Не.
1. Ми треба мир. Цел живот ретко кога сум била сама дома, постојано има некој, па малце ми беше тешко да се навикнам на факултет кога ќе останев сама во стан, али со тек на време ми е тоа многу потребно. Некој саат на ден мора да поминам сама со себе и тоа ми е више прејдено во навика.
2. Не сакам и не ни пробувам да се согласам со сите, а без компромис, тешко во заедница.
3. Не почитувам на веќе позрели години да ми кажува некој кога да си го наместам креветот, што да јадам, како да живеам и што е добро, што не. Реално, ќе ти солат повозрасните памет, сакале или нејќеле.
Единствен плус е тоа што за мали деца живеење во заедница е добро. Нормално, зависи какви се родителите на партнерите. Моиве ми се супер погодени, ги обожавам, по цел ден можам да поминам кај нив. Многу мои врсници апсолутно гајле немаат за баба им и дедо им, меѓутоа јас не сум така навикната.