Економски факултет (reloaded)

Член од
25 август 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
Bas ubavo objasneto samo uste ako znaete od sto se uci skripta kniga ness i kolku str e ? fala odnapred pozz
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Колеги ај некој ако знае да ми каже по нешто за предметиве - Маркетинг политика на цени, Маркетинг на услужни дејности и Маркетинг на трговски претпријатија и кој е најлесен за да го земам како изборен? фала
Zemi go Marketing na trgovski pretprijatija ovie dr ne se bas lesni,makar so ja ne ti go preporacuvam ni ovoj,ja lani go polagav i go polozivme zosto imavme prasanja,a ne deka e lesen.Ako mozes najdi si drug izboren
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Колеги дај нека ми пише некој дали продава книга Деловно планирање,или можеби познава некој таков.фала
 
Член од
7 јануари 2011
Мислења
34
Поени од реакции
1
Да не знае некој што е разликата помегу СТАТИСТИКА кај драган или славе и кај калина(за е-бизнис)...различни се колоквиумите или..некој викаат дека калина давала потешки колоквиуми а некој обратно.Има некој што знае? и дали ако си кај калина наместо кај неа може ли да се иде кај драган затоа што поубаво објаснува...дали има некоја разлика во предавањата? случајно калина да не кажува нешто плус...и уште нешто :) од која книга треба да се учи кај калина од статистиката од славе ристески , од нејзината(статистичка анализа) или од двете?.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Internet marketing - moze nekoj da kaze sho se deshava ako ne idesh na vezbi ? Si plakash potpis ili ne mozesh da polozish ?
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Да не знае некој што е разликата помегу СТАТИСТИКА кај драган или славе и кај калина(за е-бизнис)...различни се колоквиумите или..некој викаат дека калина давала потешки колоквиуми а некој обратно.Има некој што знае? и дали ако си кај калина наместо кај неа може ли да се иде кај драган затоа што поубаво објаснува...дали има некоја разлика во предавањата? случајно калина да не кажува нешто плус...и уште нешто :) од која книга треба да се учи кај калина од статистиката од славе ристески , од нејзината(статистичка анализа) или од двете?.
Тешко дека можеш да одиш кај Драган, зошто само е - бизнис си имате посебно кај Калина и за нијанса учите нешто поразлично. Башка на предавања и вежби ќе ве гледа она и веројатно ќе ве запамти горе доле, а имате после и други предмети кај неа. Мислам дека се учи од двете книги, ама тоа може да ти каже некој што е на е - бизнис.

Internet marketing - moze nekoj da kaze sho se deshava ako ne idesh na vezbi ? Si plakash potpis ili ne mozesh da polozish ?
Интернет маркетинг мора да одиш на вежби, затоа што 30 поени од вкупната оцена ти се од вежби, а и мора да го направиш проектот. Без него не можеш да положиш. Ако паднеш на колоквиум си полагаш испит, ама ова мора да го поминеш.

Колеги ај некој ако знае да ми каже по нешто за предметиве - Маркетинг политика на цени, Маркетинг на услужни дејности и Маркетинг на трговски претпријатија и кој е најлесен за да го земам како изборен? фала
Маркетинг на трговски го предавМитре, интересен е на предаваља, инаку човекот не се замара ни 5% за ништо, колоквиумите ги прават асистентките сигурно. Пушта списоци од време на време и дава вкупно 20 поена од присуство, можеш и стручен труд со презентација за уште 20 поени, и 60 од колоквиумите.

Книгата е голема околу 500 и кусур страни, на тест дава 90% набројуванки, а прашањата се вртат од минатите години. Не е којзнае колку тежок, ама сепак е заморен, иако веројатно и другите 2 ти се слични.
 
INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Купувам книга Логистика, од лани, цена по договор. :)
 
Член од
13 март 2010
Мислења
56
Поени од реакции
8
Kaj mozam da najdam materijal sto paga na kolokvium? Mislam na skraten materijal po ekonomika. Dali ima vo Mavrovka?
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.217
Поени од реакции
941
Колеги ај некој ако знае да ми каже по нешто за предметиве - Маркетинг политика на цени, Маркетинг на услужни дејности и Маркетинг на трговски претпријатија и кој е најлесен за да го земам како изборен? фала
Маркетинг на услужни дејности е најтежок од овие 3 што ги наброи, макар што нормално не е на ниво со предмети од типот на основи на маркетинг/менаџмент, математика и сл. Го предава Снежана (истата од основи на маркетинг, однесување на потрошувачи), предметот е интересен ама бара и учење. Инаку професорката тие што се активни на час или имале топ презентација ги ослободува од полагање колоквиум а и често знае да даде 5 бода гратис, ако е на арните.

Маркетинг политика на цени го предава Олга, по овој предмет нема учебник туку таа диктира, има и задачи ама предметот е полесен, дава домашни и секој понеделник ќе правите едни тестчиња што на крај нема да ви ги зема во обзир туку тие служеле “за да не изгубите од континуитет при учење“. Многумина мислеа дека со нив ќе имаат оценка плус ама се излажаа. Јас го положив на колоквиум и тоа само од прашања од претходна година, така да моја препорака ти е овој предмет. Маркетинг на трговски претпријатија не сум го имал ама од други колеги сум слушнал дека бил многу лесен, само што во овој случај од предавања нема ништо да разбереш затоа што Митре си прераскажува дешавки од годишни одмори и впечатоци од прошетки по супермаркети и фабрики за производство на прехранбени производи, место да го предава материјалот.
 
Член од
12 ноември 2009
Мислења
122
Поени од реакции
0
Aj nekoj neka kaze koj e najtezok od Megunarodna Ekonomija, Menadzment na mal biznis i Menadzment na covecki resursi? na koj treba da obrnime poveke vnimanie, kako da gi ucime ? i koj od ovie ima kejs??
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
76

Менаџмент на мал бизнис ти е кај Шуклев, така да не е лесен, на истиот принцип се прашањата како Основи на менаџмент, со тоа што е помалку материјал па полесно се поминува.
Меѓународна економија мене не ми беше нешто тешко, иако знам доста луѓе што заглавија на овој предмет. Колоквиумот е со прашања со раскажување, меѓутоа лично сметам дека не оценува премногу строго. Не бара присуство на часови, али многу добро предава така да ќе ти биде од корист да идеш на предавања.
Менаџмент на човечки ресурси е многу лесен предмет, има кејсови али не се воопшто тешки, одма се гледа кој е одговорот, така да не е страшно. Иди на вежби за плус поени, на крај дава и анкета да се однесе во претпријатие и тоа носи поени...така да не е тешко да се извади добра оценка.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
288
Поени од реакции
31
Колеги ај некој ако знае да ми каже по нешто за предметиве - Маркетинг политика на цени, Маркетинг на услужни дејности и Маркетинг на трговски претпријатија и кој е најлесен за да го земам како изборен? фала
Маркетинг на услужни е 300 странички. Ако се сеќаваш нешто од Основи на маркетинг ќе ти биде од голема помош, има набројуванки и дефиниции во нормална мера и тие ги дава на тестови. Чат пат по некое финта прашање. Го глобала лесен материјал со средно тежок тест. За другите два не знам. Гледам сите различно ти кажавме, ти види што ќе избереш..
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
26
Поени од реакции
1
Продавам книга Статистика како нова, нема точка шкртнато во неа. Цена 800 ден
 
Член од
13 март 2010
Мислења
56
Поени од реакции
8
I toj skraten materijal e dovolen za na kolokvium ili treba i od ucebnik da se vidi?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom