Annabel
Неутрална*
- Член од
- 18 декември 2008
- Мислења
- 1.298
- Поени од реакции
- 183
Помина и долгонајавуваниот концерт на Елена конечно.За жал и покрај големиот маркетинг и делењето гратис Елена не успеа да ја наполни Метрополис Арена,салата беше полупразна а ако се земе во предвид и сцената која зафаќаше голем простор можеше да биде и попразна.Во секој случај концертот беше добар.До средината од концертот Елена навистина беше добра но потоа почна да се чуствува немањето на кондиција и како се ближеше крај звучеше се послабо и послабо а последните две песни ги отпеа страшно лошо со многу задишаност што е голем минус за еден пеач,инаку се прашувам да не беа гостите како ќе издржеше до крај.а кога сме кај гостите дуетот со Туна звучеше катастрофа никако не можеа да се усогласат во пеењето изгледаше како првпат у живот да се гледаат што исто беше голем минус.
Што се однесува до стајлингот белото фустанче во живо изгледаше супер али на тв изгледаше како да 7 месец трудна и не ми е јасно зошто постојано носи таков крој на фустани,а оние светкавите фустани делуваа некако кичесто.Се на се концертот како за прв беше добар,но во иднина треба уште многу да работи зашто навистина имаше многу недостатоци,а и контактот со публиката не и беше најсјаен,како и неколку бисери кои ги кажа.А и она со Бионсе не знам стварно што и требаше беше апсолутно не потребно.
На крај сепак се покажа дека не е така мега популарна како што сакаа да ја претстават или таа сама се правеше дека е а тоа се виде по бројот на публиката,искрено очекував многу повеќе посетеност али тоа е што е,доживеа да и Боки собере 4пати повеќе од неа,али за тоа треба да се запраша пред се нејзиниот менаџмент.
Добро е што А1 повеќе нема да не гушат со спектакуларниот концерт на Елена.
Богами фалааа Богу...а сеа гарант со снимката од концертот ќе не тупат до пролет :nesvest: и треба уште многу на Еленка али ај...ваљда со тек на време ќе се подобри