Туку...ако погледнеш некоја девојка/жена, со мини до горе (топло е, врелината има и свои добри страни) и подразголени гради, едноставно ти "дојде фино" од убавата глетка, дали тоа се класифицира у неверство, слободна волја на човек или нешто трето?
Да се надоврзам на ова: во денешно време, сè оди накај секс, посебно маркетингот ("Sex sells", едно време беше главен маркетиншки слоган, а мислам дека уште е). Затоа, ако некој што е во врска здогледа убаво тело на некој билборд и тоа му/ѝ ја разгори страста/мечтата/итн., а тоа се смета за емоциноално неверство, бидејќи сите компании ќе се обидат сексуално провокативната реклама да ја стават на јавно место (прост капитализам - тоа на долги патеки би им донело повеќе профит), сите ќе мора да ја видат. Со други зборови - сите се емоционално неверни, зашто имаат очи.
Сепак, се согласувам со ова: доколку сексот меѓу партнерите е добар, гледањето во други нема да предизвика никакво неверство, туку напротив - желба на оној што гледа својата напаленост да ја сподели со својот партнер. Со други зборови, ако некој некаде види нешто провокативно, неверство е ако таа напаленост ја искаже, т.е. реализира со некој/а друг/а, што му е при рака. Со трети зборови, ако тој/таа не може да се воздржи дури да се види со партнерот, ќе изневери.
Вака гледано, неверството е просто прекршување на договор („Ќе спијам само со тебе“). Според мене, бидејќи не може да се знае или контролира кој што мисли, важно е само кој што прави. Сигурен сум дека во текот на сите врски имало моменти кога партнерите меѓусебно не можеле да се поднесат, но градењата и рушењата на врски настануваат не поради мисли, туку поради дела (под „дела“ значи и зборови - ако некој каже нешто лошо, тоа е дело; ако само го помислил, не е дело).
Зошто некои луѓе имаат секс во кој глумат разни улоги? Скоро сум убеден дека тоа е за да си реализираат некои нивни фантазии. Затоа, сметам дека фантазиите на луѓето не треба да се ограничени. Делата, сепак, треба, зашто делата се тие што можат некого да повредат или усреќат.
Да резимирам: кој што мисли е невозможно да се открие и на крајот небитно. Битно е само кој што прави. Не постои емоционално неверство. Постои само неверство и тоа само како прекршување на договор.