Животот и подвизите на Александар Македонски

A

anaveno

Гостин
Белата Чемерика е позната во МК од Дедо Ное времето..
посебно коренот..
ако сакаш некого да "кокнеш"..
никаде никој,никогаш не запишал од што умрел Аце...
се е само шпекулација...
едни..умрел од Нилска грозница...
други од чемерика..
трети од изгорен црн дроб од пиење...
приказната (млатењето празна слама) продолжува...
 
A

anaveno

Гостин
а Мк во Библијата се спомнува уште од..
Четврта книга Мојсеева (24,24)..
"А бродовите (што ќе дојдат) од бреговите на Китим ќе го покорат Асур, ќе го покорат и Евир, но и самите ќе се уништат"...
(Македонија,Македонци=Китим,Китимци)..
ако некои го датираат пишувањето на книгата во 15 век пред Ристоса..
............[FONT=&quot]
[/FONT]
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Извадок од книгата на Александар Донски


АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ЛЕГЕНДИТЕ И ПРЕДАНИЈАТА НА ДРУГИ НАРОДИ

Ликот на Александар Македонски е спомнат во легендите на над осумдесет народи во светот!
За легендите и преданијата за Александар во Холандија бил одржан семинар.

Грандиозната улога што Александар Македонски ја одиграл во светската историја го направила да биде најпознатиот Македонец на сите времиња. Неговите походи, најмногу остварени поради неговата желба да открива нови територии и да доаѓа до нови сознанија, како и неговите пораки за братство меѓу народите, направиле тој да биде почитуван до ден-денес. Неговиот лик останал во позитивна конотација во легендите и преданијата на многу народи.

Легендите и преданијата за Александар почнале да се јавуваат и развиваат непосредно по неговата смрт. Со текот на времето тие добивале сe пофантастични елементи во својата содржина. Така, во некои од нив, Александар ги истражува необичните појави на небото и под водата, наидува на најразлични чудовишта, се среќава со чудни народи, стигнува до изворот на бесмртност и сл.

Се смета дека легендите и преданијата за Александар добиле силен импулс во средниот век.

Познатиот проучувач на оваа тема, д-р Елис, откако ги проучил легендите и преданијата за Александар, заклучува:

"Легендите за Александар, вистинити или фалшливи, ги има на осумдесет јазика, од Исланд до Малезија" ("History of Western Civilization" by Dr Ellis L. Knox Boise State University, USA, 1996). И навистина тешко дека постои случај на друга личност од историјата за која постојат легенди среде најмалку осумдесет народи. Во врска со општите карактеристики на овие легенди и преданија, во продолжение на својот текст д-р Елис пишува:

"Сe што е поврзано со Александар е презголемено во однос на нормалното, како во неговите истражувања што навистина се случиле, така и во оние кои биле измислени. Низ целата древнина големите војсководители сонувале да го имитираат Александар. Во средниот век неговиот лик станал неодминлива фигура во легендите".

За легендите од разни народи поврзани со Александар Македонски денес во светот се напишани повеќе статии и книги.

Во 1977 година во Гронинген (Холандија) бил одржан и симпозиум на тема за преданијата и легендите поврзани со смртта на Александар Македонски. Трудовите од овој симпозиум биле објавени во зборникот "Александар Велики во Средниот век" ("Alexander the Great in Middle Ages" Groningen, Netherlands, 1977).

Во поново време треба да се одбележи книгата на Ричард Стонмен, под наслов "Легендите за Александар Велики" (Рицхард Стонеман: "Richard Stoneman: "Legends of Alexander the Great. London and Rutland, Vermont: J. M. Dent and Charles E. Tuttle, 1994), од која во продолжение ќе наведеме неколку податоци.

Има и други книги делумно посветени на оваа тема, кои во продолжение ќе ги спомнеме.

Поради фактот што Александар Македонски се појавува во легендите на толкав број народи, сигурно дека за таа тема треба и кај нас да се изработи посебен труд.

Треба да објасниме и дека не може со сигурност да се потврди дали некоја од овие легенди и навистина е создадена од народот или пак е авторски труд. Во средниот век биле објавени неколку авторски трудови за Александар Македонски кои биле во форма на легенди. Но, сигурно дека целата содржина на овие трудови не можела да биде авторска, туку барем во извесен степен таа била базирана врз елементи од некои постари народни легенди, кои средновековните автори само ги презеле и ги адаптирале во своите дела. Поради тоа, во ова поглавие, како легенди и преданија за Александар, ќе вклучиме и некои од средновековните авторски трудови, кои сигурно дека во својата содржина имаат елементи од некои постари народни легенди.

