Прорштво што се однесува на смрта на Александар Македонски и опишува како он умрел.
Александар не бил обичен човек. Он имал мисија да го припреми патот за доаѓањето на Исус Христос. Ако Александар не стигнал толку далеку не би можело ни Христијанството подоцна да се шири толку брзо бидејќи би имало многу граници а различни јазици. Затоа и Македонците го примиле Хелинистичкиот јазик да им биде главен јазик. Значи Александар бил Божји пратеник, кој требал да направи светот да биде едно каде што сите луѓе ќе живеат братски. Нешто слично денеска сака да направи и европската заедница.
Александар не изгубил ни една битка. Александар бил моќен да ја оствари целта но неговата ненадејна смрт во тоа го спречила. Бидејќи се е борба помеѓу добро и зло во таа намера го спречил Ѓаволот. А за тоа пророштво пишува во Библијата па сега ќе ги напишам стиховите.
Тоа е запишано во книга на пророкот Данаил 8: 4, 5, 6, 7
Она што се однесува на Самиот Александар е стихот
4) видов како тој овен бодеше кон запад,
кон север и кон југ и ниеден ѕвер не можеше
да устои против него, и никој не можеше да
се избави од него; то вршеше што сакаше и
се осили.
А овој стих ја опишува мистериозната смрт на Александар.
5) Со внимание го гледав тоа и ете,
од запад идеше еден козел, кој ја изоди
целата земја не допирајќи се до неа;
и тој козел имаше знаменит рог меѓу очите свои.
Да појаснам зошто Александар е оној со два рога. Затоа што кога се родил Александар на небото се споиле две планети, а тогаш се имало верување дека тој што ќе се роди тогаш ќе владее со светот. Има уште еден пример но тоа е пример од Куранот каде исто така се спомнува Александар но под друго име Зу'л-Каринијан или во буквален превод ова име значи "Оној со два рога" Германскиот историчар Урлих Вилкен пишува дека ваквото детерминирање на Александар потекнува од старото египетско предание, според кое Александар е преставен како "син на Амон". Од своја страна синот на Амон во ликовните престави секогаш бил прикажуван како лик кој на глават имал два мали рога. Што се однесува до самото спомнување на Александар во Куранот конкретно се смета дека тој е спомнат во осумнаесетата сура која се вика "Пештера" (AL-Kahfi) и тоа во ајетите (стиховите) 83-98.
А сега објаснување кој е тој овен и козел.
20) Овенот со двата рога што го виде тоа се мидијскиот цар и персискиот.
21) А косестиот козел е царот на Грција, додека големиот рог што се наоѓа меѓу неговите очи тоа е нејзиниот прв цар.
Е сега да се навратиме на стиховите 8: 5 каде козелот или Ѓаволот видел што ќе направи Александар се спуштил на земјата (заклучок од стихот) еден козел, кој ја изоди целата земја не допирајќи се до неа а сите знаеме дека Ѓаволот има моќ да направи такво нешто ( на пример црна магија) и го убил Александар а тоа да не можел да види никој, а сите мислеле дека бил отруен или дека умрел од некоја непозната болест.
А тоа го читаме од стиховите Данаил 8: 7
7) И видов кога тој се приближи до овенот,
свирепо се фрли на него и му ги искрши
двата рога; и на овенот не му стигаат
силите да устои против него, па затоа
го кутна на земја и го згази, и немаше
никој овенот да го избави од него.
Така да и ден денес е најголема мистерија како умрел Александар, но јас верувам во ова затоа што светото писмо е пишувано од самиот Господ Бог.