да видиш 20 гига порно и тоа античко, на времето Џена Џејмсон кога немаше силикони, од кога е купен ниеден програм нема избришано и се што се нашло на интернет се симнало .. а се чуди зошто бавно му работи. Му бришеш едно порно од 5 гига, бришеш неколку програмчиња и го „убрзуваш“ како нов. Му кажуваш и одма ти „закачува“ медал на гради за гениј за компјутери. Од овој момент па натаму започнува твојот кошмар.​
Си идеш дома и после неколку дена само што си помислил дека најлошото поминало, ѕвони телефон и погоди кој е ? Слушаш од другата страна „најдов едно нешто на интернет sexy_striper_screensaver.exe и нормално го инсталирав, беше премногу добро да се пропушти и од кога го инсталирав цело време ми се појавува едно прозорче за бесплатни порничи и јас си симнувам од таму, дојди среди ми го компјутерот, ама тие не смееш да ми ги избришеш“. И така изнервиран идеш форматираш на брза рака ставаш неколку програмчиња (плеерчиња, фотошоп и слично) и си одиш дома.Набрзо потоа ти стануваш личен дилер на бесплатни песни, програми и филмови.​
Не дај боже од некаде да ти дознае маил адреса или фејсбук. Стануваш на сабајле и читаш маил: „пробав на фотошоп да направам една слика од мачорот, сакам да има ….(листа од миљон работи што сака да и ги направи на сликата), еве ти ја сликата направи ми ја до вечер и прати ми ја обавезно, знам дека тебе ти е лесно, за 5 мин ќе ја направиш, сепак блиски сме“. Приметувате како ова „блиски сме“ се повторува … ова се вика уцена !​
Порано или подоцна ќе побара да му направиш веб страна: „горе насловот ќе го направиш анимиран да биде, да се мрда по малце, а тоа за да влезеш на страната ќе го направиш со планемчиња да биде и да бега низ екранот, за да мораш да го стасаш со курсорот за да го кликнеш, за ова можам да ти платам, али пошто сме блиски мислам дека нема да ти биде проблем, ќе ми ја направиш за беспари нели ? блиски сме …“. Во тој момент си помислуваш „у курац више, кај се нафатив да ти дојдам на кафе, кај се запустив .. али од друга страна, полошо од ова не може да биде“. Не може ? Се лажеш … Со самото тоа што ти се разбираш у компјутери, значи дека се разбираш у било каква технологија.​
Добиваш повик у 12 саат навечер: „абе мачорот ми го изеде далечинското, кога ќе ги посере деловите, ќе сакаш ли да ги составиш ? тебе лесно ти е тоа, се разбираш … се надевам дека ќе сакаш, ние сме блиски“. Пробуваш да му објасниш дека не можеш, не те бива толку за електроника, со надеж дека ќе се откачиш и како гром од ведро небо ти пука прашање: „аха епа чим така ќе сакаш ли утре од сабајле да дојдеш кај мене на куќа ќе го реновирам покривот, ми треба некој шо знае да реди керамиди“ …​
Понатаму мислам дека нема целисходност да пишувам, пошто на поголем дел од вас ви се има случено вакво нешто. Не искористуваат за се, како поттрчковци сме, кога ќе им текне нив тогаш треба да отидеме да поправиме … мислат дека сме магионирачи и со магичново стапче ќе го направам. Наместо да се јави во сервис и да му го направат за одредена сума, не искористуваат за беспари и дури ни едно кафе нема да им текне да частат, али за жал таа е суровата вистина и затоа нареден пат кога ќе ве праша некој дали се разбирате од компјутери преправајте се дека сте морон .. ќе ве спаси од мноогу лоши ситуации.​

Автор: Славчо Андов​
Брат ова е многу страшна работа.Мене така ме научија во маало и пошироко „се разбира у компјутери “ и како што викаш си мислат се знае овој го поебал ПЦ-то све по ред како што си опишал и очекува а м го средиш за 5 минути,а најлошо е што ќе те научат „овој“ се разбирал и после сите јуриш не можеш на ред да стигнеш,а ги познаваш и не сакаш да ги одбиеш :place:
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
542
Поени од реакции
731
Дечки да ви кажам право, се каам што воопшто се фатив со вакви работи. До 7 одделение бев дудук за компјутери, тотален fail. Во втора година средно, од 30 души само 5 петки имаше (мегу нив бев и јас да се пофалам малце :X3: ) Да не заборавам, на секои 2 години (информатика имавме само 1и2 година) професорката бираше по тројца од генерација кои ке и помагаат околу компјутерите ( windows, пишување на наставната програма итн итн). Ме викна мене мегу тие тројца. 3 и 4 година ми беа пекол. Мораше барем по еднаш во неделата да се расипе компјутер и пракаше луге да ме извадат од час да го средам расипаниот ком. Додуша во 4 година понекогаш сам си излагав од час кога ке ми беше досадно со оправдание " Професорката ме викна да средам еден компјутер " :) (а јас на кафе во околните кафичи :)) Потоа почна да ми се јавува дома, и да ме известува кој компјутер да сум го направел кога ке сум отишол на школо. Сето тоа мајка ми го слушаше, и што е најлошо почна да разгласува низ пријатели и низ маалото. " Мојот син му се јави професорката по компјутери дома, син ми се разбира во компјутери бла бла бла ". И од тогаш немам мир. За минимална работа ме викаат мене. Му се укочил компјутер. Па зошто се укочил. Па како да го средам. Како да симнам песна, филм. Кажи на кои страни да читам вести :cautious:
Бог да чува. Лани во Јуни ми звони телефонот дома. Кревам слушалка и изненаден ја слушам професорката од другата страна. И замислете што ми вика?!?! " Те молам дојди до школо, да средиш еден компјутер. Ке ми треба за матурата, ке полагаат ученици а немам доволно компјутери " И ајде јас да не ја одбијам, одам во школо и што ке видам. Од еден расипан компјутер испаднаа дека не работат компјутерите во 4 кабинети по информатика. ( 3 ком немаа windows, 6 немаа исталирано office, на 5 им далеа рамовите некој ги дрпнал o_O) 3 дена окапав во школо додека да ги средам, а најлошото беше што имав испитна сесија тоа време:mad:.

Добро што се запишав на економски факултет а не како што планирав на Математички (смер информатика) Сеа помалку ме викаат да им средам компјутер или да им покажам нешто. Којзнае што ке беше ако појдов на математички како што планирав :confused:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Добро што се запишав на економски факултет а не како што планирав на Математички (смер информатика) Сеа помалку ме викаат да им средам компјутер или да им покажам нешто. Којзнае што ке беше ако појдов на математички како што планирав :confused:
Читај го мојот пост ќе ти стане јасно :pos:
 
Член од
16 март 2010
Мислења
330
Поени од реакции
204
Не сум некој голем познавач, ама една реинсталација сама да си направам и да си го средам компјутерот ме научија другари,братучеди што се разбираат колку да не ги малтретирам нив. Е арно ама кога моиве роднини и роднините на дечко ми приметија дека имам некое си основно познавање, почнаа да замараат. И најтрагично е што незнам да им речам не, па се случува да ми ѕвонат додека сум на предавања, и после тоа цела пауза на факс (која секогаш ми е саат ипол) да ја поминам на телефон објаснувајќи им од прости работи како да симнат слика од фб (right click- save as) па до инсталации на некои игри со кракување и незнам какви се не глупости. Али тоа е. јбг.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.851
Поени од реакции
4.545
јас испаднав ѓубре во целава работа ама морав :vozbud:
откако се запишав на факултет по информатика на големо се промовирав како хаус мајстор во маалото, а маалото ми е три кули од по 65 стана и 40-50 куќи:tapp:
ме викаа дури кога си играат некоја игрица ќе стиснат на виндоЛс копчето и .............. се расипа, викајте го Клинтон он се разбира
помина некое време јас немав мира од комшичиња дојди оваа играда ми ја инсталираш, дојди онаа да ми ја инсталираш итн итн еден ден испринтав еден лист со ценовник од влезната врата од станот
симињање игра или филм - 150
инсталирање игра - 250
преинсталирање виндолс - 500
фул формат 600
поправака на делови (хардвер) - само рака - 300 +

после ценовникот престанаа на врата да ми идат и почнаа на улица да ме запираат и да се понашаат дека немаат појма декас ум наплаќал и кога ќе им кажев велеја: аууууу ама скапо па за тие пари на сервис ќе одам (шо мене и ми беше целта, да ми се мавнат од глава)
по ова јас сменив тактика, си направив визитки и секогаш кога ме среќаваат на улица им давам картичка - со ценовник нормално и им викам јави ми се утр- задутре ќе средиме работа :)
и сега така среќно си живеам и мандалото не ме боли шо напреку ме гледаат

НАГРАДНО ПРАШАЊЕ
како да се инсталира виндоус 7 на пентиум 3?
одговорот понатаму ќе ви биде даден
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Јас долго време бев локален информатичар/тв оператор/телефонски оператор и слично. Ме викала за да ИНСТАЉИРАМ телевизорот со тоа универзалното ДАЉИНСКО. Ме викале да префрлувам работи од еден во друг компјутер со USB стик. Да, да. И ова е комплицирано за некои. После ме викале да им наместам на телефонот менито да им биде на НАШКИ. Најчесто нема и ме прашуваат - "А кај може да се најде да се сними македонски?". После неколку вакви убер глупи ситуации, се откажав. Од тогаш се правам будала и наркоман. И животов ми е полесен...
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Абе порано сакав да помогнам и низ цела фамилија и комшии бев сервисер ,инсталирања, симнувања, сетирање на опрема и такви рандом ствари. Сега помагам, али ради солидарност :). Пази, некој ќе нарача некој пакет од Т-Хоум, нагласува во договорот дека сака ,,самоинсталација'', а уствари ме вика мене. На цела фамилија и комшилук им иам сетирано адсл, рутери, максТв, дури ме викаа и канали од телевизорот да им подесам (значи попрво би прифатил водовод цевки да му инсталирам).
Тоа игри инсталирање, торенти, антивируси, па Скајп, драјвери ... тоа е стандард, али кога ќе ми побараат филм ми е крај и имам зацртано дека нема на никој да дадам од мојата ценета колекција, на усб океј, али ЦД не давам зошто сум сентиментално поврзан со нив.
Инаку најбоље е да не кажуваш дека разбираш од технологија, сетирања и такви глупости. Зошто може да ти се јават и да ти речат - Дали компјутерот ми е толку спор поради каблите надвор што ми се толку исплеткани на бандера.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Идев по куќи, форматирав компљуктори, снимав виндовси, програми, игри, чуда... дури еден ден не ми прекурчи сето тоа и како што пиша Klinton погоре, почнав пари да им барам.
Абе другар ај ако можиш дојди виндовс да ми преинсталираш, многу споро ми работи и некои програми, игри бла бла бла бла.....
Океј, нема проблем, 600 денари ќе те чини...
И го гледаш, уште еднаш не му текнало да ти се јави.
Ма нека идат сите у курац :cool:
 
D

dystopian

Гостин
Претеруваат, за се и сешто ме викаат моите. Пред некој ден ме вика тетка ми "доаѓај ти се разбираш во технологија, мобилниот на дедо не сака да се уклучи, мислам дека е расипан". Одам јас зошто блиску ми е, еден километар можеби. Доаѓам, го земам телефонот и кликам на копчето од страна зо знакче на turn on/off и се пушти без проблем...



Ама добро, се најадов гурабии за возврат. :D
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Еве што ми се случи вчера, на последните два часа.
Професорката предава на електро класовите и е одговорна за компјутерите во мојата и неколку други училници.Убаво сум се изнасмеал на глупостите кажани од нејзина страна.
Дечки, како се влегуваше во мрежата?Sudo.com да не беше?
~Професорка од моето училиште.
Потоа се обидуваше да влезе во мрежата пишувајќи If confiq за на крајот на часот да заклучи дека проблемот е во тоа што сме имале администраторски привилегии.
И не советуваше да не се ставаме адmини ке сме немале интернет поради тоа !
И ми го зема кабелот за нет, сега немам нет, компјутерот треба да се форматира а јас несмеам да форматирам оти оние кои што чепкаат ке треба да платат 5 000 денари.Да не спомнам дека уште од 5ти септември и е кажано да го форматира.
Што научив?Дека добро било да се правиш незнајко, во одредени моменти.
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
ех, ме фаќа носталгја за ваквите моменти, не за друго туку јаки мајтапи паѓаа, пред 5-6 години кај мене в маало никој ништо не разбираше од компутери и одев му "поправав" ама интересно ми беше тогаш бев помал, сега ко за чудо се нема никој јавено, последно Mac Book преинсталирав еден... е со нив беше жустро со тие Mac оти врска немаа луѓето дека не работат прог. од виндовс
 

Kajgana Shop

На врв Bottom