А сега да наведеме неколку легенди и преданија за Александар Македонски содржани во фолклорот на другите народи.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
ИРАЧКА ЛЕГЕНДА



Во оваа легенда се раскажува дека Александар Македонски на врвот на главата имал два рога, кои ги криел под косата. Секоја недела тој ангажирал берберин да му ја стрижи косата, но бидејќи се срамел оти берберинот ќе ја открие неговата тајна, по секое стрижење наредувал берберинот веднаш да се убие. Набргу во градот снемало бербери и останал само еден стар Евреин. Александар помислил: "Ако го убијам и овој берберин, тогаш кој ми ја стрижи косата?" Така, Александар му наредил на берберинот да се заколне дека никому нема да ја издаде тајната. Во спротивно, му се заканил дека ќе ја загуби главата. Берберинот со недели ја чувал тајната, но најпосле не можел да издржи. Од една страна интересното сознание го притискало да каже некому, но од друга се плашел за својата глава. Тогаш му текнало сепак да ја искаже својата тајна, но никој да не го слушне. Отишол надвор од градот и влегол во една пештера каде на сиот глас почнал да вика: "Александар има рогови! Александар има рогови!". Така му се олеснило на душата и задоволен се вратил дома, сигурен дека никој не го слушнал. Но, низ пештерата минувала една рекичка крај кој растеле трски. Еден ден, некој овчар влегол во пештерата и пресекол една трска за да си направи свиралка. Кога почнал да свири, низ свиралката се разлеале зборовите: "Александар има рогови! Александар има рогови!". Многумина го слушнале тоа и ова чудо набргу дошло до ушите на царот Александар. Тој многу се налутил и наредил веднаш да му го доведат берберинот. Кога дошол берберинот Александар му рекол дека ќе нареди да го убијат. Берберинот почнал да го моли Александар да не го убива и му раскажал што се случило. Александар, кога ја слушнал приказната, му простил и го пуштил дома. Од оваа легенда произлегла една мудра и помалку комична ирачка пословица, која гласи: "Ако царевите можат да имаат рогови, тогаш и пештерите можат да имаат уши". (Iraqi Jewish legend; Edoth I: 184-185 A. Ben Yaakov. English language source: Patai. In : The Classic Tales: 4,000 Years of Jewish Lore. Ed. Ellen Frankel NJ: Jason Aronson Inc., 1989).
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
ВИЗАНТИСКА ЛЕГЕНДА - Македонска легенда, затоа што Византија била македонско царство ;)



Постои византиска легенда поврзана со причините за смртта на Александар Македонски. Оваа легенда била објавена во 1388 година. Според оваа легенда, кога Александар се вратил во Вавилон, некоја жена родила необично дете, кое било пола човек, а пола чудовиште. Човечкиот дел од телото бил мртов, а делот на чудовиштето бил жив. Кога го видел ова, еден од претскажувачите на Александар изјавил дека Александар ќе умре во Вавилон, а неговите наследници ќе продолжат да владеат. Така и се случило. Во Македонија Антипатер се побунил против власта на Александар, поради што Олимпија го повикала Александар на помош. За да го спречи неговото враќање, Антипатер испратил отров, што бил толку силен, што морал да се носи во железна кутија. Отровот му бил ставен во виното на Александар од страна на неговиот виноносец Јола. Додека умирал Александар, неговата сопруга Роксана го негувала до последниот миг. Пред смртта, Александар ги повикал Пердика, Птолемеј и Лизимах на кои им ја кажал својата последна желба. Потоа Александар заминал на небото, а оттаму паднала една ѕвезда право во морето. Истовремено, статуата на Зевс во Вавилон се урнала на земјата. Потоа ѕвездата од морето повторно се вратила на небото, следена од еден орел. Александар бил погребан во Александрија од страна на Птолемеј. (W.J. Aerts in: "Alexander the Great in Middle Ages", Groningen, Netherlands, 1977).
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
РОМАНСКА ЛЕГЕНДА



Романската легенда за Александар Македонски најверојатно потекнува од 1560 година. Нејзината содржина е слична на содржината на една српска легенда за Александар. И оваа легенда е посветена на смртта на Александар во Вавилон. Кога Александар се вратил во Вавилон, тој таму повторно се соединил со Роксана. Тогаш на сон му излегол пророкот Еремија, кој му ја претскажал смртта. Александар се разбудил вознемирен, но бил утешен од Птолемеј и Филота. Тогаш Аристотел и Олимпија стигнале во Вавилон. Еден свештеник од Ерусалим дошол во Вавилон и го известил Александар дека пророкот Еремија починал. Александар наредил Еремија да биде погребан во Александрија. И самиот Александар бил убиен откако бил отруен од синот на Минерва, која потекнувала од Македонија. Пред смртта, Александар ја поделил Империјата на Птолемеј, Филота, Роксана и Олимпија. Тој претскажал дека во иднина со Македонија ќе владее некоја азиска сила (мислејќи на Отоманската Империја). Тој побарал да биде погребан во Александрија и рекол дека никогаш нема да се појави човек како него, т.е. дека никогаш нема да има "втор Александар". Тогаш, крај смртната постела дошол неговиот коњ Букефал и пуштил солзи поради својот господар. За да не се мачи Алекандар во претсмртната агонија, Букефал го удрил со копитата и така Александар починал

Александар починал во Ерусалим и по него жалеле сите шуми, реки и планини. Од жал, Роксана извршила самоубиство, откако се прободела со копјето на Александар. (A.N. Cizek in "Alexander the Great in Middle Ages" Groningen, Netherlands, 1977).
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ehh da moze da se prokopaat temelite na dzamijata pod koja se veruva deka e zakopan Aleksandar...
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Шпанска легенда


Шпанската легенда за Александар македонски е објавена во 1280 година од страна на Алфонсо Десетти од Кастиља. Според оваа легенда, една жена родила пола човек, а пола чудовиште. Претскажувачот на Александар Mакедонски ова го објаснил со зборовите дека Александар набргу ќе умре и дека ќе има војна помеѓу неговите наследници. Потоа и навистина Александар бил отруен, а отровот го подготвил Антипатар, кој го испратил од Македонија во железна кутија. Отровот го донел синот на Антипатар, по име Касандар и му го дал на Јола, кој кришим му го сипал во винотo на Александар. Откако Александар сфатил дека ќе умре, се обидел да се самоубие фрлајки се во Еуфрат, но бил спасен од Роксана. Пред да умре Александар ја кажал својата последна желба. Тој рекол дека сака да биде погребан Александрија и дал инструкции за својот погреб и за својот гроб. Во мигот кога умирал Вавилон бил погоден со силна бура и земјотрес, а настапило помрачување на сонцето. Пред да умре испратил писмо до Олимпија во кое побарал таа да организира голема прослава по неговата смрт. Таа, така постапила, но никој од поканетите не дошол на прославата. Александар бил погребан во Александрија во златен ковчег. (W.L. Jonnaxis-Henkemans in: "Alexander the Great in Middle Ages" Groningen, Nitherlands, 1977).
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Англиска легенда


Англиската легенда за Александар македонски се појавила некаде околу 1300 година. Придружуван од Антиох и Птоломеј, Александар влегол во Вавилон каде што очекувал да го најде богаството на Дарие. Александар се подготвувал да го прогласи Вавилон за главен град на својата империја. Истовремено тој се подготвувал да ја завземе Африка, поради што ги зголемил даноците. Од Македонија му стигнале жалби дека Антипатар лошо владеел и Александар решил да му суди. Поради тоа Антипатар наредил Александар да биде отруен. Пред да умре Александар именувал девет свои наследници. На Пердика му ги оставил Македонија, Грција и Картагина. На Птоломеј му го оставил Египет и Португалија. На Филота му ги оставил земјите од кавакз, па се до Индија, а Антиох ги зел Рим и северна Италија. Останатите пет наследника )чии имиња се измислени) ги поделиле земјите од Балканот, Црното Море и Персија. Откако Александа умрел една птица им кажала на наследниците дека телотот на Александар мора да биде погребано во Александрија, според желба на боговите. Но наследниците наместо да ги поделат земјите според желбата на Александар, почнале жестоки меѓусебни војни. (G.H.V. bunt in: Alexander the Great middle Ages" groningen, Netherlands, 1977).
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Персиска легенда


Оваа легенда за Александар Македонски ја запишал персискиот поет Нисами во 12 век. Според нејзината содржина, Александар за време на својата екпедиција кон исток, стигнал и во Кина, каде дошол од Индија преку Тибет. Нисами го опишал натпреварот помеѓу уметниците што ги водел Александар со себе и кинеските уметници. (Урилх Вилкен, цит. дело, с. 351)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Легенда откриена во Русија


