Купуваш право на живеење и станот е во сопственост на здружение на станари и пак јас треба да тупам глава да барам мајстори ако да речеме пукне цевка?
Сите тие заебанции ги брка советот на станари. Од тој поглед си растеретен дека нема да имаш големи трошоци за такви поправки. Советот и работи на константно одржување на зградата, не само од поглед на чистота туку и функционалност. Менување филтри за вентилација, менување брави, тестирање противпожарни системи, редовни инспекции бла бла. И најбитно според мене, го одржува редот на живеење во зградата. Не може да отвараш прозор кај ќе ти текне, не може да менуваш како шо сакаш. Си ги бираш комшиите, нема бушење во 12 навечер, нема галама, нема ѓубре, нема точаци паркирани по скали.
Делот шо мене конкретно не ми се допаѓа со асоцијацијата е одговорноста која и се дава на мала група луѓе да исплаќа милионски долгови и да ги менаџира парите на станарите на база на волонтирање. Може програмер да е задолжен за менаџирање на буџет од 100 милиони СЕК, значи ова никако не можам да го разберам. Лично никогаш не би земала таква одговорност, но еве со години уназад си функционира перфектно. Има случаи, но екстремно ретки кога асоцијацијата пропаѓа поради лошо менаџирање и тогаш џабе ти е и стан и се.
И покрај се ова, мое лично мислење е дека стан е подобра инвестиција отколку рентање ( барем во Стокхолм, во помали градови можеби некој има поразлично искуство ). Од неколку причини.
-Редот за стан од прва рака е долг, освен ако не си спремен да живееш упм далеку. А и моја импресија е дека зградите кои имаат станови од прва рака не се толку добро менаџирани, конкретно сега седам во зграда во која 30% од становите се прва рака, како распашана банда е. Влезната врата расипана 2 месеци, немаме парно еве 5ти ден, влезот никој не го чисти, имаме буквално бара пред самиот влез на зградата, и општо зградата е неодржана.
-Рентањето е на краток период, најчесто година и пол максимум. Најдолго што знам некој да рентал е 3 години. После тоа веќе самата асоцијација не дозволува да го ренташ станот. Има и послободни асоцијации кои дозволуваат рентање на неограничено но мислам дека се ретки. Значи не може да се опуштиш на едно место и да си го средиш како што сакаш, искрено ова ми е веќе 4ти стан и немам ни кејф да купам една чаша барем бидејќи знам дека за брзо ќе треба да се селам пак. Во мој стан ќе се опуштам и не се секирам за селење.
-Последнава година цените на становите скокнаа како луди, во просек 13% споредено со март минатата година пример. И пред тоа ретко кој продаде со загуба, освен ако не си ептен во тесно/брзње, маркетот на недвижнини има осцилации како и секој маркет, исто му доаѓа пример и доколку парите ги инвестираш во фонд, баш тогаш кога ќе ти требаат може и не е најдобро време за продавање. Секоја инвестиција си носи ризик, секој според потребите ќе си пресмета што повеќе му се исплаќа. Барем тука лесно е реамортизирање на кредитите, и со моменталните каматни стапки мислам дека е доста поволно.
-На месечно ниво поефтино е да живееш во сопствен стан отколку да плаќаш кирија
-Мое лично мислење е дека куќа е подобро, но со сегашните цени и на кириите и на куќите, барем во Стокхолм мислам дека е скоро неизводливо прва купена недвижнина да е куќа. За мене подобра опција е инвестирање во стан во првите 5-7 години, па следен чекор купување на куќа.
Колку е сега Avgift-ot? Јас кога бев пред 10тина години беше 350 евра месечно за трособен стан во Стокхолм (со вклучено парно и вода).
Зависи. Нова зграда пример има повисок, мислам моментално од 4-5 к во новите згради, доколку финансиите на брфот се добри.