Зависи од тоа кој начин на учење ти е најлесен, маркетинг бара учење до реченица, а најмногу прашања има од стилот на Кои од следните се точни, дава доста прашања извадено од текст што нема да ти текне да ги научиш (незнам дали уште е така, пошто последнава година е доста расположена професорката
)) )Менаџмент мораш да учиш набројуванки и тоа на памет доста добро, затоа што во прашање може да ти даде три варијанти од еден одговор сменети за едно зборче, башка голем удел ќе има дали ќе ги знаеш кејсовите или не, а тие се сјебани. Финансиски менаџмент бара учење со разбирање и има доста формули и задачи, иако на испит дава малку задачи, ама за колоквиум да полагаш мораш да поседуваш редовно настава, да имаш активности и да носиш домашни. На испит е полесно, поглавните ствари ги дава, и башка во прашањата на тест има дадено колку одговори има прашањето(најчесто 1) така да не е толку страшно. Се зависи од тоа кој начин на учење ти е најлесен.
Да, предуслов е, затоа што неможеш да го учиш едниот без да го учиш другиот. Англиски 1 е во втора година, а Англиски 2 во трета, распоредени се, едниот во летен, а другиот во зимски семестар. Мислам дека кецот е во зимски семестар од втора год, а двојката во летен семестар трета година. Башка ако ги положиш двата со оценка над 8 добиваш сертификат за деловен англиски кога ќе дипломираш.