Оваа легенда за Александар Македонски ќе ја пренесеме од еден стар руски ракопис од 11 век, кој најверојатно преставува руски превод на постар текст напишан на грчки или латински јазик. Во овој век во Киев царувал Јарослав. Тој ја изградил црквата "Света Софија" и направил богата библиотека. Собрал многу писари и ги терал да преведуваат книги од останатите јазици. така во една книга во библиотеката од 11 вексе нашла и легендата за Александар Македонски. Во неа читаме:

" И здогледа Александар многу шуми со прекрасни дрвја и секакво овошје. Целата таа земја била опколена со река, чија вода била бистра и бела како млеко. Имало и многу урми, а на лозите виселе илјадници убави гроздови. "

Во продолжение се опишани сите чуда на кои Александар наишол, како што се: луѓе со кучешки глави и со очи и усти на градите, блажени земји во кои сонцето не свети, туку муграта изгрева без сонце и сл. (Миљин Е. Сегал: "Како је човек постао див". књига друга. Ново поколење, Београд. 1948. стр. 312-313)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Холандска легенда


Холандската легенда за Александар Македонски била објавена околу 1260 година од монахот Јаков ван Мерлант. Според оваа легенда овој свет бил премал, па затоа тој одлучил да освојува и други светови. Тоа ги налутило натприродните сили кои решиле да му се одмаздат. Така суштествата од пеколот создале отров што бил доволно силен за да го убие Алескандар. Таквиот отров тие му го дале на Антипатар. Во меѓувреме Александар напредувал во Индија, заедно со новиот сојузник Пор. Тој стигнал во предели во кои немало стапнато ниту луѓето, ниту боговите. Во една од тие земји тој наишол на две дрва - Дрвото на месечината и Дрвото на Сонцето. На тие дрва се појавила пораката за неговата скорешна смрт. Тоа го виделе и неговите војници, кои го придржувале, но Александар ги предупредил да не ја шират оваа вест. Кога се вратил во Вавилон, Александар примил пратеници од: Галија, Картагина, Германија, Шпанија, Италија, Сицилија, Британија, Норвешка и Данска. кога го виделе Пор веднаш до него сфатиле дека Александар е цар кој лесно простуваи дека е најдобро да му се предадат. Александар им кажал дека сака да го освои целиот свет. Но следното утро Александар бил отруен откако се напил од виното во кое бил сипан отровот. Пред смрта им кажал на своите војници дека четири џинови планирале да го освојат рајот и да го симнат од власт неговиот тако Јупитер, па затоа боговите решиле да го повикаат Александар на небото за да војува против џиновите и да му помогне на својот татко. Потоа Александар умрел. Така човекот за кој целиот свет бил мал останал да лежи во гроб од пет стапки. Подоцна Птоломеј го префрлил неговото тело во Александрија. (К.А. de Graf in: "Alexander the Great middle Ages" groningen, Netherlands, 1977).
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Јас колку што знам тоа место го испитуваа...не најдоа ништо...
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Филипинско предание


Овде ќе спомнеме и едно филипинско предание за Александар Македонски. Конкретно се работи за народот Моро, што живее на вториот по големина (јужен) филипински остров Минданао, како филипинскиот архепелаг Сулу (помали острови веднаш до брегот на Индонезија). Ова предание го запишал истражувачот Вик Хар во својата книга "Приказните за Мороро" . Оваа книга за прв пат била објавена на англиски 1936 година, а во 1985 е преобјавена и во Филипини. Според преданието што го објавува авторот Харли, припадниците на филипинскиот народ моро себеси се сметале како директни потомци на Александар Македонски т.е како потомци на дел од неговата војска која низ Индинскиот океан стигнала до далечните филипински острови. Според ова предание и самиот Александар престојувал на територијата на денешните Филипини, каде изградил свој дворец. Во врска со сето ова во книгата на Харли читаме:

"Во Сулу постојат легенди од народот Моро, според кои Александар Велики направил свој дворец во Џоло. Многу од припадниците на Моро гордо го потенцираат своето потекло од овој голем македонски освојувач" (Vic Hurley: "The Story of the Moros". Original publication. 1936. E. P. Dutton & Co. Inc. препечатена во издание на Filipiniana Reprint Series. 1985 Cacho Hemanos, inc).

П.С. ако има вистина во легендата можеби не е случајно што островот се вика Филипини кој Александар го крстил можеби во чест на својот татко Филип :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom