Живеење заедно без брак

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
Jas mislam deka toa e kul,na toj nacin zenata ili mazot ja dokazuvat svojata ljubov i verba eden vo drug,a potpisot e samo izgovor da se dojde do parite na mazot ili zenata.;)
Кога на мажот ми му каав дека сум со него заради парите, ќе паднеше од столот од смеа!
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ако започнеш да живееш заедно само за да видиш како би ти било во брак, е катастрофално решение.

Заедничкиот живот треба да дојде спонтано, и да биде наметнат од заедничката потреба и љубов , да се биде еден до друг поголем дел од денот, особено ноќта.

Бракот со таквиот начин на живот, не би требало да има никаква врска.

Бракот би бил само нужна последица наметната од општеството, на таквиот начин на заедничко живеење.
 
Член од
20 декември 2015
Мислења
122
Поени од реакции
40
jas pa sum za ziveenje zaedno pred brak nekoj odreden period.ako nastane neuskladuvanje ili bilo koja negativen nacin na zivot polesno mozes da si zamines. sto dokolku se stapi vo brak pa posle nastanat tie negativni raboti,nesoglasuvanja i sl? mnogu razvodi se slucuvaat od takvi pricin i
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.297
Поени од реакции
5.871
Сосема ок за мене е живеење заедно без официјализации. Свадбата и потписот пред матичар се само формалност и ама ич не ми значат а црковниот чин, венчавањето е нешто најбитно дефинитивно.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Кога јас би имала некои ингиренции во државава, би вовела обавезително едногодишно пробно живеење пред да се склучи бракот официјално.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
И што ако се воведе задолжително едногодишно пробно живеење пред брак, демек после тој тест, кога официјално ќе бидат во брак ќе функционираат совршено и ќе се намали бројот на разводи?

За некои личности ти е малку една година заедничко живеење, за да ги запознаеш. Луѓето се менуваат со текот на годините, некои порано, а други покасно созреваат и го менуваат однесувањето, плановите и начинот на живот. Денес мислите дека сте спремни цел живот заедно да делите сметки, храна и кревет, а утре може едниот ќе има други планови. :D

Ќе живеете една година заедно и ако не ви успее дали со секој следен ќе правите ваков тест се додека не го најдете совршениот? :cautious:

Има многу парови кои со години живеат вонбрачен живот, глумат педантерија невидена, домаќини/ќи, грижливи мажи/жени и мислат дека доволно се запознале со мааните и навиките. По официјализирањето на бракот комплетно се менуваат, а пак со доаѓањето на детето доаѓаат и поголеми обврски и трошоци кои ги немале во вонбрачниот живот. Е тогаш настануваат несогласувања и кавги.
Мажот бара повеќе слобода, а од него се бара обврска која ја немал во вонбрачниот живот ни во врска. Јас во врска сум ги имал истите обврски како оние што ги имаат во вонбрачен, делевме стипендија, плата, храна, убави и лоши моменти. За мене најголем тест е кога ќе дојде нов член во фамилијата.
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
Има многу парови кои со години живеат вонбрачен живот, глумат педантерија невидена, домаќини/ќи, грижливи мажи/жени и мислат дека доволно се запознале со мааните и навиките. По официјализирањето на бракот комплетно се менуваат, а пак со доаѓањето на детето доаѓаат и поголеми обврски и трошоци кои ги немале во вонбрачниот живот. Е тогаш настануваат несогласувања и кавги.
Пример 10 години живееш вонбрачно со партнерот, после кај 11та се венчате и некаде кај 12та се менуваат? Ондак имаат закоравен глуп ум. Бракот е буквално договор. Исто ко купопродажен, договор за дар, за доживотна издршка. Ако на некој му менува нешто едно писуче ондак да си посети психијатар. И вонбачен живот е исто со брачен само што немате потпишано. Што значи ако ептен не се согласувате за начинот на живот нема да трошите пари по адвокати и судови. Јез да на мене ми одговара да се венчаат па за 6 месеци разведуваат, повеќе работа и пари за нас. :D
Ако мислат во вонбрачниот живот на последиците од детето, односно се свесни, нема да дојде до тоа. Факт е тоа дека детето е голема обврска и трошок, па да му ебам мајката или не го праи/раѓај ако не можеш товарот да го носиш или најди си компромис и прифати дека тоа е така и не се расправај со партнерот, сами сте се согласиле на тоа.

И не може да се меша државата у толку приватни сензибилни односи, ме боли мене патка дали ќе живеат претходно заедно или не, нивна ствар. Ако сакаш можеш само за себе да си воведеш „обавезително едногодишно пробно живеење“.
 
Како прво и најбитно да ти кажам дека не познавам некој 10 год.да живее вонбрачно со партнерот и да се венчаат во 11 год.а пак во 12 толку драстично да се менуваат. ..ова ти е тешка глупост.
Збориме за заеднички живот во заеднички дом и со заеднички финансии...Ако ти неможеш за 1о год.живеење да му ги увидиш сите лоши мани, сите реагирања во разни ситуации, ти тогаш не си ни живеел со таа особа.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Зависи од луѓето кому како му е најслатко

Инаку луѓето се склони кон негирање во врската/бракот. Ги гледа сите проблеми ама толку сака да го одржи бракот што намерно е слеп/а. И тука пробен период не помага, во врска не влегуваш без надеж дека ќе трае долго и таа надеж те заслепува за можните опасности во иднина.

Кога ќе речам не е добро пребрзо да се склучи брак, птиците прво прават гнездо па несат јајца а ние попаметни суштества некогаш прво раѓаме па прајме куќа, е на овој муабет често ми имаат одговорено контра. Има парови што створиле животен простор заедно и некое време живееле заедно, и при раскинување едниот губи се што вложил во тој стан и пари и време и труд, нема правен доказ дека вложил/а... и оди стекни доверба во нова личност почни од 0

И така незнам што е најпаметно, може е индивидуално ...
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
Како прво и најбитно да ти кажам дека не познавам некој 10 год.да живее вонбрачно со партнерот и да се венчаат во 11 год.а пак во 12 толку драстично да се менуваат. ..ова ти е тешка глупост.
Збориме за заеднички живот во заеднички дом и со заеднички финансии...Ако ти неможеш за 1о год.живеење да му ги увидиш сите лоши мани, сите реагирања во разни ситуации, ти тогаш не си ни живеел со таа особа.
Ти си многу глупа и не си ми ја сфатила поентата или си трол.
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
Не сум ни првото, ни второ, ниту третото...можно е дека те прочитав летимично исто како и ти:D
Иаме иста поента нз зш ме цитираше :D
И има разлика дали живееш една година или повеќе со 18 годишен/на или 27/28 :D Тој/таа на 27/28 во повеќето случаи има изградено карактер, а за рок од 1 година може мн да се увиди дали ти одговара за заеднички живот понатаму.
Јас познавам луѓе што живееле заедно со години па им текнало да се венчаат нареден месец и тоа ништо не им сменило понатаму во животот. Или ради некоја правна цел и тоа после 30тина години заеднички вонбрачен живот и повторно ништо не им сменило.
Кој као сака нека си праи, на некои па и по 30 години брачен живот им текнува да се разведуваат на 60-70 години. :D
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Samo so mi tekna deka edna zena koja se ima razvedeno na okolu 50 god vozrast mi ima kazano: "Uste na denot na vencavkata/svadbata znaev deka ke se razvedeme samo neznaev koga".
Toa jasno ukazuva deka zenite ne gi prifakjaat mazite takvi kakvi sto se, tuku se trudat da gi promenat i cekaat toa da se dese.....
 
Што ти укажува јасно жити Бога?? Абе таа поради тебе да не се развела...хахаххахха!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom