Е преку глава ми е...

R

Razorblade Kiss

Гостин
Gravity Grave напиша:
Не се согласувам со ова, практично си викаш доколку КИЧОТ ти стегне шалтак, ти мирно и послушно ке си го свртиш и другото обравче, не ли?
Не,сакам да кажам дека немам намера некого да воспитувам што е добра музика,а што е кич.Се бунтував,вакви сте накви сте...како може да слушате такви глупости,ама знаеш,тие се мнозинство,а таквите како нас се малцинство во Велес,градот во кој премногу се конзумира кич музика,кич стил и е полн со камуфлирани народњаци.Не велам дека се предавам,напротив,сега сум во фаза затишје пред бура...едноставно немам намера да се замарам со некој што вели дека е зелено,а очигледно е дека е црвено.Кога и другите ќе го увидат црвеното,погоди кој е далтонистот.
Млада сум:)ќе ми требаат многу живци во иднина,па да остане нешто и за понатаму.
 
Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
Razorblade Kiss напиша:
Не,сакам да кажам дека немам намера некого да воспитувам што е добра музика,а што е кич.Се бунтував,вакви сте накви сте....
Токму затоа е отворена темава, да се види што и како понатака со оваа инвазија на сељацизам олицетворена во тоа што се сервира денеска по медиумите. Никој не заговара бунт тука, или пак да се надеваме дека ке почнеме да буткаме планини, но има тука пар луѓе што макар никогаш нема да се предадат од проста причина што они се поише и се потврдоглави од оние што се определуваат за некоја друга опција.
Од коа дојдов на форумот пред скоро година дена, се обидувам да постирам на неколку теми околу Rock&Roll-от, не за да наметнам некому свој вкус, туку да понудам уште една додатна опција на некој што е можеби е збунет на која страна да тргне. Доколку избавиме макар ЕДЕН од канџите на кичот, мисијата е успешна!:icon_cool
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
У секоја тема на музика ако се спомне рап се појавуваат два тројца што го тупат со тоа андерграунд, АБЕ ЛУЃЕ АНДЕРГРАУНД РАП НЕ ПОСТОИ, се е за кеш се е за слава, неверувам дека има некој рапер што ќе земе да рецитира за беспари или да дава албум по луѓе онака од мерак па макар и на принко-оф топик беше ова
ОН Д ТОПИК
Критика за катастрофалната состојба со музиката насекаде во светот благодарение на MTV(ем-ти-ви), Pink, Паинер,..., а Македонија не е исклучок на дебилните девијации што се појавуваат.

Едноствано ме тераат да им се смеам и на MTV и на Паинер и Пинк и све остало екатастрофално а бидејќи Македонија нема поима за многу работи едноставно ги зима како УРНЕК најлошите работи од другите телевизии
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Gravity Grave напиша:
Токму затоа е отворена темава, да се види што и како понатака со оваа инвазија на сељацизам олицетворена во тоа што се сервира денеска по медиумите. Никој не заговара бунт тука, или пак да се надеваме дека ке почнеме да буткаме планини, но има тука пар луѓе што макар никогаш нема да се предадат од проста причина што они се поише и се потврдоглави од оние што се определуваат за некоја друга опција.
Од коа дојдов на форумот пред скоро година дена, се обидувам да постирам на неколку теми околу Rock&Roll-от, не за да наметнам некому свој вкус, туку да понудам уште една додатна опција на некој што е можеби е збунет на која страна да тргне. Доколку избавиме макар ЕДЕН од канџите на кичот, мисијата е успешна!:icon_cool
Еве и јас како неколкумесечен член на Кајгана,давам чесен збор дека ќе направам се што е во рамките на моите можности да се обидеме да направиме револуција...:)добро не револуција,барем едно востание:salut:
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.103
Поени од реакции
25.392
востание бе. Volkswagen ццц шо им направи бе. И тоа вака ќе иде во Ск. Лева партизанска единица пред Опатија, десна пред Ханибал. На даден знак се сечат телефонските линии се врши упад на рокери, џезери, електраши и класичари Биоритам и Академци се стрељаат на лице место тука во сред кафана масовно се горат дисковите на Цеца, Синан Сакич, Миле Китич и компанија еден батаљон се праќа во телекабел со нож под грло на шефот да се укинат Пинк и Планета во Македонија. Главите на Вучиќ ќе се висат на плоштад или ќе бидат запалени по инквизициски ритуали. Се до наредниот ден додека некој не рече ај у кафана.
Демократија е бе. Нека си слушаат...
 
MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Неможам да се замарам појќе колку и да ми сметат. Едноставно овие конфликти ги сметам за војна без крај.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
СуШвНоС` ако имате MTV имате и VH1. А на VH1 нема кич. Проблемот е во образованието на луѓето. По некое непишано(а можеби и пишано ама јас не сум го видел) правило, луѓето кои се попрости ја сакаат таквата музика. Затоа луѓе, ако имате афинитети кон удирање шампањац у глава, нешто не е во ред со вас. Мој совет е да птрчате до првата библиотека и да се фатите за книга. Мозочната сива маса се вежба со читање. Ако сите родители се паметни, иако сите посетувачи на родендени на мали деца се паметни ќе им купуваат книги соодветни за нивната возраст. Сусаро, тоа е револуцијата и Гравити, тоа е начинот да се допринесе и да се војува ако некој сака да го прави тоа.
Кој не ми верува, во моментов на Пинк има гранд парада... слободно... :eek:jea:
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Мене не ме нервираат музичките телевизии (додуша МТV беше музичка телевизија веќе не е), мене најмногу ме иритираат луѓе кои упорно слушаат еден вид на музика и се убедени дека тоа е најдобрата музика, а не слушнале друг правец, ама да го слушаат на начин да ги согледаат работите од таа музика што им се допаѓа на луѓето што ја сакаат таа музика, па после да направат споредба, па да коментираат да оваа е подобра или полоша или пак да сум чул знам како е ама сепак мене оваа еве нека им биде и турбофолк повеќе ми фаќа уво. Ама не тоа се воглавно се слепци кои ако човек им спомне џез (со џез си го чистам увцето) одма тука некоја предарасуда, и одам викаат абе батали тоа е досадна и глупа музика, и одма тука ми ми се превртуваат црева и ме фаќа пролив од такви личности, мислам со тоа самиот докажува дека прост со тапија бре, како може да каже дека еден правец во музиката повеќе му се допаѓа од друг а воопшот не го има слушнато другиот правец, ама слушнато и разбрано во прават смисла, и што е потрагично оваа музичка неукост, е масовна кај нас, а пуштиш на радио нешто комерцијала хипхоп и сл работи одма се лепат за радиото слушатели, а чим пуштиш рок, одма драстично паѓа бројот на слушатаели и тоа станува збор за мејнстрим рок, а да не збориме ако малку тераш метал, или блуз, џез а што е пострашно во последно време ниту техното не им влече увао како порано, мислам катастрофа.
пред некој дена направив убава плеј листа каде полека песна за песна постепено од џез направив прелив во техно преку трипхоп и хаус ама јок бе брати никој не го ни интересира.
 
Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.238
Поени од реакции
22
по милионити пат www.areyoulistening.com
мејнстримот е полн со она што го нарекуваат корупција
плаќаш песната да врти на радио 10 пати дневно,и одненадеж песната е хит!! и шо им можеш,затоа големите таленти остануваат неоткриени и не успеваат да се пробијат...а некој шо нема врска од пеење ќе биде 'голема' ѕвезда!
Што се однесува до МТВ,одамна е пропадната со безбројните реални шоуа,веќе не е музичка телевизија,барем не онаа што до скоро време на кабловските ја нудеа(германската мислам дека беше)....
и то е то!останува на нас да видиме што можеме да промениме,ние сме иднината нели? :jaj:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Bacillus gagous напиша:
Мене не ме нервираат музичките телевизии (додуша МТV беше музичка телевизија веќе не е), мене најмногу ме иритираат луѓе кои упорно слушаат еден вид на музика и се убедени дека тоа е најдобрата музика, а не слушнале друг правец, ама да го слушаат на начин да ги согледаат работите од таа музика што им се допаѓа на луѓето што ја сакаат таа музика, па после да направат споредба, па да коментираат да оваа е подобра или полоша или пак да сум чул знам како е ама сепак мене оваа еве нека им биде и турбофолк повеќе ми фаќа уво. Ама не тоа се воглавно се слепци кои ако човек им спомне џез (со џез си го чистам увцето) одма тука некоја предарасуда, и одам викаат абе батали тоа е досадна и глупа музика, и одма тука ми ми се превртуваат црева и ме фаќа пролив од такви личности, мислам со тоа самиот докажува дека прост со тапија бре, како може да каже дека еден правец во музиката повеќе му се допаѓа од друг а воопшот не го има слушнато другиот правец, ама слушнато и разбрано во прават смисла, и што е потрагично оваа музичка неукост, е масовна кај нас, а пуштиш на радио нешто комерцијала хипхоп и сл работи одма се лепат за радиото слушатели, а чим пуштиш рок, одма драстично паѓа бројот на слушатаели и тоа станува збор за мејнстрим рок, а да не збориме ако малку тераш метал, или блуз, џез а што е пострашно во последно време ниту техното не им влече увао како порано, мислам катастрофа.
пред некој дена направив убава плеј листа каде полека песна за песна постепено од џез направив прелив во техно преку трипхоп и хаус ама јок бе брати никој не го ни интересира.
Бацилче, по муабетов се обидуваш да докажеш дека си токму тоа кое го опиша или јас не сфатив добро.:toe: А зошто мислиш дека џезот, рокот и техното се правците кои треба да бидат кремот. Јас слушам хип-хоп (видов дека тој правец го сметаш за шунд) многу. Во исто време се палам и на Бизе и Равел исто толку. А за беља во целиот муабет, омилени два албуми(ако смеам да ги наречам така) ми се саундтраките од Блуз Брадрс. И сеа?
(Болдираното)Тоа што никој не го интересира можеби е затоа што лошо си ја направил (нагаѓам, не мора да значи) и поважно, ако твојата плејлиста ти се допаѓа на тебе, за баба ми на пример, воопшто и не е музика. Одредени стилови има и мора да има, и сите во себе содржат нешто добро (барем малку, дури и во турбото мислам дека можам да најдам добра песна)... :zid: И то!
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Викторгг напиша:

Грешно си ме разбрал , јас ги дадов тие правци во музиката како примери, има чуено и научено да служам се од апла рап, кој го иаим и во компјутер како оникс и комапнија, до класика, знам и сум слушал и турбофолк и јасно ми е зошто тие што го сакааат што лгедаат во него.
Ама сум компетентен да кажам што повеќе ми лежи на уво и што радо би слушал а што не толку радо, за разлика од таквите кои имаат игнорантски однос кон различните правци во музиката.

Плејлистата никој не се ни обиде да ја чуе, не го заинтригира да слушне нешто што до сега не чул, па да искоментира „не ми се допаѓа” или што мисли во врска со тоа, јас никогаш не реков дека тоа што го слушам дека треба да му се допадне секому, ама бар нималку љубопитност да се нема да се жуе нешто поинакво да се погледне лево десно, наместо тоа се останува со погледот напред ко коњ.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Во принцип секој има причина за секоја своја одлука и постапка во животот. Јас бев пробал карфиол до пред извесно време. Секогаш сум викал дека не го сакам. Кога го пробав, сфатив зошто така сум викал. Да, глупаво е да кажеш за нешто дека не ти се допаѓа а да не вкусиш, само мислам дека на наши години веќе добро знаеме што сакаме да слушаме во опуштена атмосфера.
 
MkForces

тантара пантара
Член од
25 јануари 2007
Мислења
600
Поени од реакции
19
Јас на пример не му забранувам на никој да слуша каков било тип на музика... И тешка комерцијала нека е, нека ја слуша ако му е убава, што да му речам, кога веќе испран му е мозокот на младинава...

Искрено не ми пречи иако некоја музика е комерцијална, ако таа носи некоја идеја со себе...

Мене само едно ме нервира, кога некој ќе кажува глупости и ќе сере наоколу за нешто што го нема слушнато, пр. ќе ја земам рап музиката... Јас слушам најмногу македонски андерграунд рап, и многу души ми се контраат и ме исмеваат заради то, а уствари тие се тие што се за исмевање и за жалење оти серат за нешто што го немаат слушнато и што ја немаат сватено поентата и идејата која ја носи тој тип на музика...

И јас секогаш си практикувам една работа во животот: Прво слушни, после кажи... Но изгледа дека мнозинството не мисли така... Па сепак се навикнав со тоа, и колку што можам допринесувам некои луѓе да ја сватат поентата на музиката...
Пример ќе земам со еден мој другар, кој беше навлечен на тие српските песни, а сега е свртен на македонски андерграунд рап... Зошто се случи тоа ? Затоа што сам се пронајде во некои од песните, ги примени во својот живот некои идеи кои тие ги носат, и ја свати најважната работа: ДЕКА СЕ ПИШАНИ ОД ДУША !

А точкаст погоре рече дека денес не постојат андерграунд рапери... За то си во грешка бате... постојат, само што се во мал број... Аго ќе го земам пример како андерграунд рапер кој има најмногу допринесено за рапот во Македонија...

И за крај, еден цитат од Аго за комерцијалниот рап: " Па сега ти што ги купуваш овие рап дискови, запрашај се... Вреди ли да дадеш пари за нив ? Глуп ли си некој да ти продава лаги за пари? Ќе речеш после: Аго, па од кај да знам јас кој е кој? -Јас знаеш што велам? Еднаш ќе се избоцкаш, па другпат ќе знаеш копривата како боцка..."
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
The Mummy Returns напиша:
Pa site sme izlozeni do nekade osven ako nemas ni radio ni televizor,ne odis po diskoteki i slicno.A za toa deka ima izbor t.e. deka mozes da slusas nesto sto e poveke underground napisav i vo prethodniot post ama ti izgleda ne si go videla toa.Kako i da e kazi mi sto ima poveke po radijata,televiziite,poveketo klubovi - komercijala ili underground?
Андерграунд не е безусловно еднакво на квалитет.
Ниту пак комерцијала на срање.
Имаш канали и станици и за поинакви видови на музика, ако веќе си се фатил за тоа. А телевизорот ионака никогаш нема сам од себе да се уклучи на пинк.
Бесмислено е да тераш луѓе да слушаат нешто шо не им е својствено, ти ќе мислиш дека ги освестуваш а всушност не иде тоа така.
Искрено, времето кога рок и компанија биле комерцијални и популарни како денешниот поп (или турбо фолк кај нас) поминало и нема шо да жалиме по тоа. Је, денес вредностите у тој бизнис се малце поусрани, ама тој е системот и попаметно е да знаете да ги користите дупките у него за да го промовирате своето мислење или музика отколку да кењате и да се фрустрирате.
И секогаш ќе има голем број луѓе кои го делат вашиот музички фкус.
 
BoYd

женско сум
Член од
1 февруари 2007
Мислења
707
Поени од реакции
4
Slusnete ja pesnata shabanomanija i se ke vi stane jasno
 
Kajgana Shop

На врв Bottom