Ептен мал бизнис, во домашни услови.

Член од
9 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
16
Да речеме мал сум уште но размислувам како од повозрасна гледна точка, значи учам уште средно училиште да речеме добро оди но истовремено одам и на работа, е сега тоа што го вадам сакам пролетта да земам да речам 20 кокошки и да си одгледувам во домашни услови. Тие што веќе одгледуваат дома (баба,дедо) дали има добар ќар.. Сакам искрени одговори без глупости..
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Со кокошките само беља ќе си отвориш..ако си веќе загреан за таков бизнис земи зајци..
 
Член од
9 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
16
Во село нормално.. Имам место се , пред 15 години да речам одгледувале но им ги јаделе овие птиците орели некои си невестуљки лисици но да речам сега таква работа не ми се верува па една кокошка е 50 денари 20 кокошки 1000 денари да почнам не е лошо имам време до пролет до тогаш имам време да размислувам и да ми ги изедат сигурно нема да биде тоа во една вечер.. ќе си ги поврнам може парите но нема да бидам во ЌАР инаку за проба не се зима пари али зборот ми беше да чујам вашо мислење.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Не е работата само да ги купиш,ами хигиена,ами храна едно друго,башка ако си го средиш местото кај што ќе бидат нема шанса да ти се напраи беља..
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Прво секоја чест што уште мал почнуваш да мислиш на работа и за разлика од врсниците не се срамиш да се занимаваш со работа на село.
Мое мислење е дека кокошките не се некој исплатлив бизнис но ако ти е желба неможеш многу да изгубиш.
Јас мислам дека веќе кога веќе се одгледува помал број на животни подобро е да се размисли за нешто поегзотично што го има помалку на пазарот и има поголема цена.
 
М

Мартин`

Гостин
Тешко дека ќе успееш сепак добро што на тие години размислуваш за бизнис.. инаку за кокошките и за нив има еден куп работи чисто сумњам дека како прво ќе успееш да најдеш млади квалитетни здрави кокошки за 50 денари !? незнам колку се но чисто сумњам дека се 50, ако мене ме прашуваш преку 150 денари ќе биде една. Второ остаруваат брзо кокошките и не даваат толку јајца, и трето ќе треба и концетрат да им купуваш.

Инаку да чим живееш на село рачунај ќе нападнат одма “невестуљки“ затоа огради си убаво.. Инаку пробај не е голем влог (y)
 
Член од
9 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
16
Инаку додека одам на училиште на викенд и работам, си вадам пари за излегување итн. но и тргнувам нешто на страна.. пролетта да започнам со тоа а летото ја пак ќе си идам на работа и ќе зимам добра плата но кога станувам веќе наутро не е лошо и таа работа паралелно да си ја терам, инаку 50 денари е една од фарма. Едни велат дека има ќар едни велат не едни така и така и незнам па добро е јас лично да си пробам.
 
М

Мартин`

Гостин
Инаку 50 денари е една од фарма. Едни велат дека има ќар едни велат не едни така и така и незнам па добро е јас лично да си пробам.
50 денари ама прашај зошто ја продаваат за 50, го продаваат ѓубрето она што веќе не е продуктивно кај нив па го продаваат. Тоа е веќе стара кокошка да на речам пред умирање, така да од таа дека ќе извадиш нешто тешко.. повеќе на храна ќе ти оди отколку јајца што ќе ти снесува :D
 
Член од
9 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
16
Значи да се разбереме фарма и дома не е исто. Една млада кокошка да ја ставиш во просторија 50 cm на 50 cm и стара кокошка на отворен простор ептен мала е разликата. Знам каква ќе ми ја продадат бидејќи комшијата така прави зима 15-20 кокошки , на пролет ги гледа до есента, потоа една по една ги коли за месо, другата година исто.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
но им ги јаделе овие птиците орели
Како си ме изнасмејал еј....

Супер за потегов....него мој предлог ти е чим не се плашиш од работа....да земеш некој да ти изработи бизнис планче....за да земеш субвенции.

Ама субвенции ќе земеш од она што најмногу ќе ти одговара....на пример,да посадиш некоја овошка која што е многу ретка,а е потребна на пазарот(како брусницата...800ден е кило на пазар)....или да чуваш зајци...и сл.

Битно муабетот ми е....дека треба да се обидеш да играш на картата како да дојдеш до субвенција.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Ако имаш нива или сл. земи нешто засади... на пр. грав,компир и сл. за прво ќе ти треба едно 100 е ако имате нива или бавча насади грав од една нива од 300 м2 се вади добра цена. прво ако имате трактор изораја па после тоа насади грав малце тешко ќе ти биде но сепак се исплати а тој грав што ќе го извадиш можеш по некоја помала цена од др. да го продаваш по продавници во градот или пак во селото.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Друже одгледуј и шиткај Cherry патлиџани, кога обичниот патлиџан беше 20 ден. кг. овие беа 200 ден. кг. во лето, а немора прксање, само наводнување
Види ги шо се убави :vozbud:

 
Член од
23 јули 2010
Мислења
163
Поени од реакции
85
Убаво е да се види млад човек што размислува за иднината. За жал не можам да ти помогнам околу целата идеја, ама подржувам секаква инцијатива од овој вид :).
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
“стриптизерка“ на пазар е 50-60-70 ... селска кокошка е 200-250-300 ... ако успееш да купиш од првата а ја вратиш во “живот“ бе значителни загуби на бројот на кокошки чарот е евиденнтен но не е се само фрли јадење и дојди утре... ако планираш за јајца да одгледуваш од старт знај дека нема да добиеш “добро“ селско јајце за кое ти треба оргинал селска кокошка а не превоспитана стриптизета :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom