ЗОШТО Е ДОБРО ДА СЕ ПРАВИШ N00B ЗА КОМПЈУТЕРИ?

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Вакви случки сигурен сум дека на многу од вас ви се имаат случено, пошто 21 век сме, ние младината поискусни со технологијата знаеме повеќе од другите.​
На денешницава компјутер пред себе има скоро секој: баби, дедовци, стрини и се што е над 50 и кусур години, сепак треба и тие да се софистицираат, доста беше читање весник пред трафика, сега си читаат весник на компјутер или мобилен. Нормално како и со секоја технологија се дешаваат кварови, нешто не работи се расипало. И тука за да не се потроши некој денар за да се однесе на сервис идат помладите како поискусни во тоа поле. И да не должиме многу, случкава иде вака:​
Ти се јавува некој од постарите роднини другар бивш комшија и те поканува на кафе да се видите и покрај тоа што немаш слушнато од нив долги години. Во прв момент ти иде чудно али сепак се облекуваш и идеш кај него, седите пиете кафе и во еден момент онака „случајно“ му текнува: „Еј, абе компјутерот нешто не ми се вклучува, ќе сакаш ли да го ѕирнеш на 5 мин, ти се разбираш многу“ и у наредните 5 мин те уценува у стилот „па долго време се знаеме, сме си помогнале и во добро и во лошо … али ако не можеш ќе те разберам“ со други зборови напрај ми го компјутерот или никогаш во живот нема да ти проговорам. И ти фатен во тесно се решаваш да му помогнеш и се пикаш под биро-то кај што стои куќиштето и у старт налетуваш на пајажини доволно дебели за да се обесиш на нив, пајаците гимнастика вежбаат, прашина 2 прста врз куќиштето и позади тебе слушаш „извини за нередот, компјутерот ми е од 2001, го земав кога се вратив од војната од тогаш тој ќош усисивач нема видено и плус мачорот за инат ми моча таму, никако да го одвикнам“, а ти гледаш почнало флора и фауна да се создава позади и си помислуваш „како не дојдов овде у 5-то одделение, ќе соберев материјал за хербариум и инсектариум“. Го средуваш и во истиот момент ти стануваш експерт за компјутери.​
Се исправуваш, чишстиш прашината од тебе и кога помислуваш дека најлошото е поминато ти вели „па кога си веќе тука, ќе сакаш ли да провериш зашто толку бавно ми работи и дали ќе можеш да го убрзаш малце, тој Гејтс е крив оти ми е бавен компјутерот“. Го палиш компјутерот, чекаш 10 мин да ти се појави се што треба и прочачкуваш низ него .. има шо да видиш 20 гига порно и тоа античко, на времето Џена Џејмсон кога немаше силикони, од кога е купен ниеден програм нема избришано и се што се нашло на интернет се симнало .. а се чуди зошто бавно му работи. Му бришеш едно порно од 5 гига, бришеш неколку програмчиња и го „убрзуваш“ како нов. Му кажуваш и одма ти „закачува“ медал на гради за гениј за компјутери. Од овој момент па натаму започнува твојот кошмар.​
Си идеш дома и после неколку дена само што си помислил дека најлошото поминало, ѕвони телефон и погоди кој е ? Слушаш од другата страна „најдов едно нешто на интернет sexy_striper_screensaver.exe и нормално го инсталирав, беше премногу добро да се пропушти и од кога го инсталирав цело време ми се појавува едно прозорче за бесплатни порничи и јас си симнувам од таму, дојди среди ми го компјутерот, ама тие не смееш да ми ги избришеш“. И така изнервиран идеш форматираш на брза рака ставаш неколку програмчиња (плеерчиња, фотошоп и слично) и си одиш дома.Набрзо потоа ти стануваш личен дилер на бесплатни песни, програми и филмови.​
Не дај боже од некаде да ти дознае маил адреса или фејсбук. Стануваш на сабајле и читаш маил: „пробав на фотошоп да направам една слика од мачорот, сакам да има ….(листа од миљон работи што сака да и ги направи на сликата), еве ти ја сликата направи ми ја до вечер и прати ми ја обавезно, знам дека тебе ти е лесно, за 5 мин ќе ја направиш, сепак блиски сме“. Приметувате како ова „блиски сме“ се повторува … ова се вика уцена !​
Порано или подоцна ќе побара да му направиш веб страна: „горе насловот ќе го направиш анимиран да биде, да се мрда по малце, а тоа за да влезеш на страната ќе го направиш со планемчиња да биде и да бега низ екранот, за да мораш да го стасаш со курсорот за да го кликнеш, за ова можам да ти платам, али пошто сме блиски мислам дека нема да ти биде проблем, ќе ми ја направиш за беспари нели ? блиски сме …“. Во тој момент си помислуваш „у курац више, кај се нафатив да ти дојдам на кафе, кај се запустив .. али од друга страна, полошо од ова не може да биде“. Не може ? Се лажеш … Со самото тоа што ти се разбираш у компјутери, значи дека се разбираш у било каква технологија.​
Добиваш повик у 12 саат навечер: „абе мачорот ми го изеде далечинското, кога ќе ги посере деловите, ќе сакаш ли да ги составиш ? тебе лесно ти е тоа, се разбираш … се надевам дека ќе сакаш, ние сме блиски“. Пробуваш да му објасниш дека не можеш, не те бива толку за електроника, со надеж дека ќе се откачиш и како гром од ведро небо ти пука прашање: „аха епа чим така ќе сакаш ли утре од сабајле да дојдеш кај мене на куќа ќе го реновирам покривот, ми треба некој шо знае да реди керамиди“ …​
Понатаму мислам дека нема целисходност да пишувам, пошто на поголем дел од вас ви се има случено вакво нешто. Не искористуваат за се, како поттрчковци сме, кога ќе им текне нив тогаш треба да отидеме да поправиме … мислат дека сме магионирачи и со магичново стапче ќе го направам. Наместо да се јави во сервис и да му го направат за одредена сума, не искористуваат за беспари и дури ни едно кафе нема да им текне да частат, али за жал таа е суровата вистина и затоа нареден пат кога ќе ве праша некој дали се разбирате од компјутери преправајте се дека сте морон .. ќе ве спаси од мноогу лоши ситуации.​

Автор: Славчо Андов​
 
S

Sheldon Cooper

Гостин

Мене тетка ми ме замара така..ама ај греота е па и помагам. Баба ми и дедо ми обавезно ме замараат да им наместам саат на телефоните или да им ги преместам каналите од 25 на 2 или 3... ај ептен блиски роднини се иначе немаше да ги рецкам.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Баш пред 2-3 дена,објаснував ни помалку ни повеќе 3 саати,како се симнува Гта Сан Андреас,и инсталација.Е,добро ама проблемот е што незнаеа како да инсталираат,иако објаснував.Се потам,се нервирам,нејке,па еден момен им се закочил компјутерот,па ми викаат зашто се кчи,ова она и викам,како правев дома така и кај вас,неззнам зашто се коч,и фино лепо си затворив слушалка.
А да кажеш да се стари,не се ~30 години.
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Мислeв дека е ок да му помогнам некому, бидејки јас чекав 2 недели да дојде некој да ми го реинсталира виндолсот за на крајот да ми се смачи од чекање и самиот да го средам.Знаејки како ми беше мене, да бев изнервиран бидејки нели првпат купувам компјутер се плашам да не расипам нешто, овие моите се такви што не чепкаат ништо, а јас ајде де да ги послушам не чепкав.Но чекањето беше премногу и си набавив цд и го средив.Тогаш се разбуди желбата за технологија и оддтогаш па се до денес рапидно учам нови работи.Тогаш бев 7мо одделение, и учевме информатика.Заинтересиран да научам повеќе, јас често се вртев околу наставничката учејќи многу работа и нормално наставниците забележаа,потоа родителите па и наскоро соседите.Тогаш немаа компјутери, па се си беше во најдобар ред.Но пред неколку години почнаа соседите да купуваат компјутерот, па кој друг ако не борче ке го среди компјутерот.И тука почнаа проблемите.Некогаш навистина беше потребно да одам и да помогнам, и сеуште на оние кои гледам дека го ценат мојот труд им помагам,им средувам се дури и им објаснувам многу работи.Знам дека го ценат мојот труд, и знам дека нема да го злоупотребат она што им го кажувам.Но сето тоа си има и негативни страни, по дожд очекуваа да одам кај нив, им заглавил компјутерот па ме викаат мене а кога отидов го рестартирав и се беше во ред но имаше и случка која не ми се допадна.На една личност, и покажував...Таков сум, неможам да одбијам ако човек ме замоли нешто па јас така на него му покажував како се користат торенти,како се симнуваат песни му инсталирав игри и сл.е сега, што се случува...Јас ја симнувам и ја инсталирам играта кај него,тој тетратката до мене и запишува што се појавува,каде сум кликнал и другата ден кај неколку негови другарчиња повторувајки ги моите постапки.Она што се случи беше муабетот кој допре до мене дека тој им ја средил играта и знаел многу повеќе од мене? А прашањата што му ги поставуваа тие,тој ме прашуваше мене и наредниот ден им кажуваше на нив.Одтогаш не помагам секому, не велам дека незнам напротив, дури и да незнам целосно ке кажам дека знам се, дека можам но немам време,дека е премногу или пак дека едноставно не сум слободен/имам за учење.
Не работам за пари, тие сто/двеста денари што ке ги добијам не ми значат ништо.Едноставно несакам никој да прави будала од мене, и со сите или ке се потрудам никогаш повеќе да не се случи истото.
 

