Потпишани договори за ревитализација на хидроелектраните „Вруток“ и „Равен“
АД ЕЛЕМ во рамките на проектот „Ревитализација на шест хидроелектрани-втора фаза“ потпиша договори за ревитализација и модернизација на мавровските електрани Вруток и Равен, со две компании со меѓународно реноме, избрани на транспарентен меѓународен тендер.
Австриската компанија АНДРИЦ Хидро ќе работи на замена и зголемување на моќноста на четирите генератори во ХЕ Вруток, на замена на високонапонските кабли, како и на замена на системите за подмачкување во ХЕ Равен. Словенечка ЕТРА Колектор, пак, ќе изврши замена на шест енергетски трансформатори во ХЕ Вруток и замена на три енергетски трансформатори во ХЕ Равен.
Вредноста на договорот за генераторите изнесува 18,68 милиони евра, а за трансформаторите 2,77 милиони евра. Финансирањето на овие активности е преку заем од КфВ банка за кој е веќе потпишан Договор во Министерството за финансии кон крајот на 2010 година.
Според потпишаните договори и утврдената динамика на ревитализација, првиот, нов блок генератор-трансформатор во ХЕ Вруток ќе биде пуштен во погон во јуни догодина, а последниот, четврти блок генератор-трансформатор, ќе биде пуштен во погон во мај 2014 година, кога и официјално ќе финишира овој проект.
Покрај значителното подобрување на производствените перформанси на хидроелектраните со зафатот ќе се зголеми достапниот енергетски производствен капацитет на ХЕ Вруток од 168 на 184 мегаволт ампери и ќе се овозможи дополнително производството на еколошки прифатлива електрична енергија до 50 гигаватчасови годишно. Покрај тоа, ќе има подобрување на ефикасноста и намалување на загубите кои се претвораат во поголем потенцијал за производство на електрична енергија, како и заштеди во трошоците за одржување.
- Со реализацијата на двата договора, ќе се добие комплетно модернизирана хидроелектрана, со четири нови блок-трансформатори и четири нови генератори. Проектот со чија реализација се продолжува животниот век на хидроелектраната „Вруток“се очекува да заврши во мај 2014 година, истакна генералниот директор на АД ЕЛЕМ Влатко Чингоски на потпишувањето на договорите.
Генералниот директор на словенечката фирма „ЕТРА Колектор“ Петар Новак рече дека се сигурни оти работите ќе бидат завршени со предвидената динамика. Евалд Хесе, директор на АНДРИЦ Хидро за Југоисточна Европа, пак, потенцираше дека нивната компанија ќе ја оправда довербата за овој важен договор, и дека проектот ќе се реализира според предвидениот план.
Направени се детални и веродостојни пресметки на потенцијалот за дополнителна енергија достапна преку подобрување на ефикасноста и намалување на загубите во генераторите и трансформаторите за седум гигават часови/годишно, притоа избегнувајќи ги емиисите од 6.000 тони на јаглерод диоксид годишно.
АД „Електрани на Македонија“ пред повеќе од една година најави реализација на значаен енергетски проект за ревитализација на шест хидроелектрани-втора фаза. Станува збор за зафат со кој, освен хидроелектраните Вруток и Равен ќе бидат третирани хидрокапацитетите уште и Врбен, Шпилје, Глобочица и Тиквеш.
Активностите кои треба да се реализираат во рамките на овој проект, пред се, опфаќаат ревитализација и модернизација на електричната и хидромеханичка опрема, градежни работи, како и имплементацијата на модерен систем за оскултација, односно набљудување на браните кај хидроелектраните. Овие активности се продолжување и дополнување на првата фаза на ревитализацијата на истите хидроелектрани која успешно беше реализирана во периодот од 1998 до 2005 година.
Од вкупните предвидени инвестиции во износ од 31,8 милиони евра за ревитализација на шесте хидроелектрани, најголемиот дел доаѓа од кредитот од Германската КфВ банка во висина од 27,1 милиони евра, додека преостанатите 4,7 милиони евра се обезбедени од сопствени средства на АД ЕЛЕМ.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/43550/potpishani_dogovori_za_revitalizacija_na_hidroelektranite_„vrutok“_i_„raven“.aspx
--- надополнето: 19 март 2012 во 16:08 ---
За три години ќе се изградат 21 хидроцентрала
Италијански и домашни инвеститори со 40 милиони евра ќе градат мини хидроцентрали во Македонија. За три години во енергетскиот систем на земјава треба да бидат вклучени 21 хидроцентрала со годишен капацитет од 23 мегават часови електрична енергија.
За три години во Македонија треба да се изградат уште 21 мали хидроцентрали. Договорите денеска ги потпишаа Министерот Сарачини и две италијански и осум домашни компании. Предвидените хидроцентрали ќе имаат вкупно инсталиран капацитет од 23 мегавати и со годишно производство од 87 гигават часови. Инвестицијата е 40 милиони евра, а ќе се градат на десетина реки низ земјава.
- Дополнително со овие договори за 21 мала хидроцентрала ќе се зголеми производството на електрична енергија на годишно ниво до 220 гигават часови, овие инвестиции се околу 100 милиони евра, изјави Ваљон Сарачини – министер за економија.
Три мали хидроелектрани веќе имаат добиено лиценци за производство на електрична енергија, уште 7 мали хидроцентрали се во фаза на изградба и се очекува до крајот на годината истите да бидат изградени.
- Инвестицијата се враќа од 8 до 10 години, но да не заборавиме договорите за концесија се на 20 години така што по овој период хидроцентралите се враќаат на државата што значи бенефит и за инвеститорот и за државата, изјави Кочо Анѓушев од МХЕ Јабланица.
Досега под концесија се издадени локации за вкупно 68 мали хидроцентрали што ќе можат да произведат струја и да заменат 10 проценти од вкупниот увоз на струја во земјава.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=88767
Струја ќе потече од „Злетовица“
Се предвидува дека третата фаза од овоJ повеЌенаменски хидросистем Ќе биде наЈисплатлива бидеЈЌи од водниот потенциЈал со коЈ располага сливното подраЧЈе на Злетовска Река годишно Ќе се произведуваат околу 50 милиони киловат-Часови електриЧна енергиЈа
И по две години од завршувањето на изградбата на првата фаза од хидросистемот „Злетовица“, вода од Злетовска Река с` уште пијат само жителите на Свети Николе, иако беше предвидено овој капацитет да напојува пет општини од североисточниот регион. Општина Свети Николе засега е единствената која со новоизградената филтер-станица и е во можност на граѓаните да им доставува квалитетна вода за пиење. Општините Штип и Пробиштип се надеваат дека дури од в година ќе бидат подготвени за да ја користат водата од јавното претпријатие „Хидросистем Злетовица“.
Со втората фаза од проект-хидросистемот „Злетовица“ е планирано да се наводнуваат околу 4.100 хектари обработлива земјоделска површина, од кои 3.000 хектари на територијата на Пробиштип и 1.100 хектари во Kратово. Со третата фаза од овој повеќенаменски хидросистем, која според предвидувањата ќе биде и најисплатлива, од доискористување на водниот потенцијал со кој располага сливното подрачје на Злетовска Река, се планира годишно да се произведуваат околу 50 милиони киловат-часови електрична енергија.
- Овие две фази од ХС „Злетовица“ се мошне значајни за нас и за населението од овој регион. Затоа пред две години упативме барање до Европската инвестициска банка (ЕИБ) за одобрување грант од 1 милион евра, со кои ќе може да се пристапи кон изработка на техничката документација за овие две фази од повеќенаменскиот хидросистем „Злетовица“. На општо задоволство добивме позитивен одговор од ЕИБ, која ги одобри бараните пари. Договорот за грантот веќе е потпишан, а во меѓувреме тече и постапката од меѓународниот јавен повик за избор на консултант, кој го распишавме заедно со Министерството за земјоделство - вели Стојан Миланов, директор на ЈП ХС „Злетовица“.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1A5F33519C4DA041ACD88C8D7CF92E9C