една црна девојка сака да биде плава, се фарба и никому ништо.
една девојка од 170, сака да биде 180, става штикла, и оп никому ништо.
една девојка сака да има зелени очи, става леѓи, и никому ништо
една девојка сака да ослабе 15 кила, ги труе сите 2 месеца дека е на диета, и ете ја ослабена, и горда дури. никому ништо
една девојка сака да има темен тен, легнува во солариум, црнкиња. никому ништо.
и имаш една девојка која сака да си ги зголеми градите, и тука имаш проблем колку планина голем. тука веќе е прашање на самодоверба, прашање на тоа дали јас сум јас, прашање е дали тоа веќе не личи на калап?? демек, се се, ама цицките не...
не знам кој ви е филмот стварно
на прашање дали сакате силикони, одговарате - не, затоа што тие што ставаат силикони се такви и такви и вакви и никакви...
МА НЕМОЈ МОЛМТЕ?!
познавам една таква бунтовничка... која не сакаше силикони, демек со својот цврст став ќе импресионира некого.. уствари лажеше наоколу дека е воодушевена од самата себе, а дома ставаше сунѓери и подпунки во градникот :lud:
секоја сличност со некои девојки тука е случајна