Пошо татко ми работи во Гимназија Мирче Ацев-Прилеп па имало некои како книги(да ги наречам) му раздавале на децата па еве ми донесе и мене еве кје ви напишам нешто а кје продолжам друг пат
Годишно во светот умираат над 200.000 лица
што употребуваат дроги,како резултат на
компликациите од употребата на психоактивната
супстанција.Се смета дека во светот годишно
хероин злоупотребуваат 8 милиони,марихуана
141 милион,а лекови за смирување
користат 227 милиони луѓе.
Во Р.Македонија помеѓу 20.000 и 30.000
млади луѓе користат разни видови психотропни
супстанци,а од нив 6.000 до 8.000 лица се зависни
од хероин.
Овие бројки постојано и прогресивно растат.
Освен тоа,младите почнуваат со употреба на
дроги на се помала возраст-11,12,13 години
Најчесто користени дроги:
1.Марихуана
2.Хероин
3.Метадон(Хептанон)
4.Екстази
5.Кокаин
6.ЛСД(Трип)
МАРИХУАНА
Претставува дрога од групата на мали
халуциогени дроги.Таа е најмасовно и најчесто
користена дрога во светот и кај нас.Се добива од
лисјата на канабис сатива(индиско конопје),од
чии цветови,односно од смолата на цветовите,се
добива хашиш.
Активен дел на марихуаната претставува
тртрахидроканабиол(ТХЦ) кој е застапен со 2
до 10& во листовите.Се внесува со пушење и
по 15-20 минути активните состојки навлегуваат
во крвта.Се излачува од организмот за 7 дена.
Присуство на ТХЦ се докажува во урината.
ДЕЈСТВО:
По пушење марихуана настапува краткотрајна
еуфорија,чувство на возбуденост и опуштеност,
беспричинско смеење,сборливост,лесна
комуникативност со околината,живи асоцијации,
забрзано мислење,но и отежнато внимание,со
оштетено памтење
толку за денес БТВ прескокнав 1на стр каде што пишува ,,ШТО Е ДРОГА?'' таа кје ја напишам на крај скроз