Живот после смртта

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Jas ko so gleas use sum ziv
ama sum bil ko mrtov koa imav dlboka koma
poradi saobrakajna nesreka
i nema nisto
isto koa spies bez da sonuvas
ete taka izlea e smrtta
ili ko pred da se rodis
ne pamtis nisto
sve pamtis odkoa si se rodil.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Дали има живот после смртта? Во Библијата пишува:„ Човек кого жена го родила е кусовечен и полн со неволји. Како цвет никне и веќе венее, бега како сенка, не застанувајќи... зашто, кога човекот умре, зар може да оживее?“ (Јов 14:1, 2, 14)
Исто како и Јов, секој еден од нас си го поставувал некогаш ова прашање: „Што ќе се случи со нас откако ќе умреме?“ Дали едноставно престануваме да постоиме? Дали животот не е една врата преку која доаѓаш и заминуваш, додека не постанеш голем-велик? Дали сите луѓе ќе отидеме на исто место или ќе отидеме на различни места? Дали навистина има рај и пекол или тоа е само една измислица?
Во Библијата се кажува дека после смртта, не само дека постои живот, но дека тој е вечен и толку славен и е: „Што окото не виде, што увото не чу, што во човечкото срце не дојде, тоа Бог го приготви за оние, кои Го љубат Бога.“ (IКоринтјани 2:9) Исус Христос, Бог во тело, дојде на земјата, за да ни го подари дарот – вечен живот. „ За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија.“ (Исаија 53:5)
Исус ја претрпе казната, која секој еден од нас ја заслужува, и го пожртвува Својот живот за нас. Три дена откако умре, Тој докажа дека ја победил смртта, кога воскресна од мртвите во Дух и тело. Остана на земјата цели 40 дена и се појавуваше пред илјади луѓе, пред да се вознесе до Својот вечен трон на небото. Во Римјани 4:25 се кажува: „Кој беше предаден за нашите гревови и беше воскреснат за наше оправдание.“
Воскресението на Исус Христос е еден добро документиран случај. Апостол Павле ги предизвикува луѓето да прашаат за тоа оние, кои биле сведоци на таа вистина. Никој до сега не успеал да ја демантира таа вистина. Воскресението е крајаголниот камен на христијанската вера, и точно поради тоа, дека Исус воскресна од мртвите, и ние можеме да веруваме, дека и ние ќе воскреснеме.
Ето како апостол Павле ги убедува оние христијани од раната црква, кои не верувале во воскресението: „Но, ако се проповеда дека Христос воскреснал од мртвите, како некои меѓу вас велат дека нема воскресение на мртвите? Ако нема воскресение на мртвите, тогаш ни Христос не воскреснал.“ (IКоринтјани 15:12-13).
Христос е само првиот плод од големата жетва на луѓе, кои ќе бидат воскреснати од мртвите. Физичката смрт дојде преку еден човек – Адам, со кој сите ние имаме крвна врска. Но на сите, кои се осиновени во Божјото семејство, преку вера во Исус Христос, ќе им се даде нов живот (I Коринтјани 15:20-22). Како што Бог го воскресна телото на Исус, така и нашите тела ќе бидат воскреснати при второто враќање на Исус Христос на земјата. (I Коринтјани 6:14).
Но покрај тоа, што сите луѓе ќе воскреснат - не сите ќе отидат во рајот. Секој човек треба да реши, додека е сеуште на земјата, каде сака да ја помине вечноста. Во Библијата пишува, дека на човекот му е определено да живее само еднаш, и после тоа му предстои суд. (Евреи 9:27) Тие што биле праведници ќе живејат во рајот а тие што неверувале ќе бидат испратени на вечна казна т.е во пеколот (Матеј 25:46).
Пеколот како и рајот не е само една апстрактна состојба на постоење но конкретно, реално место. Тоа е место, каде што неправедните ќе го трпат бескрајниот и вечен Божји гнев. Тие ќе бидат мачени како и физички така и емоционално и умствено и сосема свесно ќе страдаат од срам, жал и позор.
Пеколот е опишан како бездна (Лука 8:31; Откровение 9:1), како езеро со оган и сулфур, каде тие што ќе бидат фрлени во него ќе се мачат ден и ноќ, цела вечност (Откровение 20:10). Во пеколот ќе има плач и чкртање со заби, што е знак на голема тага и гнев (Матеј 13:42). Тоа е место каде „нивниот црв не умира, и огнот не иизгорува.“ (Марко 9:48). Бог не се радува на смртта на безбожникот но сака тој да се обрати и да живее (Езекиел 33:11). Но Тој нема да не принуди да Му се подчинуваме. Ако избереме пат без Него и Го отфрлиме, на него не му останува ништо друго освен да ни го даде тоа, што сами сме го избрале – да живееме одделени од Него.
Животот на земјата е еден испит – подготовка за тоа, што предстои. За тие, кои веруваат тоа е вечен живот во постојаното присуство на Бога. Тогаш како да станеме праведни и како можеме да добиеме вечен живот? Има само еден пат – преку вера во Божјиот Син – Исус Христос. Исус кажува: „Јас Сум Воскресението и Животот; кој верува во Мене - и да умре –ќе живее. И секој, кој живее и верува во Мене нема да умре до века.“ (Јован 11:25-26)
Дарот – вечен живот се предоставува на сите, само ние треба да се откажеме од некои светски задоволства и да Му се предадеме на Бог. „Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божјиот гнев останува врз него.“ (Јован 3:36) Ние нема да имаме возможноста да се покаеме за нашите гревови откако ќе умреме, зашто откако ќе се сретнеме со Бог лице во лице, ние нема да имаме друг избор освен да веруваме во Него. Тој сака да веруваме во Него и да го љубиме сега! Ако прифатиме, дека преку смртта на Исус Христос се плаќа цената, што треба да се плати за нашиот живот во бунт против Бога, Тој ни гарантира не само живот што има смисла, тука на земјата, но и во вечноста заедо со Христос.
...еве христијанско верување за после смртта....

еве уште една лекција за оние кои се плашат од смртта....патем освен во библијата исус е спомнат во усте два записа на историчари-што на крај краеви и е сомнително неговото постоење...после смртта настанува распагање на телото(по шо нема метаболизам нели)а и од бактерии значи тоа е маестралноста на природата а одговорот на прашанњево дали има живот после смртта е-дали постои живот пред воопшто да постоиш(значи уште пред да си роден...е знај го овој одговор тогаш знаеш и како после смртта:toe:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
одговорот на прашанњево дали има живот после смртта е-дали постои живот пред воопшто да постоиш(значи уште пред да си роден...е знај го овој одговор тогаш знаеш и како после смртта:toe:
Видиш паметно напишано се сложувам.
 

bojan_reddevil

Господар (MASTER)
Член од
18 јуни 2008
Мислења
21
Поени од реакции
1
isto koa spies bez da sonuvas
ete taka izlea e smrtta
ne moze da spies a da ne sonuvas moze da si go zaboravil sonot ama da ne sonuvas ne e mozno !!!

е-дали постои живот пред воопшто да постоиш(значи уште пред да си роден...е знај го овој одговор тогаш знаеш и како после смртта
pred da si se rodil si postoel samo sto togas si bil sperma
taka da jas razmisluvam deka posle smrtta dusata odi vo drug svet a teloto gnie.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
ne moze da spies a da ne sonuvas moze da si go zaboravil sonot ama da ne sonuvas ne e mozno !!!


pred da si se rodil si postoel samo sto togas si bil sperma
taka da jas razmisluvam deka posle smrtta dusata odi vo drug svet a teloto gnie.
АМАН ај ке те просветлам плодот или ембрионот Т.Е бебето значи и јас и ти не сме сперматозоиди туку настануваме со процес на оплодување помегу сперматозоид и женскаматиљна клетка која излегува од јајникот-сеа жто сум...нели биологија учевте размножување ебаго...за ова заслужуваш црвенко-ама ај поради тоа што сеуште не сум дал црвенко сакам така и да продолжам....пази шо пишеш:helou:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Не верувам баш, затоа сакам оваа едина шанса-овој живот да си го проживеам малку подобро. Друга шанса којзнае (најверојатно никој :) дали, кога и како...
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Не верувам баш, затоа сакам оваа едина шанса-овој живот да си го проживеам малку подобро. Друга шанса којзнае (најверојатно никој :) дали, кога и како...
апсолутно точно...ова е рајот и зависи од нас сега знаеме има неправди...ама и во библијата мислам дека пишуваше дека само 700 луге ке отидат во рајот:toe:-реално ЖИВОТОТ ни е даден и треба да го живееме или да се трудиме барем да го живееме најдобро што можеме:toe:
 

DEVIL FOREVER

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Член од
29 април 2009
Мислења
538
Поени од реакции
23
ц ц ц нема санси да веерувам во оваа
 

lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
57
Абе темава некој талент ја именувал :pos2:
колку ја шо знам мојот живот почнал со раѓање, а еден ден ќе си заврши нормално со смрт. Како може смртта да е раѓање не ми е јасно??? Некој си ги измешал значењата на поимите живот и смрт.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Абе темава некој талент ја именувал :pos2:
колку ја шо знам мојот живот почнал со раѓање, а еден ден ќе си заврши нормално со смрт. Како може смртта да е раѓање не ми е јасно??? Некој си ги измешал значењата на поимите живот и смрт.
Што е твојот проблем, глуп си или ? ае ќе сватев да имаше 13год ама 22 имаш.

Убоо е именуана темата, се си е на место ама проблемот е што има доста овде таленти и никој не свача озбилно.


он.

Ја лично верувам на живот после смрта, рај или пекол... тие се двете можни варијанти.
Во рајот е доста мал и потежок патот и ретко кој успева да оди таму. Но за тоа наградата таму е доста голема при што следува вечно уживање без материјални нешта и нервозе.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Јас искрено не верувам во вакво нешто, мислам дека има апсолутен мрак и апсолутна тишина, се надевам дека грешам.
 

Аеродром

Faithful :)
Член од
15 август 2008
Мислења
2.217
Поени од реакции
256
Никој не се вратил од таму,за да ни каже.Така да не верувам баш баш.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Тема за Јеховини сведоци сосе комплет проповеди од сликивниците има во религија... сите понатамошни проповеди ќе ти одат таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom