Животот е убав

Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Животот го прават убав убавите мигови. Животот според мене неможе постојано да е убав, единствено убавите мигови ја прават неговата убавина. Кога секому од нас животот ке наближи кон крајот, веројатно е дека само на убавите мигови ќе се сеќаваме и со насмевка и топлина во душите ќе си мечтаеме за некое друго време во кое тие мигови се случиле. Богатсвото не е во парите, богатството е во убавите мигови кои ниедни пари на овој свет неможат да ги купат и никој неможе да ви ги одземе, ти вечно остануваат само ваши и на оние со кои тие мигови се случиле.

-When it's bad, than it's good...but when it's good, than IT'S REALLY VEEEERY GOOOOD!:icon_lol:
...ова се зборови на еден црнец, клошар кој пред многу години го сретнав на една станица од Лондонскиот subway.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
ThA-BiTcH напиша:
Би сакала да напишете ваше мислење зашто е животот убав, и што е тоа што го прави животот убав?

Јас мислам дека животот е убав бидејќи е само еден, и се ова што се случува сега нема никогаш да ми се врати.И ова сега што куцам во моментов е единстен и неповратлив момент, и го трошам на отварање тема на форумот каде што трошам најмногу време од денот.

Убав е животот бидејќи секој момент ме исполнува, ме прави среќна и весела, ме прави да се чуствувам убаво што сум жива и што имам можност да го видам овој свет!
Животот е убав бидејќи можеш да сакаш, и да бидеш сакан. Да создаваш нови работи кои би можеле да останат после тебе и кои би им користеле на другите после тебе.
Животот е убав бидејќи знаеш дека постоиш, бидејќи си еден од милијардите, а знаеш дека сепак некој те цени и секогаш е тука за тебе.

Мојот живот е убав кога ќе се почуствувам сакана и прифатена од некоја личност. Мојот живот е убав кога ќе прегрнам некој од семејството. Мојот живот е убав кога ќе подарам нешто на некого, и ќе видам дека тоа му значи. Мојот живот е убав кога сестра ми ќе ме гушне и ќе ми каже дека и е мило што сум и сестра. Мојот живот е убав кога ќе помислам на сите мои пријатели и на нивната насмевка кога сме заедно....

има уште многу многу работи за набројување меѓутоа ќе оставам простор и за вас:wink:

YES...OF COURSE !
zivotot e ubav...

ps:pricinite za mojata konstatacija se tokmu tie sto ti gi nabroja :smir:
 

RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
Животот е убав за тој што знае како да го живее!
 
Член од
27 февруари 2006
Мислења
1.356
Поени од реакции
9
Убав е животот, еден е, па живеете го онака како што вас ви одговара, а не како другите што сакаат, се што сакате направете, за на крај да не се каете што не сте направиле нешто што сте можеле и сте сакале, само љубов и само љубов
 

Filip89

Македоникус
Член од
1 март 2007
Мислења
528
Поени од реакции
4
Jason Mraz-Life is wonderfull
Zivotot e ubav bidejki ti samiot go pravis da bide ubav so sekoj pominat den.

Annie Dillard: How we spend our days is, of course, how we spend our lives.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Животот не е убав, животот е прекрасен! Ама ако знаеш како да живееш и како да уживаш во она што го имаш и како да ги сакаш оние на кои им значиш. Покрај многуте сопнувања па и падови, солзи и години во страв, пак ќе застанам исправено и ќе кажам дека животот е убав! Некогаш горчлив, трнлив и те гази но тој е пак убав. Некогаш се чувствувам немоќна да станам но кога ќе видам какви убавини испуштам силата ми доаѓа. Живеј го секој момент исполнет со задоволство, среќа, биди оптимист и нека те води животот. Научи да живееш ако мислиш дека не си. Радувај се, биди опкружен со позитивни мисли. Знај да сакаш и во моменти кога мислиш дека не си сакан.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Точно дека животот по дефиниција е убав ама мора сам да направиш да уживаш во убавината која ја нуди.
 

Ashley

بين الحياة والموت
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.043
Поени од реакции
35
Радувај се, биди опкружен со позитивни мисли.
Би додала: и со позитивни луѓе. Многу е битно тие околу тебе да се позитивни и расположени, да не ти го кварат расположението и да не замараат секогаш со некои проблеми.
Инаку животот е таков каков што ние ќе си го направиме. Мене ми е убав, преубав, нема нешто на што можам да се пожалам сега за сега :)
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Zivotot e ubav za onoj koj naucil kako da se nosi so problemite :wink:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Животот е убав заради малите секојдневни радости кои ја исполнуваат душата и не прават среќни.
Се друго е само варијација на тема.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Животот е убав заради малите секојдневни радости кои ја исполнуваат душата и не прават среќни.
Се друго е само варијација на тема.
Да, малите работи се оние што ти го прават животот интересен и убав
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да,животот е убав.И покрај тоа што секогаш не е розево и покрај тоа што има тешкотии животот е убав.

Мојот живот е убав.Имам прекрасни пријатели кои секогаш се тука за мене и за добро и за лошо,имам фамилија која ме сака и опкружува со љубов,имам покрив,кревет во кој спијам,јадење и можност да уживам во сите оние мали слатки задоволства.Уживам и се радувам на најмалата ситница,која на некој можеби ќе му се чини безначајна,но мене ми изнудува насмевка на моето лице.
Не ми е животот совршен,ама не ни сакам да биде.Сум имала бош периоди,ама сето тоа е пролазно.
Да,животот е убав.
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Да убав е ако знаеш да го живееш,до пред некој ден не ми беше ама ич убав ко сите бродови да ми потонале ама од вчера свртев нов лист,со нови сили напред,со луѓе кои вредат(малку но доволно),заебани периоди има но поминуваат но во целост животов убав е,само кога ќе ми текне на луѓе кои го немаат она можеби малку но доволно јас што го имам многу сум среќен и му се радувам на животот keep it smile :jejeje:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom