Естетика на фотографијата

Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
Изразување на идеја во фотографијата

Во секоја фотографија постои или треба да постои идеја !

Идејата во фотографијата може да биде значајна , длабока , темелна , обична , секојдневна , веќе видена .... . Но во основа секој фотографија во себе содржи желба за некој вид на изразување .

За голем број на луѓе фотографијата служи само како медиум за чување на спомените , средство за забележување на места и настани . Таква фотографија нема апсолутно никакво значење за никој друг освен за оној кој учествувал во овековечениот момент .
Тоа не е лошо и не треба да се осуди , сите ние правиме такви фотографии , но да ги задржиме таму каде им е место во семејните фото албуми .
Покрај оваа состојба на свест кога фотографијата ја корисиме како медиум за арахивирање на некое минато време , фотографијата можеме да ја претвориме и во средство за комуникација и изразување на идеи .

Човекот во својата основа е визуелно суштество . Секое дете најпрвин визуелно се изразува преку своите цртежи . Но .... нашата вродена визуелна интелегенција се запоставува во процесот на школување кој од нас прави аналитички единки кои размисливаат математички и логички . Така стануваме не свесни за светот околу нас и нашата визуелна перцепција останува не развиена .
За да можеме да воспоставиме комуникација со светот околу нас најпрвин треба да се свртиме кон себе и задоволувањето на потребата за лично естетско изразување .
Многи книги се напишани за техничкиот аспект на фотографијата , но многу малку се зборува за естетиката во фотографијата . Уште помалку за фотографијата како уметност , а најмалку за психолошката перцепција .
Во теоријата за естетика и уметност се поставени критериуми и дефиниции за тоа што треба да е една фотографија за да се разликува од еден обичен snapshot .
Snapshot е фотографија направена без цел , снимена без размислување , површен запис од некој настан , луѓе или објекти .
Од друга страна фотографијата е уметничка интерпретација на некое случување личности и ли објекти .
Фотографијата треба да пренесе некој порака , и тоа треба да го направи со голема доза на енергија и стил . Ова се постигнува само со ускладени елементи на композицијата кои водат кон една цел , визуелно допадлива фотографија . Со други зборови содржината на фотографијата е помалку важна од начинот на нејзиното прикажување . Композицјата е таа што ја одредува фотографијата . Секој објект може да го фотографитрате лошо или добро !!!!
 
Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
Фотографска предрасуда

Се “дават “ ли вашите фотографии во морето на едноличноста ? Можеби сте жртва на фотографската предрасуда !



Фотографска предрасуда е однапред создадено мислење за фотографијата , односно како таа би требало да изгледа .Последиците на фотографската предрасуда се манифестираат како ограничувања на нашиот фотографски стил .Тоа и не би било лошо кога нашиот “стил” навистина е стил но тој е само копија на универзалното доживување на фотографијата како медиум . Како последица на ова имаме недостаток на личен стил , така што нашите фотографии изгледаат многу слично на поголем број од личностите што се занимаваат со фотографија .

Проблемот со фотографската предрасуда е всушност што не сме свесни за оваа униформираност на нашето творештво . Во намерата да излеземе од оовој магичен круг на универзалниот изглед на фотографијата која ја создаваме често се споредуваме со други фотографи но најчесто на погрешен начин.

Многумина немаат чувство дека проблемот е во нивното доживување на фотографијата , туку проблемот го префрлаат на опремата што ја користат , па се трудат да набават професионална опрема која често не знаат ни добро да ја користат , но тука ја наоѓаат кваката зошто професионалните фотографи имаат подобри фотографии .

Но да тргнеме прво од себе , од нашето доживување на фотографиите и од битката со фотографската предрасуда . Таа (фотографската предрасуда ) има многу облици , а настанала со апсорбцијата на првите сликовни информации во раните фази на нашиот живот , во детството . Од најрана возраст сме опкружени со слики, реклами , книги , филмови и останати облици на сликовен материјал .


Сите тие материјали делуваат на начинот на кој ја доживуваме сликата ( фотографијата ) во подоцнежниот период на животот , кога почнуваме да се занимаваме со фотографија , при тоа ни наметнуваат ограничувања кој се всадени во нашата подсвест .

Една од најсилни предрасуди е каде фотографираме . Размислете за локациите на кои никогаш не сте фотографирале а сте можеле : бањата , кујната подрум , гаража и слично . Фотографирајќи само на излети , собири и прослави , Вие сте жртва на предрасудата , а тоа не го знаете .


Втората предрасуда се однесува на времето во кое е пожелно да се фотографира . Погледнете ги Вашите фотографии во кој дел од денот се создадени ? Во ова се надополнува и предрасудата во врска со временските услови на дожд , снег , магла . Се ова за некои е пречка за фотографирање некогаш заради нелагодност и непрактичност , но многу често поради идејата дека во вакви временски ситуации не може да се направи добра фотографија .


Трерта предрасуда се однесува на објектите што ги фотографирате . Ако никогаш не сте фотографирале стара чевла , предмети од домаќинството , шише пиво , отворач за вино .... и се друго што ви изгледа навидум банално , сторете го тоа , Може да се фотографира , се , нема причина од ограничување .


Последната од групата на главни предрасуди се однесува на тоа како фотографираме , не во техничка смисла туку во креативниот пристап на кадарот . Разни позиции и необични перспективи . Не се плашите да го накривите фотоапаратот , да го промените аголот на фотографирање и слично .

Како да се надминат ограничувањата и да се одстранат шаблоните ?
 
Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
Сите ние имаме свои предрасуди кои во време на масовни комуникации станале стереотипни и на тој начин ја потопуваат нашата фотографија во оштото сивило .За да успееме светот да го гледаме на друг начин мораме да си одговориме сами на себе на некои прашања .

Еве некои прашања чии одговор ќе ни дадат појасна слика за нашиот однос како фотографи кон објектите што ги фотографираме :

Што е предмет на интерес на фотографијата ?
Како предметот на интерес треба да биде прикажан на фотографијата ?
Треба ли предметот на интерес навистина да биде предмет на интерес ?
Како предметот на интерес се доживува во колективната свест ?
Каде се границите на ограничувањата на стереотипите ?

Потоа следат прашања за односот на фотографијата кон публиката и кон авторот :

Создаваме фотографии какви што ние сакаме или фотографираме какви што мислиме дека од нас се очекува ?
Очекуваме ли одобрување и пофалба за направената фотографија ?
Колку ни е битно направената фотографија да се допадне на нашата околина ?


Почетниците , несигурни во својата работа тежнеат кон задоволување на околината создавајќи фотографии да ја воодушеват широката публика , а не својата внатрешна визија .

Одговорот на овие прашања треба да ни овозможи да го дефинираме влијанието на околината на нашата работа и да сознаеме колку всушност работиме на својата лична визија . Развојот на визуелната свесност е развој на фотографскиот начин на гледање на светот околу нас .
 
Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
Компоненти на фотографијата

Компоненти на фотографијата


Секој фотографија се состои од три подеднакво важни делови , компоненти на фотографијата

Техничка
Естетска
Психолошка

Почетниците ги совладуваат токму по овој редослед . Обично се започнува со некои технички предзнаења како воопшто би можеле да направат фотографија. Кога ќе се стигне до некое одредено техничко ниво , фотографиите не се повеќе матни и нејасни , но се уште нешто недостасува . Тогаш најчесто се почнува да се учат правилата на композиција . Кога и тоа добро ќе се совлада , добиваме технички и естетски коректни фотографии , но најчесто нешто пак недостасува . Визуелна пријатна и технички совршена фотографија , сепак треба емоционално да го ангажира гледачот .

Фотографијата како медиум едноставно искажува потреба за комуникација , а луѓето од истата таа причина сакаат да гледаат фотографии . Оваа комплексна интеракција помеѓу фотографиите и гледачот се нарекува психолошка компонента на фотографијата . Оваа компонента е најтешка за совладување затоа што скоро е неможно да се научи . Нешто малку може и да се научи , но она битното може само да се усвои со искуство и работа .
Кога тој дел конечно ќе се совлада , првите две компоненти наизглед исчезнуваат , затоа што фотграфија која комуницира со гледачот не мора да биде технички совршена ниту мора да биде поставена според правилата на композицијата .

Но не се залажувајте дека можете да ги прескокнете првите две компоненти на фотографијата .

Во многу книги кои се занимаваат со композицијата има совет , дека композицијата треба добро да се совлада , па потоа да се заборави .Исто е и со техничките аспекти. Искусен фотограф не размислува која комбинација на параметри треба да ја постави на апаратот . Се се сведува на тренинг , заради кој реакцијата станува спонтана . Сите тешко научени технички и естетски аспекти се сместуваат во подсвеста и егзистираат на ниво на инстинкти .
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Прекрасно си напишала Викторија алал да ти е , баш она секој да може да разбери и сфати.

Инаку додека сме на темата немам што друго да додам освен да си кажам за мене
дека техниката не ми е нај добра баш, често одстапувам од фотографските правила , некако повеќе одам на естетиката, и така да подпокријам недостатоците од техничка страна.
 

korun

lame
Член од
21 октомври 2007
Мислења
389
Поени од реакции
28
Ако ова не е пејст, секоја чест :smir:
 
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4
Поени од реакции
1
Книгата од Др.Владо Плавевски е одлична , одличен едукатор и потикнувач за почетниците а и ветераните :) сепак се работи за аналогна фотографија , но е многу од помош и може да ви помогне во создавање на сопствен стил , и добивање на осет за фотографија :)
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Книгата од Др.Владо Плавевски е одлична , одличен едукатор и потикнувач за почетниците а и ветераните :) сепак се работи за аналогна фотографија , но е многу од помош и може да ви помогне во создавање на сопствен стил , и добивање на осет за фотографија :)
Случајно и јас дојдов до таа книга и генерално сум задоволен од неа, најмону ми се допаѓа во неа пишува за историјата на фотографијата :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom