Е, оваа куќа ми се допаѓа

Член од
7 август 2009
Мислења
115
Поени од реакции
16
Ваа куќа! не е ништо посебно, стоеше близу до новиот мост во Велес до пред 4-5 години кога ја срушија и изградија друга. :(
Кога ја спремаа за рушење поточно ги вадеа керамидите ги замолив мајсторите и влегов внатре, чуството беше неописливо. Ако некогаш имам доволно пари во животов прво што ќе направам ќе биде куќа иста како ваа. Многуууу ја сакам.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Ваа куќа! не е ништо посебно, стоеше близу до новиот мост во Велес до пред 4-5 години кога ја срушија и изградија друга. :(
Кога ја спремаа за рушење поточно ги вадеа керамидите ги замолив мајсторите и влегов внатре, чуството беше неописливо. Ако некогаш имам доволно пари во животов прво што ќе направам ќе биде куќа иста како ваа. Многуууу ја сакам.
Стварно куќава е многу убава.....:)
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Farsnworth house, Plano, Illinois - Ludwig Mies van der Rohe



По историја на архитектура се учат две најважни стаклени куќи. Првата, изградена 1949 година е на Филип Џонсон, а втората е оваа што јас си ја пикирам, многу повеќе заради самиот автор.

Мис е германски архитект, еден од великаните на модерната (според мене врвниот) и затоа неговава ќе ја стаам. Временски мислам дека таа на Џонсон е нешто постара.

Минимализам доведен до перфекција, сведување на основните архитектонски елементи - точка/столб, линија/ѕид, правоаголник/плоча, најчесто поставени во бујна природа или со таква градина, мебел исто така дизајниран од него....после тоа, сите архитекти само го интерпретираат стилот...би бил многу среќен кога повеќе народ кај нас ќе почне да ја сфаќа оваа естетика и да нарачува вакви проекти за куќи - кога можело пред 70 години - зошто не и сега?
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Саша Беговиќ беше пред неколку години во Скопје. Дел е од архитектонското биро 3LHD од Загреб, имаа и во Сплит една група. Имаат многу реализирани проекти меѓу кои и главната загребска арена за светското во ракомет (или европско), реконструкцијата на сплитска рива, еден голем хотелски комплекс во Сплит.....

Не дека конкретно оваа....Јадран ми е во срце....да мириса на море, глетка (оваа го има Дубровник во видикот) и некој ваков минимал...

http://www.archdaily.com/456274/house-v2-3lhd/

 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Ваа куќа! не е ништо посебно, стоеше близу до новиот мост во Велес до пред 4-5 години кога ја срушија и изградија друга. :(
Кога ја спремаа за рушење поточно ги вадеа керамидите ги замолив мајсторите и влегов внатре, чуството беше неописливо. Ако некогаш имам доволно пари во животов прво што ќе направам ќе биде куќа иста како ваа. Многуууу ја сакам.
Cuvaj ja slikava ova e retkost i se zaborava.Zalosno koj im dozvoli da ja skinat ovaa kuka.Istorija golema samo parite ni ebaa mater
 

Kajgana Shop

На врв Bottom