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366

Вакви случки сигурен сум дека на многу од вас ви се имаат случено, пошто 21 век сме, ние младината поискусни со технологијата знаеме повеќе од другите.​
На денешницава компјутер пред себе има скоро секој: баби, дедовци, стрини и се што е над 50 и кусур години, сепак треба и тие да се софистицираат, доста беше читање весник пред трафика, сега си читаат весник на компјутер или мобилен. Нормално како и со секоја технологија се дешаваат кварови, нешто не работи се расипало. И тука за да не се потроши некој денар за да се однесе на сервис идат помладите како поискусни во тоа поле. И да не должиме многу, случкава иде вака:​
Ти се јавува некој од постарите роднини другар бивш комшија и те поканува на кафе да се видите и покрај тоа што немаш слушнато од нив долги години. Во прв момент ти иде чудно али сепак се облекуваш и идеш кај него, седите пиете кафе и во еден момент онака „случајно“ му текнува: „Еј, абе компјутерот нешто не ми се вклучува, ќе сакаш ли да го ѕирнеш на 5 мин, ти се разбираш многу“ и у наредните 5 мин те уценува у стилот „па долго време се знаеме, сме си помогнале и во добро и во лошо … али ако не можеш ќе те разберам“ со други зборови напрај ми го компјутерот или никогаш во живот нема да ти проговорам. И ти фатен во тесно се решаваш да му помогнеш и се пикаш под биро-то кај што стои куќиштето и у старт налетуваш на пајажини доволно дебели за да се обесиш на нив, пајаците гимнастика вежбаат, прашина 2 прста врз куќиштето и позади тебе слушаш „извини за нередот, компјутерот ми е од 2001, го земав кога се вратив од војната од тогаш тој ќош усисивач нема видено и плус мачорот за инат ми моча таму, никако да го одвикнам“, а ти гледаш почнало флора и фауна да се создава позади и си помислуваш „како не дојдов овде у 5-то одделение, ќе соберев материјал за хербариум и инсектариум“. Го средуваш и во истиот момент ти стануваш експерт за компјутери.​
Се исправуваш, чишстиш прашината од тебе и кога помислуваш дека најлошото е поминато ти вели „па кога си веќе тука, ќе сакаш ли да провериш зашто толку бавно ми работи и дали ќе можеш да го убрзаш малце, тој Гејтс е крив оти ми е бавен компјутерот“. Го палиш компјутерот, чекаш 10 мин да ти се појави се што треба и прочачкуваш низ него .. има шо да видиш 20 гига порно и тоа античко, на времето Џена Џејмсон кога немаше силикони, од кога е купен ниеден програм нема избришано и се што се нашло на интернет се симнало .. а се чуди зошто бавно му работи. Му бришеш едно порно од 5 гига, бришеш неколку програмчиња и го „убрзуваш“ како нов. Му кажуваш и одма ти „закачува“ медал на гради за гениј за компјутери. Од овој момент па натаму започнува твојот кошмар.​
Си идеш дома и после неколку дена само што си помислил дека најлошото поминало, ѕвони телефон и погоди кој е ? Слушаш од другата страна „најдов едно нешто на интернет sexy_striper_screensaver.exe и нормално го инсталирав, беше премногу добро да се пропушти и од кога го инсталирав цело време ми се појавува едно прозорче за бесплатни порничи и јас си симнувам од таму, дојди среди ми го компјутерот, ама тие не смееш да ми ги избришеш“. И така изнервиран идеш форматираш на брза рака ставаш неколку програмчиња (плеерчиња, фотошоп и слично) и си одиш дома.Набрзо потоа ти стануваш личен дилер на бесплатни песни, програми и филмови.​
Не дај боже од некаде да ти дознае маил адреса или фејсбук. Стануваш на сабајле и читаш маил: „пробав на фотошоп да направам една слика од мачорот, сакам да има ….(листа од миљон работи што сака да и ги направи на сликата), еве ти ја сликата направи ми ја до вечер и прати ми ја обавезно, знам дека тебе ти е лесно, за 5 мин ќе ја направиш, сепак блиски сме“. Приметувате како ова „блиски сме“ се повторува … ова се вика уцена !​
Порано или подоцна ќе побара да му направиш веб страна: „горе насловот ќе го направиш анимиран да биде, да се мрда по малце, а тоа за да влезеш на страната ќе го направиш со планемчиња да биде и да бега низ екранот, за да мораш да го стасаш со курсорот за да го кликнеш, за ова можам да ти платам, али пошто сме блиски мислам дека нема да ти биде проблем, ќе ми ја направиш за беспари нели ? блиски сме …“. Во тој момент си помислуваш „у курац више, кај се нафатив да ти дојдам на кафе, кај се запустив .. али од друга страна, полошо од ова не може да биде“. Не може ? Се лажеш … Со самото тоа што ти се разбираш у компјутери, значи дека се разбираш у било каква технологија.​
Добиваш повик у 12 саат навечер: „абе мачорот ми го изеде далечинското, кога ќе ги посере деловите, ќе сакаш ли да ги составиш ? тебе лесно ти е тоа, се разбираш … се надевам дека ќе сакаш, ние сме блиски“. Пробуваш да му објасниш дека не можеш, не те бива толку за електроника, со надеж дека ќе се откачиш и како гром од ведро небо ти пука прашање: „аха епа чим така ќе сакаш ли утре од сабајле да дојдеш кај мене на куќа ќе го реновирам покривот, ми треба некој шо знае да реди керамиди“ …​
Понатаму мислам дека нема целисходност да пишувам, пошто на поголем дел од вас ви се има случено вакво нешто. Не искористуваат за се, како поттрчковци сме, кога ќе им текне нив тогаш треба да отидеме да поправиме … мислат дека сме магионирачи и со магичново стапче ќе го направам. Наместо да се јави во сервис и да му го направат за одредена сума, не искористуваат за беспари и дури ни едно кафе нема да им текне да частат, али за жал таа е суровата вистина и затоа нареден пат кога ќе ве праша некој дали се разбирате од компјутери преправајте се дека сте морон .. ќе ве спаси од мноогу лоши ситуации.​

Автор: Славчо Андов​
хахахаха жива вистина, порано им бев мајсторот во маало :) сеа се помалце и помалце ме интересираат компјутери! :D
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
јас мојот пц.доктор го частев ручек :D
али предтоа душата му испадна од мојот идиотски компјутер..
 
B

Black Guard

Гостин
Хехехееееее десетици компјутери имам форматирано,па на рајата им правев фејсбук,пренесување слики пуштање песни,торенти и.т.н

За ТВ канали не ме замарале досега(Бог да чува).
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Не е најлошо тоа што го правиш компјутерот најлошо е што кога ќе знае сам да го прави тогаш нема да му требаш американците велат OBSOLETE.

Со најновата технологија и мобилки тоа веќе умира.

Компјуерот е алатка а не ФАЈЕСВУК играчка.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Ме барале другари од мало да им инсталирам игри, да не се можело да се запамти како се прави crack стварно не можам да разберам. Иначе на времето имав бајаги слаб PC, ќе ја средев работата па ке искористев ситуација да поиграм. Сега само за форматирање ме викаат.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Баш пред 2-3 дена,објаснував ни помалку ни повеќе 3 саати,како се симнува Гта Сан Андреас,и инсталација.Е,добро ама проблемот е што незнаеа како да инсталираат,иако објаснував.Се потам,се нервирам,нејке,па еден момен им се закочил компјутерот,па ми викаат зашто се кчи,ова она и викам,како правев дома така и кај вас,неззнам зашто се коч,и фино лепо си затворив слушалка.
А да кажеш да се стари,не се ~30 години.
Друже ти имаш 14 години и јас на твои години имав време за се, за 10-15 години ниту ќе имаш време за такви работи ниту ќе те интересираат многу
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Смачено ми е веќе од компјутери заради тоа.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Моја несреќа е што студирам на електро и мислат дека не учат да форматираме компјутери и да редиме струја и верувале или не, баба ми еднаш ме викна инсталацијата да ја сменам, дафаккккк
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Друже ти имаш 14 години и јас на твои години имав време за се, за 10-15 години ниту ќе имаш време за такви работи ниту ќе те интересираат многу
Имам бе друже,ама 3 саати да окапеш на телефон заради една ебана гта?

Моја несреќа е што студирам на електро и мислат дека не учат да форматираме компјутери и да редиме струја и верувале или не, баба ми еднаш ме викна инсталацијата да ја сменам, дафаккккк
Обид за атентат на една млада,талентирана пливачка,someone call the cops :pos:
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.761
Поени од реакции
8.019
Сум имал вакви слични случки, ептен зафркнато... таман си идеш од работа и си велиш 'Ех, сеа ќе се одморам..' и ајде те среќава на сред пат у маало... и ојде упм све и одмор и време.

Инаку, еве нешто слично од IT.com.mk:



 

Kajgana Shop

На врв Bottom